03/09/2026
ПРОТАГОНИСТИТЕ НА ТЕРА МАДРЕ 2026: КОЈ ЈА КОНТРОЛИРА НАШАТА ХРАНА И КАКВА И Е ИДНИНАТА?
👨💻На Terra Madre 2026 во Торино, протагонисти нема да се само готвачите и производителите. Во конференциската програма ќе се сретнат говорници од различни земји и со различни искуства, ама со заедничка задача: да постават прашања за храната кои одамна го надминуваат вкусот и гастрономијата.
↗️Патем, Тера Мадре секогаш ги носи водечките светски мислители на тема- храна од различни аспекти: Раџ Пател, истражувач и професор по јавни политики, Алис Вотерс, готвачка, авторка и активистка, бивша потпретседателка на Слоу Фуд Интернационал, Сатиш Кумар, еколошки мислител и активист, Ерик Шлосер, новинар и автор, Џесика Данкан, социолог и експерт за трансформација на системите на храна, Хелен Скејлс, морски биолог и автор, Еди Мукииби, претседател на Слоу Фуд Интернационал....
🌳Едно од прашањата, најверојатно е најосновното: како да престанеме да се однесуваме како „господари на природата“ и повторно да воспоставиме однос со Земјата како жив систем од кој зависиме?
🔆Храната не почнува од кујната, туку во почвата, водата, семето..., во биодиверзитетот.
На Тера Мадре ќе се зборува и за силите што не ги гледаме кога седнуваме на маса, а ни го креираат животот: политика, пазарите и нееднаквостите што го обликуваат глобалниот прехранбен систем.
👩🌾 Кој одлучува што ќе се произведува? Кои производи ќе стигнат до потрошувачите?
И, кој има најголема моќ врз земјата, ресурсите и храната?
🧩Интересен поглед носи и темата поврзана со "рецептот".
Внимавајте: рецепт не е само список на состојки, туку пренос на знаење меѓу генерации, начин како да се сочува културата, да се развие свеста за природата и луѓето повторно да се соберат околу заедничка маса.
🌎Но, токму спротивниот процес – изедначувањето на вкусовите – е еден од предупредувачките знаци. Кога на различни места во светот почнуваме да јадеме сè послична храна, зад тоа се крие нешто многу поголемо: исчезнување на сорти, локални производи, земјоделски практики и знаења.
Унифицираниот вкус е само последната алка од синџирот што ја осиромашува биолошката разновидност.
🌊Посебно место ќе имаат и океаните. Наместо да се гледаат само како капитал од кој може постојано да се зема, ќе се постави прашањето како да ги третираме како екосистем кој мора да се заштити. Ова прашање е особено важно за иднината на рибарството, крајбрежните заедници и храната што доаѓа од морето.
🫂А можеби најтешката тема е онаа за гладот и конфликтите.
Двете појави се длабоко поврзани и можат да создадат маѓепсан круг: конфликтите ја загрозуваат храната, а гладта и нееднаквоста можат дополнително да ги продлабочат конфликтите.
📍На Тера Мадре ќе се разговара за правото на храна, грижата за земјата и правичноста како основа на заедничките политики.
📝Сите овие теми ја објаснуваат и пораката на годинешното издание: „Биодиверзитет – биди разновидност“.
Значи, не станува збор да зачуваме што повеќе видови растенија и животни, туку за свет во кој ќе има место за различни култури, различни знаења, различни начини на производство и различни заедници.
🥖Токму затоа протагонистите на Тера Мадре 2026 ќе зборуваат за храната, односно за моќта, природата, мирот, климатските промени и начинот на кој сакаме да живееме.
‼️А во центарот на сето тоа останува едно едноставно прашање:
Ако утре сакаме разновидна храна, дали сме подготвени денес да ја зачуваме разновидноста на светот што ја создава?
Slow Food Events
#ТераМадре #протагонисти
#прашањазахрана
#стопзаунифицираност