16/09/2026
🤝 Денеска, најголемата асоцијација на семејните дестилерии Македонски Дестилерии - Ракиџии и Факултет За Земјоделски Науки И Храна - Скопје потпишаа Меморандум за соработка , со кој се воспоставува партнерство насочено кон научно-истражувачка, едукативна и практична работа , извршување на лабораториски анализи како и вклучување во заеднички истражувачки активности 🤝🇲🇰
👉🤝 Соработката ке опфати:
• Размена на искуства и знаења,
• Поддршка во реализирање на научно истражувачки проекти,
• Меѓународна соработка , поддршка и советодавни услуги од страна на стручни лица од Факултетот за земјоделски науки и храна во делот на производството на јаки алкохолни пијалоци и нивна органолептичка и хемиска анализа,
• Овозможување на студенти од Факултетот за земјоделски науки и храна, пракса во процесот на производство и дестилација на јаки алкохолни пијалоци.
👉🤝 Со среќа нека е 🍀 и за многу успешни соработки 🥃🇲🇰🥃