27/03/2026
⚖️ Правниот факултет – Кичево коорганизатор на тркалезна маса на тема – „Право во дигиталната ера“
📚 Во рамки на иницијативата и академската мрежа „Право во дигиталната ера“ Правен факултет - Кичево, Универзитет "Св. Климент Охридски" - Битола, ќе биде коорганизатор на истоимена тркалезна маса. Настанот се организира на Универзитетот во Пловдив како продолжение и практична имплементација на иницијативата, со учество на истражувачки тимови од правните факултети на партнерските универзитети: Универзитетот во Катанија и Универзитетот во Пловдив.
🤝 Минатата година, овие универзитети склучија Меморандум за создавање на академската мрежа „Право во дигиталната ера“ што опфаќа различни области на соработка, вклучувајќи истражување, настава и развој на заеднички магистерски програми.
💬 Во таа насока, тркалезната маса има за цел да овозможи размена на искуства и идеи, а се очекува да учествуваат и заинтересирани правници и научници од други универзитети и земји, кои ќе придонесат со своите дискусии за различни перспективи на темата.
📅 Настанот е планиран да се одржи на 4 јуни 2026 година во Пловдив, Република Бугарија.