Dom Na Kultura Gevgelija

Dom Na Kultura Gevgelija Јавна општинска установа

Поинаква „ПЕРСПЕКТИВА“ на гледање на традиционалната облековна култура! Фото импресии од истоимената инсталација.фото: Ф...
28/05/2026

Поинаква „ПЕРСПЕКТИВА“ на гледање на традиционалната облековна култура! Фото импресии од истоимената инсталација.

фото: Филип Данински

Вторник 26.05.26, на платото пред Народниот театар со почеток од 20.30 часот. Бидете дел од поинаква ПЕРСПЕКТИВА, едно п...
24/05/2026

Вторник 26.05.26, на платото пред Народниот театар со почеток од 20.30 часот. Бидете дел од поинаква ПЕРСПЕКТИВА, едно поинакво гледиште на традиционалната облековна култура...инсталација на традиционална носија. Бидете дел од културни настани кои немаат реприза!

20/05/2026
Традицијата продолжува...Распеана чаршија 2026. Прекрасна вечер на староградска музика и песна!
20/05/2026

Традицијата продолжува...Распеана чаршија 2026. Прекрасна вечер на староградска музика и песна!

Синоќа, во уметничката галерија ,,Амам'' во инспиративна и емотивна атмосфера, беше отворена изложбата насловена ,,Љубов...
19/05/2026

Синоќа, во уметничката галерија ,,Амам'' во инспиративна и емотивна атмосфера, беше отворена изложбата насловена ,,Љубов'' на уметникот Александар Мијак.
Секое дело носеше лична приказна, но истовремено оставаше простор секој да ја препознае сопствената перспектива за љубовта.

Со особена чест Ве покануваме вечерва на отвoрање на самостојната изложба на Александар Мијак насловена ,,Љубов", во уме...
18/05/2026

Со особена чест Ве покануваме вечерва на отвoрање на самостојната изложба на Александар Мијак насловена ,,Љубов", во уметничката галерија ,,Амам'' со почеток во 19:00 часот.

По повод заштитникот на градот Гевгелија - Св. Спас, започна чествувањето на Светлото Вознесение Христово - Спасовден."Ц...
18/05/2026

По повод заштитникот на градот Гевгелија - Св. Спас, започна чествувањето на Светлото Вознесение Христово - Спасовден.
"Црковното пеење е духовен темјан што се воздигнува кон небесата." - Свети Јован Златоуст.
Програмата започна со концерт на духовна музика на кој настапија :
- Женскиот византиски хор ,,Св. Теофил Струмички" од Струмица,
- Градскиот мешан хор ,,Гортинија" од Гевгелија,
- Сара Мејс, со псалмопеење и харфа.
Вечер на духовна музика, молитва и славословие, каде преку песната се вознесоа срцата кон Бога.

Визуелни импресии од вчерашниот концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни ,,ТАНЕЦʼʼ.
15/05/2026

Визуелни импресии од вчерашниот концерт на НУ Ансамбл за народни игри и песни ,,ТАНЕЦʼʼ.

„СПАСОВДЕН 2026“: БОГАТА И РАЗНОВИДНА ПРОГРАМАВо пресрет на празникот Вознесение Христово- Спасовден, заштитник на градо...
12/05/2026

„СПАСОВДЕН 2026“: БОГАТА И РАЗНОВИДНА ПРОГРАМА
Во пресрет на празникот Вознесение Христово- Спасовден, заштитник на градот Гевгелија, Општина Гевгелија во соработка со ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија подготви четиридневна програма исполнета со духовни, културни и музички содржини. „Спасовден 2026“, покрај традиционалните манифестации, од 17 до 20 мај 2026 година, на неколку локации во градот, ќе донесе и многу други интересни настани.
Одбележувањето на Спасовден започнува на 17 мај (недела) со Концерт на духовна музика во Манастирот „Св. Спас“, со почеток во 18:00 часот. Пред публиката ќе настапат Женскиот византиски хор „Св. Теофил Струмички“, под диригентската палка на Зоран Мазнејков, Градскиот мешан хор „Гортинија“ со диригент Илија Атанасов, како и Сара Мејс со вокална и инструментална изведба на келтска харфа. На 18 мај (понеделник), во Уметничката галерија „Амам“, со почеток во 19:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба „Љубов“ на уметникот Александар Мијак. Програмата продолжува на 19 мај (вторник) со дефиле на културно-уметнички друштва низ градот, кое ќе започне во 18:00 часот, по што на Платото на Народниот театар ќе се одржи вечерта на староградски песни „Распеана чаршија“, со почеток во 19:00 часот.
На самиот празник, 20 мај (среда), во просториите на ТППЕ- Гевгелија, со почеток во 11:00 часот, ќе се одржи настанот „Меѓуопштинска соработка за безбедни заедници“, во рамки на одбележувањето на Денот на пожарникарите. Вечерната програма на Градскиот плоштад ќе започне во 19:00 часот со перформанс на Танцовото студио „Мистик“, а ќе продолжи со Концерт на музичката група „Панта Реи“, со почеток во 20:00 часот.
Со богатата празнична програма, Општина Гевгелија и ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија ги покануваат граѓаните и посетителите заеднички да го празнуваат Спасовден преку музика, уметност, традиција и духовност.

Address

7ми ноември
Gevgelija
1480

Telephone

+38934212011

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Dom Na Kultura Gevgelija posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Dom Na Kultura Gevgelija:

Share