Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Велес

  • Home
  • Macedonia
  • Veles
  • Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Велес

Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Велес Macedonian Red Cross local branch of Veles

ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН И оваа година ООЦК Велес традиционално обезбеди логистичка поддршка на градската трка „Трчаме за Рацин“....
31/05/2026

ТРЧАМЕ ЗА РАЦИН

И оваа година ООЦК Велес традиционално обезбеди логистичка поддршка на градската трка „Трчаме за Рацин“.

Во организацијата беа вклучени 21 волонтер од Клубот на млади, кои со својот ангажман придонесоа за успешно реализирање на настанот.

Благодарност до сите волонтери за нивната посветеност и поддршка. ❤️

🩸 ДАРУВАЈ КРВ – СПАСИ ЖИВОТ! 🩸📍 Локација: Ликовен салон – Велес📅 Датум: 07 јуни (недела)🕘 Време: 09:00 - 15:00 часотПо п...
28/05/2026

🩸 ДАРУВАЈ КРВ – СПАСИ ЖИВОТ! 🩸

📍 Локација: Ликовен салон – Велес
📅 Датум: 07 јуни (недела)
🕘 Време: 09:00 - 15:00 часот

По повод манифестацијата „63 Рацинови средби“, ве покануваме да бидете дел од крводарителската акција.

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ООЦК ВЕЛЕС ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТАПо повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, Општинската орга...
21/05/2026

БЛАГОДАРНИЦА ЗА ООЦК ВЕЛЕС ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОЛИЦИЈАТА

По повод 7 Мај – Денот на македонската полиција, Општинската организација на Црвен крст Велес доби благодарница од Секторот за внатрешни работи Велес, како признание за успешната соработка, поддршката и придонесот во реализацијата и развојот на активностите на СВР Велес.

Ова признание претставува потврда за долгогодишната посветеност, заедничката соработка и взаемната поддршка помеѓу двете институции, кои континуирано работат во интерес на граѓаните и локалната заедница.

ООЦК Велес изразува искрена благодарност до СВР Велес за укажаната чест и признание, со надеж дека и во иднина ќе продолжи успешната соработка во насока на хуманост, безбедност и грижа за заедницата.

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА ЦРВЕН КРСТ ВЕЛЕС.ДР. КЕВИЦА ШОПОВА КЛИФОВА ДОБИ ВТОР МАНДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛВо просто...
20/05/2026

КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕ НА ЦРВЕН КРСТ ВЕЛЕС.
ДР. КЕВИЦА ШОПОВА КЛИФОВА ДОБИ ВТОР МАНДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

Во просториите на Општинската организација на Црвен крст од Велес на 20. 05.2026 се одржа Изборно конститутивна седница на Собранието за мандатен период 2026-2030.

На седницата се верификува мандатите на 21 делегат. Од нив присутни беа 17. Тие ја изгласаа Др. Кевица Шопова Клифова за Претседател на Општинската организација по втор пат. Втор мандат доби и Потпретседателот Зоран Ѓорѓиев.

На седницата се избраа и претставници во Раководниот одбор и на Финасиската комисија.

Генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Др. Саит Саити присуствуваше на седницата заедно со претставници од Централната канцеларија на Црвен крст.

Голема благодарност од име на Општинската организација на Црвен крст за поддршката која ја добивме.

ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРВА ПОМОШ НА МОТО СОБИРЕден тим од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и годинава беше дел од М...
17/05/2026

ЕДУКАЦИЈА ЗА ПРВА ПОМОШ НА МОТО СОБИР

Еден тим од Црвен крст на РСМ Општинска организација Велес и годинава беше дел од Мото собирот на Езеро Младост каде се изведоа показна вежби за прва помош. Целта е да се презентира првата помош во ситуации кои се најчести за управувчите на мотори.

Активноста се реализира на покана на Мото клубот Носачи на крстот кои се организатори на настанот.

Првата помош останува фокус на Општинската организација на Црвен крст од Велес како живото спасувчка вештина која треба да ја знаат сите граѓани.

