07/10/2026
🍃 Erasmus+ GANDALF – Активност #5 🌱♻️
📍 Осиек, Хрватска 🇭🇷
📅 2 – 8 Октомври 2026
Шест претставници од нашата организација – 2 лидери и 4 млади ученици – успешно учествуваа во уште една инспиративна активност во рамки на проектот GANDALF.
Во текот на оваа седумдневна активност имавме можност да учиме, споделуваме искуства и да развиваме нови знаења и вештини поврзани со зелената едукација, одржливиот начин на живот и активното учество на младите. 🌍🌱
Посебен фокус беше ставен на:
🌱 развивање на зелени и одржливи навики;
♻️ подигнување на еколошката свест кај младите;
🌍 одговорно користење и зачувување на природните ресурси;
🤝 поттикнување на меѓукултурна соработка и размена на идеи;
💡 охрабрување на младите да бидат активни носители на позитивни промени во своите заедници.
Заедно со нашите партнери од различни европски земји, продолживме да учиме, да создаваме нови пријателства и партнерства и да споделуваме идеи за позелена, поодржлива и подобра иднина. 💚🌱
Голема благодарност до сите учесници и партнери за прекрасната енергија, соработката и незаборавните моменти во Осиек! 🇭🇷🤝🇪🇺
Sustainability