04/02/2026
🇪🇺✨ Центарот за развој на Вардарски плански регион на вториот интеррегионален состанок на проектот Eum Power во Клуж-Напока
Од 27 до 29 јануари 2026 година, Центарот за развој на Вардарски плански регион со двајца претставници учествуваше на вториот интеррегионален состанок на европскиот проект EUM POWER (EU Migrants Promoting Openness with Equal Rights), кофинансиран преку програмата Interreg Europe, кој се одржа во Клуж-Напока, Романија.
Настанот, координиран од Primăria Cluj-Napoca Градот Клуж-Напока, ги обедини проектните партнери, претставници на јавните институции, академската заедница и работодавачите од повеќе европски земји 🤝 со цел размена на искуства и добри практики за правична интеграција на граѓаните на ЕУ на пазарот на трудот, како и за поддршка на повратната миграција.
📍 Програмата започна во вторник со заедничка вечера и можност за неформално вмрежување.
📅 Во среда, фокусот беше ставен на претставување на Клуж-Напока како автентичен европски град на патот кон поправеден пазар на труд. Свеченото отворање се одржа во Градското собрание на Primăria Cluj-Napoca Клуж-Напока, каде што на тркалезна маса се обратија истакнати претставници, меѓу кои:
• Dan Tarcea, заменик-градоначалник на Клуж-Напока
• Emilia-Alina Botezan, раководител на Одделот за меѓународни односи и странски инвестиции
• Wouter Reijers, почесен конзул на Кралството Холандија во Клуж-Напока
• Sam van Damme, заменик-раководител на Политичкиот оддел при Амбасадата на Холандија во Букурешт
• Lia Valendorfean, менаџер на Europe Direct, Клуж-Напока
• Francesco Zachetti, национален-менаџер на Adecco Романија
Според заменик-градоначалникот Dan Tarcea, учеството во европски проекти значи конкретни решенија и подготовка за иднината на пазарот на трудот.
Програмата продолжи со посета на Универзитетот Universitatea Babeş-Bolyai, Факултет за европски студии, каде што се одржаа експертски дискусии за улогата на истражувањата, образованието и политиките засновани на докази во поддршката на интеграцијата на мигрантите. Попладневните сесии беа посветени на проектна работа.
📅 Во четврток се одржа Community of Practice сесија со проектните партнери, каде што се дискутираа идеи и добри практики за интеграција на работната сила во ЕУ 🤝.
🏭 Дел од агендата беа и студиски посети на Bosch Engineering Centre и ABC Incubator, каде учесниците имаа можност да се запознаат со конкретни примери за тоа како работодавачите и иновациските екосистеми придонесуваат кон привлекување, задржување и интеграција на мобилни работници од ЕУ 🚀💡.
🤝 Центарот за развој на Вардарски плански регион, како проектен партнер, активно придонесува во процесот на размена на знаења и добри практики со партнерите од
Романија - Primăria Cluj-Napoca
Холандија - De Haagse Hogeschool Gemeente Den Haag,
Белгија - Stad Ninove,
Шпанија - Ajuntament de Guissona,
Финска - Järvi-Pohjanmaan Yrityspalvelu Oy,
Грција - Περιφέρεια Πελοποννήσου - Region of Peloponnese и
Унгарија - Pannon Business Network.
🔄 Проектните активности продолжуваат и во наредниот период, со фокус на унапредување на регионалните политики и практики поврзани со мобилноста на работната сила и интеграцијата на мигрантите.
🇪🇺