28/10/2026
Успешно ја реализиравме 4. Конференција за младинско претприемништво „Да градиш иднина дома“! 🚀
Во Младинскиот центар Охрид разговаравме за тоа што значи да започнеш нешто свое, да ги надминеш првичните предизвици и да изградиш успешна приказна токму тука, дома.
На панел-дискусијата „А што ако успееш?“, Ивана Пешликовска од IP Interior Design, Марко Трајкоски од Пицерија Прова и Филип Малезанов од Малезан Филигран ги споделија своите лични искуства, предизвиците од почетоците и лекциите што ги научиле градејќи сопствени бизниси во Охрид.
По панелот, во соработка со Центарот за вработување – Охрид, продолживме со информативна сесија за можностите за вработување и поддршката за младите кои сакаат да направат нов професионален чекор.
Голема благодарност до нашите говорници, соработниците и сите млади кои беа дел од денешниот настан! 💜
#МладинскиЦентарОхрид #МладинскоПретприемништво #ДаГрадишИднинаДома #Охрид