09/06/2026
⭐ Шеесетгодишниот јубилеј на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп е своевидно дејствување и Театар без молк, што стреми кон свет без рамнодушност.
Годинешното јубилејно издание го истакнува театарското наследство, ја портретира уметноста на сегашноста и го поттикнува создавањето, за иднина што ќе направи нов свет, нов театар. 🎭
🪄 Трите изложби се шеесет години театарска меморија, на градот што е почеток на театарската уметност, и фокус на еден од најзначајните драмски автори, Дејан Дуковски, воедно еден од најизведуваните на театарската сцена во Европа.