ЛМС - Кочани

ЛМС - Кочани Локален младински совет ЛМС - Кочани

Утре 17.05. ве очекуваме на добра атмосфера и разговор со глумецот Игор Ангелов. 🍿✨
16/05/2026

Утре 17.05. ве очекуваме на добра атмосфера и разговор со глумецот Игор Ангелов. 🍿✨

Во рамки на „Филм под отворено небо“, публиката оваа година ќе има можност не само да ги гледа филмовите, туку и да запо...
14/05/2026

Во рамки на „Филм под отворено небо“, публиката оваа година ќе има можност не само да ги гледа филмовите, туку и да запознае дел од уметниците зад нив.

На настанот ќе ни се придружат:
🎥 Гоце Цветановски — режисер на првиот долгометражен македонски анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“
🎭 Игор Ангелов — актер и главен лик во култната комедија „Година на мајмунот“

Со нив ќе разговараме за процесот на создавање филм, сцените зад камера, интересни моменти од снимањата и македонската филмска сцена, а публиката ќе има можност и директно да поставува прашања и да биде дел од разговорот.

Ова е ретка можност македонскиот филм да се доживее не само на платното — туку и преку луѓето што го создаваат.

Се гледаме под ѕвездите — на филм, разговор и добра атмосфера. ✨

Во продолжение следува програмата за „Филм под отворено небо“ — тридневен филмски настан што ќе се одржи од 15 до 17 мај...
14/05/2026

Во продолжение следува програмата за „Филм под отворено небо“ — тридневен филмски настан што ќе се одржи од 15 до 17 мај кај Споменикот на слободата во Кочани.

Публиката ќе има можност бесплатно да проследи селекција од македонски филмови од различни жанрови, наменети за различни генерации и публика.

Настанот е организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка од Европска Унија, со цел поттикнување на културни настани, младинско учество и поголема достапност на македонската кинематографија до локалната заедница.

📍 Споменик на слободата – Кочани
📅 15–17 мај
🎟 Влезот е слободен

Во продолжение погледнете ја програмата по денови.

Кочани под ѕвездите: Три вечери посветени на македонскиот филмОд 15 до 17 мај, Споменикот на слободата во Кочани ќе се п...
12/05/2026

Кочани под ѕвездите: Три вечери посветени на македонскиот филм

Од 15 до 17 мај, Споменикот на слободата во Кочани ќе се претвори во кино под отворено небо, каде публиката бесплатно ќе може да проследи пет македонски филмови во рамки на настанот „Филм под отворено небо“.

Настанот е организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка од Европската Унија, со цел збогатување на културниот живот во градот и создавање простор за заеднички филмски доживувања за сите генерации.

Организаторите ги покануваат сите љубители на филмот и добрата атмосфера да бидат дел од ова уникатно филмско доживување под ѕвездите.

📍 Споменик на слободата – Кочани
📅 15–17 мај
🎟 Влезот е слободен

Понекогаш најдобрите приказни не се случуваат на сцена, туку меѓу луѓето што се собираат околу неа.На 9 и 10 мај, Обои г...
07/05/2026

Понекогаш најдобрите приказни не се случуваат на сцена, туку меѓу луѓето што се собираат околу неа.
На 9 и 10 мај, Обои го Кочани ќе го претвори градот во простор за креативност, дружба и нова енергија. Во Големи Скали, Трговски Центар и Пучо, во текот на целиот ден, ќе има содржини што го бојат градот со идеи, уметност и заедништво.
Со Аспарух Михаилов и сите што сакаат да бидат дел од нешто поинакво, овие два дена се повод да излеземе, да се сретнеме и заедно да му дадеме нови бои на Кочани.
Овој проект е поддржан од Европската Унија, со цел да се поттикне локалната креативност, заедништво и активно учество на заедницата во културни иницијативи.
Се гледаме таму — затоа што градот е најубав кога сите оставаме свој белег 🎨✨

05/08/2025

Од 11 до 23 август во Кочани и околината ќе се случуваат разновидни активности за млади, креирани според нивните потреби.

Ги прашавме младите од Кочани, Чешиново-Облешево, Штип, Виница и Пробиштип како се чувствуваат во последниот период и кои се нивните потреби. Внимателно ги слушнавме 289те млади кои одговорија на прашалникот и се обидовме да понудиме програма по нивна мерка.

Така настана летната програма за млади „ЛЕТО ВО ДРУШТВО“, која ја креираше тимот на ЦПКА-Малинска, во соработка со професионалци кои понудија спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници и активности. Заедно со соработниците и волонтерите од Кочани, со голема посветеност и љубов креираме за младите од Кочани и регионот.

Домаќини на програмата се Локалниот младински совет ЛМС - Кочани и Општина Кочани, во соработка со Support Kocani.

На крајот од програмата ќе се одржи изложба на која младите ќе ги споделат своите дела со јавноста.

✅ℹ️Следете нѐ за повеќе информации за пријавување и распоред на активностите, како и за по некое изненадување надвор од програмата.

Дизајн на постерот: Ind Og

05/08/2025

Од 11 до 23 август во Кочани и околината ќе се случуваат разновидни активности за млади, креирани според нивните потреби.

CPCA - Malinska ги праша младите од Кочани, Чешиново-Облешево, Штип, Виница и Пробиштип како се чувствуваат во последниот период и кои се нивните потреби. Внимателно се слушнати 289-те млади кои одговорија на прашалникот и е понудена програма по нивна мерка.

Така настана летната програма за млади „ЛЕТО ВО ДРУШТВО“ што ја креираше тимот на ЦПКА-Малинска, во соработка со професионалци кои понудија спортски, уметнички, едукативни и психолошки работилници и активности. Заедно со соработниците и волонтерите од Кочани, со голема посветеност и љубов креираме за младите од Кочани и регионот.

Домаќини на програмата се Локалниот младински совет ЛМС - Кочани и Општина Кочани.

На крајот од програмата ќе се одржи изложба на која младите ќе ги споделат своите дела со јавноста.

Следете нѐ за повеќе информации за пријавување и распоред на активностите, како и за по некое изненадување надвор од програмата.

Дизајн на постерот: Ind Og

Денес во Крива Паланка се одржа средба помеѓу локалниот младински совет на Крива Паланка и претставници од локалниот мла...
01/07/2025

Денес во Крива Паланка се одржа средба помеѓу локалниот младински совет на Крива Паланка и претставници од локалниот младински совет Кочани. Целта на средбата беше зајакнување на меѓусебната комуникација, размена на идеи и поставување темели за идна соработка.

Продолжуваме заедно – со идеи, ентузијазам и младинска енергија!
Продолжуваме со мотото - од млади за млади! 😎

18/06/2025
🇸🇪❤️🇲🇰
17/06/2025

🇸🇪❤️🇲🇰

09/05/2025

Address

Маршал Тито
Kocani
2300

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЛМС - Кочани posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share