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРКВАТА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“Успешно реализирана првата крводарителска акција во организација н...
17/05/2026

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЦРКВАТА „СВ. КИРИЛ И МЕТОДИЈ“

Успешно реализирана првата крводарителска акција во организација на Повардарската епархија, која се одржа во црквата „Св. Кирил и Методиј“.
На акцијата беа собрани вкупно 50 крвни единици, а сите дарители со своето хумано дело придонесоа за спасување на човечки животи.

Акцијата е заеднички реализирана со Повардарската епархија и Институтот за трансфузиона медицина од Скопје.

Во реализацијата учество земаа 6 волонтери од Црвен крст.

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШОпштинската организација на Црвен крст од Кисела вода денеска беше домаќин на Вториот ...
17/05/2026

РЕГИОНАЛЕН НАТПРЕВАР ПО ПРВА ПОМОШ

Општинската организација на Црвен крст од Кисела вода денеска беше домаќин на Вториот регионален натпревар по прва помош

Екипата која ја претставуваше Општинска организација на Црвен крст од Велес го освои седмото место во конкуренција на 15 екипи. Тие покажаа добро познавање на првата помош и заслужено беа во првата половина од рангирањето.

Екипата на Општинската организација на Црвен крст од Велес ја сочинуваат ученици од ССОУ Димитрија Чуповски кои победија на Општинскиот натпревар.

14/05/2026

КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ПОВАРДАРСКА ЕПАРХИЈА
📅 17.05.2026
📍 Локација: Црква „Св. Кирил и Методиј“
⏰ Време: 09:00 – 14:00
❤️ Биди хуман, дарувај крв, спаси нечиј живот!

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИЗБОРНА ПРОГРАМА Денес во просториите на ООЦК Велес , д-р Кевица Шопова Клифова ја промовираше својата п...
13/05/2026

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ИЗБОРНА ПРОГРАМА

Денес во просториите на ООЦК Велес , д-р Кевица Шопова Клифова ја промовираше својата програма и кандидатура за претседател на организацијата за периодот 2026–2030 година.
Во своето обраќање, таа ги претстави визијата, приоритетите и идните активности насочени кон понатамошен развој на организацијата, јакнење на волонтерството и унапредување на хуманитарната работа во заедницата.

На промоцијата присуствуваа членови, волонтери, соработници и поддржувачи на организацијата, кои со своето присуство дадоа поддршка на идните заложби и развојот на Црвениот крст во Велес. ❤️

ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА ИДЕЈА НА БРАЈОВО ПИСМОВо рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, де...
12/05/2026

ПРИКАЗНА ЗА ЕДНА ИДЕЈА НА БРАЈОВО ПИСМО

Во рамки на програмата „Црвен крст во акција – Промоција на хумани вредности“, денес во просториите на Локална библиотека „Гоце Делчев“ – Велес се одржа промоција на брошурата „Приказна за една идеја“, изработена на Брајово писмо од страна на една од групите младинци вклучени во програмата.

Брошурата ја раскажува приказната за основањето на Црвениот крст, за хуманата идеја од која произлегло движењето, како и за значењето на солидарноста, хуманоста и помошта кон луѓето на кои им е најпотребна. Со нејзината изработка на Брајово писмо, младите овозможија оваа важна приказна да биде достапна и за лицата со оштетен вид, испраќајќи силна порака за еднаквост и инклузија.

На настанот свое обраќање имаа секретарот на Црвен крст Велес, Орце Николов, Тони Пајдаков од Здружението на слепи и дисеминаторот Матеја Матева, кои ја истакнаа важноста од ваквите младински иницијативи и придонесот на младите во градење похумано и подостапно општество за сите.

На промоцијата присуствуваа и претставници од раководството на Црвен крст Велес и Здружението на слепи, кои дадоа поддршка на младите и нивната хумана и креативна иницијатива.

Црвен крст Велес продолжува да ги поттикнува младите преку креативни и хумани активности да бидат двигатели на позитивни промени во заедницата.

Address

Veles
1400

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

043231537

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска Организација Велес:

Share