Невроразлични

Невроразлични "Невроразлични" - Здружение на деца и млади со посебни потреби и нивните родители - Битола

„Заедно за нашите деца!“​Почитувани,Ви соопштуваме дека нашето здружение „НЕВРОРАЗЛИЧНИ Битола“ заедно со уште три други...
21/06/2026

„Заедно за нашите деца!“

​Почитувани,
Ви соопштуваме дека нашето здружение „НЕВРОРАЗЛИЧНИ Битола“ заедно со уште три други битолски здруженија на лица со посебни потреби, беа почесни учесници на настанот „CAR SHOW BITOLA“.
​Целта на овој настан беше подигање на свеста и поддршка за децата со невроразличност, кадњ посебен акцент беше ставен на децата и лицата со физичка попреченост и како тие секојдневно се снаоѓаат низ улиците на нашиот град, односно поентирањето на инклузивност и пристапност во нашата заедница.
​Нашиот тим активно учествуваше со активности под мотото „ИСКУСИ ПОВЕЌЕ. РАЗБЕРИ ПОВЕЌЕ.“, каде што посетителите имаа можност да ја пробаат „Патеката во количка“. Оваа интерактива им овозможи да се соочат со предизвиците со кои се среќаваат лицата со физичка попреченост и подобро да ги разберат секојдневните пречки.
​Среќни сме што бевме дел од оваа иницијатива, покажувајќи дека секое мало внимание создава голема промена и не' води кон поинклузивна заедница за сите.
​Благодариме на Car Club Bitola за организацијата и сите што не' поддржаа!

Благодариме прекрасни луѓе
18/06/2026

Благодариме прекрасни луѓе

17/06/2026
16/06/2026

За сите атипични/невроразлични дечиња:

Мило мое дете,

Не знам дали некогаш целосно ќе можам да ти објаснам колку многу ми значиш.
Од денот кога те земав во раце, мојот свет се промени. Не затоа што беше совршен, туку затоа што ти беше мој.
Нашиот пат не беше оној што го замислував. Имаше денови полни со прашања, стравови и неизвесност. Денови кога се прашував дали правам доволно за тебе. Дали доволно те штитам. Дали доволно те разбирам.
Но ти ме научи дека љубовта не е во совршенството.
Ти ме научи да славам работи што другите можеби никогаш нема да ги забележат. Еден нов збор. Еден поглед во очи. Една прегратка. Еден мал чекор напред.
За светот можеби се мали нешта.
За мене се чуда.
Сакам да знаеш дека никогаш не мора да бидеш како другите за да бидам горда на тебе.
Не мора да се менуваш за да заслужиш љубов.
Не мора да докажуваш ништо.
Доволно си.
Токму ваков каков што си.
Кога ќе ти биде тешко, јас ќе бидам тука.
Кога нема да можеш да ги најдеш зборовите, јас ќе се обидам да те разберам и без нив.
Кога светот ќе ти изгледа пребучен, преголем или премногу тежок, ќе ти ја подадам раката.
И ќе одиме заедно.
Можеби понекогаш јас ќе те водам.
Можеби еден ден ти ќе ме водиш мене.
Но никогаш нема да бидеш сам.
А ако некогаш се запрашаш што гледам кога ќе те погледнам...
Не ја гледам твојата дијагноза.
Не ги гледам твоите тешкотии.
Не ги гледам твоите ограничувања.
Го гледам моето дете.
Моето срце.
Мојата најголема љубов.
И секој ден сум благодарна што токму ти ме избра да бидам твоја мама.

Со бескрајна љубов, мама.

Уште само неколку дена до убава дружба и настан на кој битолчани ќе имаат можност да се забавуваат, дружат и шират позит...
15/06/2026

Уште само неколку дена до убава дружба и настан на кој битолчани ќе имаат можност да се забавуваат, дружат и шират позитивна енергија
Им благодариме на Car Club Bitola за поканата на сите битолски здруженија на лица со невроразличност.

Ве очекуваме!

08/06/2026

Повелете на дружба!!!
Настан на кој сите заедно ќе се дружиме, забавуваме и шириме позитивна енергија!
Добредојде лето!
Ви Благодариме Car Club Bitola за организацијата

Почитувани,Во четвртокот, на 28.05.2026 се одржа хуманитарниот концерт "Ноти со мисија" организиран од членовите на наше...
31/05/2026

Почитувани,

Во четвртокот, на 28.05.2026 се одржа хуманитарниот концерт "Ноти со мисија" организиран од членовите на нашето здружение "Невроразлични", а со поддршка и изведен од нашата битолска гордост Оркестар DIVA - Orchestra DIVA. Од срце им благодариме на Владимир Димовски и сите музичари и пратечки вокали, како и пеачите Јасна, Наде, Ирена, Александра, Наталија и Алексеј.
Сите вие прекрасни луѓе направивте едно големо хумано дело, нешто што ќе остави трага, а ќе биде од голема помош за децата од спектарот - градењето на инклузивната соба.
Благодарност до Центарот за Култура и директорот Сашо Илковски, кој покажа големо човечко разбирање и ни отстапи бесплатен простор за да се одржи концертот.
Благодарност и до техничката поддршка, Stage Syndicate и svetlo.com.mk, без кои исто така не би бил можен концертот.
Благодарност до Фондацијата Др. Верица Маханџиска, кои се постојани поддржувачи Невроразлични и кои се константен показател и модел за тоа како треба да постапува системот со децата од спектарот. Инклузивните соби се само еден од моментите кои оваа фондација ги поддржува.
Благодарност до вработените на Климент Охридски Битола кои препознаа една ваква благородна идеја.
Благодарност до сите гости и пријатели на Невроразлични, заедно со вас ние менуваме!
И за крај, благодариме на Ivona Kočov, која со своите фотографии направи оваа вечер да остави трага.

Ви благодариме,
од срце
тимот на Невроразлични

28/05/2026

Инклузивна соба - место каде детето ќе се смири во момент на прегорување, ќе се освежи или ќе ги наполни батериите, па со полн капацитет ќе се врати да слуша настава. Простор кој ќе биде сигурно катче во моменти на сензорна преоптовареност.
Благодариме на поддршката!

Со огромна благодарност и почит сакаме јавно да ја истакнеме поддршката од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, која ќе ...
27/05/2026

Со огромна благодарност и почит сакаме јавно да ја истакнеме поддршката од Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“, која ќе донира 60.000 денари за помош во опремувањето на инклузивната соба во ООУ „Климент Охридски“ – Битола.
Овој гест не е само донација — ова е порака дека заедно можеме да создадеме подобри услови за децата со посебни потреби, за нивниот развој, мир, учење и прифаќање.
Во време кога хуманоста најмногу се чувствува преку дела, Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ покажа вистинска општествена одговорност и човечност. Благодарни сме што препознаа колку е важна оваа мисија и што станаа дел од неа.
Се надеваме дека овој прекрасен пример ќе поттикне и други компании, стопанственици и хумани луѓе да се вклучат и да помогнат. Заедно можеме да создадеме простор каде секое дете ќе се чувствува безбедно, прифатено и вредно.
„Ноти со мисија“ продолжува — затоа што музиката обединува, а хуманоста остава трага.. Купете карта - подарете надеж!

Address

Bitola

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Невроразлични posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Невроразлични:

Share