27/04/2026
Со големо задоволство го споделуваме одржаниот заеднички состанок помеѓу Ротари Клуб Кавадарци и Ротари Клуб Струмица.
Во пријателска и конструктивна атмосфера, разменивме искуства за досегашните активности, како и идеи за идна заедничка сорботка. Посебен акцент беше ставен на заедничкиот придонес кон локалните заедници, во кои двата клуба активно делуваат, потврдувајќи ја нивната посветеност кон хуманост, развој и поддршка.
Состанокот уште еднаш ја потврди блискоста, пријателството и заедничките вредности кои ги негуваат Ротари Клуб Кавадарци и Ротари Клуб Струмица, како дел од големото ротари семејство.
Service Above Self
#РКСтрумица #РККавадарци