Ученичка заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ - Охрид

  • Home
  • Macedonia
  • Ohrid
  • Ученичка заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ - Охрид

Ученичка заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ - Охрид Ученичката заедница на ОЕМУЦ ги застапува учениците и организира корисни активности.

28/04/2026
25/04/2026

Купете карти на влез во училиштето!

Нашето училиште облечено во празнична атмосфера✨Малку украси, многу топлина и уште повеќе насмевки🎄😊
17/12/2025

Нашето училиште облечено во празнична атмосфера✨
Малку украси, многу топлина и уште повеќе насмевки🎄😊

11/12/2025
МАТУРАНТИ 2025
16/05/2025

МАТУРАНТИ 2025

🔥 Денес успешно ја завршивме последната обука за управување со ППА (Противпожарна апаратура) и начинот на евакуација.👥 О...
09/05/2025

🔥 Денес успешно ја завршивме последната обука за управување со ППА (Противпожарна апаратура) и начинот на евакуација.

👥 Обуката беше наменета за сите претседатели и заменик-претседатели, со цел подобра подготвеност и ефикасно делување во итни ситуации.

✅ Со ваквите обуки ја зголемуваме безбедноста, ја јакнеме одговорноста и ја градиме културата на превенција во нашите институции.

⚠️ Безбедноста е заедничка одговорност.
⏱️ Подготвеноста е клучот за правилна реакција кога е најпотребно!

🙏 Огромна благодарност до ТППЕ Пожарна Охрид за професионалната поддршка, знаењето и посветеноста. Вашата улога е од непроценливо значење!

#ОбучениЗаБезбедност #ППА #Евакуација #Превенција #ТимскаРабота #ПожарнаОхрид

🏃‍♂️ Денес ученици, матуранти и волонтери учествуваа во трката „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани“, давајќи свој ...
07/05/2025

🏃‍♂️ Денес ученици, матуранти и волонтери учествуваа во трката „Од срце трчај, со срце дарувај за Кочани“, давајќи свој придонес преку различни активности како насочување, обележување и обезбедување на патеката за трчање.

👟 Вкупно 96 ученици зедоа активно учество во самата трка, покажувајќи спортски дух, хуманост и посветеност кон заедницата.

❤️ Настанот помина во позитивна атмосфера, со голема поддршка од граѓаните, а истовремено придонесе за зајакнување на свеста за важноста на солидарноста и заедничката грижа за хуманите цели.

🤝 Трката претставуваше симболично обединување на младите, со идеја од срце да се помогне таму каде што е најпотребно.

80 ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, ден кога е официјално усвоена македонската азбука в...
05/05/2025

80 ГОДИНИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Денот на македонскиот јазик – 5 Мај, ден кога е официјално усвоена македонската азбука во 1945 г., проследено со официјалното усвојување и на македонскиот правопис еден месец подоцна, на 7 јуни 45-тата година.
Но, македонскиот јазик не се родил тогаш, во 1945-тата година, како што не се родила тогаш ни македонската нација и идентитет. Историјата на јазикот и на нацијата не се мери со административни акти, туку со долг и сложен процес на историско, културно и општествено обликување. Сè она што сме ние денес не можеме да го гледаме одделно од повеќевековниот континуитет во развојот на македонскиот јазик и на македонската нација. Генезата на македонскиот писмен јазик ја следиме уште од првите старословенски ракописи од X-XI век, кога се појавуваат првите типично македонски изоглоси, и тој развој го следиме низ вековите, со засилено навлегување на македонскиот народен јазик во ракописите од доцниот среден век и особено од крајот на XVI век. Во XIX век веќе се појавува и јасната свест за посебноста на македонскиот јазик и за неговото место во јазичното семејство на светот, свест што добива своја јасна и аргументирана експликација во делото „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков – визионерски труд што во 1903 година ги постави темелите за самосвесно прифаќање на македонскиот јазик како посебен јазичен систем.
Потврден на Првото заседание на АСНОМ, на 2 август 1944 г. – датум на кој македонскиот јазик за првпат и официјално станува службен јазик.
На 5 мај 1945 г. со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик.
На 7 јуни 1945 г. е усвоен и правописот на македонскиот јазик, а набргу потоа следуваат и основоположничките дела на великанот на македонскиот јазик, Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик.
Од тој момент, македонскиот стандарден јазик станува официјален јазик на македонското општество, а македонската азбука и правопис почнуваат да се користат во секојдневната јазична употреба од сите сфери на животот.
Денес, на 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, го одбележуваме големиот јубилеј, 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, за да му одда

28/04/2025
Денес четворица ученици од ОЕМУЦ ✨, преку Ученичката заедница, учествуваа на проектот „Нова авантура во Стар Охрид“ на п...
26/04/2025

Денес четворица ученици од ОЕМУЦ ✨, преку Ученичката заедница, учествуваа на проектот „Нова авантура во Стар Охрид“ на покана од здружението Виел Сциенце.

Учениците имаа можност да посетат бројни историски локалитети 🏛️, скенирајќи претходно поставени QR-кодови 📲 и учејќи нови и интересни факти за нив.

Со многу игра, смеа и забава 🎉, на крајот од оваа незаборавна авантура, нашите ученици го освоија третото место 🥉 на "натпреварот"!

#ОЕМУЦ #НоваАвантура #СтарОхрид #ВиелСајанс #УчимеСоЗабава #ГордиНаНашитеУченици

24/04/2025

🅰️🅱️ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА 🅾️🆎

👉На ден 23.4.2025 година (среда) од 9:00 до 12:00 часот Црвен крст Охрид организира крводарителска акција во соработка со ОЕМУЦ "Св.Наум Охридски"- Охрид која ќе се одржи во просториите на училиштето со цел обезбедување на крвните единици кои се потрeбни во овој период ✅.

📆 23.4.2025 (среда)
🕙 9:00ч - 12:00ч
📍ОЕМУЦ "Св.Наум Охридски"- Охрид

🩸Ги повикуваме сите ученици и професори да ја покажат својата хуманост и да ја даруваат својата скапоцена течност⛑️.

#БидиХерој
#дарувајкрвспасиживот

Address

Живко Чинго
Ohrid
6000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Ученичка заедница на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ - Охрид posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share