Општина Гевгелија

Општина Гевгелија Општина Гевгелија брои: 22.988 жители.
Градоначалник: Андон Сарамандов

Секој град има раѓање , постоење , име луѓе , пејсаж , симбол , сегашнина и иднина.
Секој народ го бележи својот пат низ летописот на поколенијата - да се создава светот од денес за во иднина и да ја печати опстојбата до вчера . Само така се негува вековната традиција , духот како огледало на културното живеење.
Ако може да се поттикне добриот патник намерник да го посети домот на гостопримството

, тогаш тоа сигурно ќе го стори топлината на градот , градот на најјужната точка во Република Македонија , крај самата граница со Република Грција , градот на срдечноста - ГЕВГЕЛИЈА.
Топлиот дух на гевгеличани се уште ја памети легендата за еден дервиш кој дошол и не сакал да си оди од Гевгелија бидејќи многу му се допаѓало местото . Жителите не сакале да го примат и решиле насила да го прогонат . Резлутен од тоа , дервишот почнал луто да ги проколнува жителите кои се исплашиле и го повикале назад со зборовите гел - гери што значи ела назад . Иако легенда , гевгеличани не сакаат да ја прекршат заклетвата на предците - секогаш да бидат добродојдени оние што одлучуваат да ги задомат своите идеи во градот , оние што се подготвени за нови предизвици , за нови доживувања.
Старите хроники бележат дека Гевгелија како град почнала да се развива уште од средината на 19 ти век , кога населението од овие краеви ја почуствувало потребата да создава современа населба која ќе им пркоси на минувачите - трговци и ќе биде домаќин на нивните патувања кон Блискиот Исток со многубројни анови . Во тој временски период , реката Вардар иако пловна , не можела да го задоволи транспортот на стоки , па во 1873 година доаѓа до изградба на железничката линија Солун - Скопје.
Вистински градски лик Гевгелија добива во 1886 година , кога во административно - управен поглед станала средиште на посебна каза - Гевгелиска.
Од овој временски период многу земјоделски производи успевале тука , благодарејќи на поволната клима и плодното земјиште и се извезувале преку солунското пристаниште . Меѓутоа стопанскиот развој на Гевгелија се претпочита во периодот од 1860 до 1912 година кога се развило мануфактурното и индустриското производство , а градот познат и како град - од станица до граница - ќе биде уште попознат со многубројните занаетчиски дуќани : чевларски , коларски , столарски , самарџиски , кројачки.
Некогаш Гевгелија бил град на незаборавните серенади , денес Гевгелија град на сонцето , град на топлината и на гостопримството, градот на смоквата и калинката, модерен град со развиена преработувачка индустрија, лесни индустриски погони, и три хотели со пет звездички, Фламинго, Принцес и Аполонија.

ИЛЈАДНИЦИ ПОСЕТИТЕЛИ, МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ И ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: „МЕГА ШОПИНГ ПАРК“ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈАСо свечена...
29/05/2026

ИЛЈАДНИЦИ ПОСЕТИТЕЛИ, МУЗИЧКИ СПЕКТАКЛ И ГОЛЕМА ИНВЕСТИЦИЈА: „МЕГА ШОПИНГ ПАРК“ ГИ ОТВОРИ ВРАТИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Со свечена церемонија и во присуство на бројни гости, претставници на Владата, локалната самоуправа и бизнис-секторот, денес, во Гевгелија, официјално ги отвори вратите „Мега шопинг парк“. Со пресекување на црвената лента од страна на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, претседателот на Владата на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски и генералниот директор на „Мега шопинг парк“, Сотирис Јанакудакис, се одбележа почетокот на работата на еден од најголемите современи трговски комплекси во регионот.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, во своето обраќање по повод отворањето нагласи дека реализацијата на оваа инвестиција претставува значаен чекор за економскиот развој на општината и отворање нови можности за локалната заедница.
- Отворањето на „Мега шопинг парк“ значи нова економска енергија за локалната заедница. Овој проект ќе овозможи над 400 нови вработувања и ќе придонесе за поголем број ноќевања од транзитните туристи. Гевгелија денес е ставена на мапата на сериозни инвестиции и прераснува во регионален центар на шопинг туризам, дестинација со врвни трговски, угостителски и забавни услуги. Нека е аирлија- истакна градоначалникот Сарамандов.
Генералниот директор на „Мега шопинг парк“, Сотирис Јанакудакис, истакна дека проектот претставува симбол на развој и современ пристап кон трговијата и услугите:
- Денес славиме реализација на една голема визија и проект што го рефлектира силниот економски потенцијал на земјата и нашиот регион. „Мега шопинг парк“ е создаден да постави нови стандарди, а со внимателното интегрирање на сите содржини на едно место, создадовме уникатен простор кој го нуди концептот ‘Total Experience’ и во целост ги задоволува сите потреби на посетителите. Нашата амбиција е јасна, а тоа е да ја трансформираме Гевгелија од транзитна точка во вистинска регионална и европска дестинација и да создадеме модерно обележје на кое целата заедница ќе биде горда.
По официјалниот дел и пресекувањето на лентата, посетителите имаа можност да го разгледаат новиот комплекс, кој се простира на површина од над 20.000 метри квадратни и располага со повеќе од 50 домашни и интернационални брендови, современи продажни објекти, угостителски содржини, детска гејминг-зона, куглана, простор за забава, како и пространи паркинг-места и полначи за електрични возила. „Мега шопинг парк“ претставува модерна и функционална дестинација за шопинг, рекреација и забава за посетителите од целиот регион.
Своја изјава за медиумите даде и премиерот, проф. д-р Христијан Мицкоски:
- Овој шопинг-центар е огромна додадена вредност за економијата, не само во Гевгелија, туку и за целата држава. Очекувам да прерасне во место кое ќе го посетуваат сите кои транзитираат низ Македонија по Коридорот 10, бидејќи содржините што ги нуди се навистина импресивни. Колку повеќе вреди вашиот бизнис и колку е тој поголем, толку државата станува посилна. Ова е прекрасен објект кој на економијата во Гевгелија и дава нова димензија.
Во својот осврт на официјалната Фејсбук-страница за денешното отворање на „Mега шопинг парк“, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, потенцираше дека во изминатите четири години локалната самоуправа активно работеше на подобрување на инфраструктурата, урбаното уредување и создавањето поволни услови за инвеститорите и бизнис-заедницата. Според него, токму таквиот пристап придонел Гевгелија денес да биде препознаена како општина привлечна за домашни и странски инвестиции, кои носат нови работни места, економски придобивки и развој за целиот регион.
Сарамандов изрази благодарност до претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски и Владата на Република Македонија за поддршката во процесот на носење нови урбанистички планови, кои претставуваат основа за реализација на идни инвестиции и локален економски развој. Тој додаде дека преку заедничката реализација на повеќе проекти, Општина Гевгелија продолжува да се развива во модерна, урбана и економски стабилна заедница со поволна бизнис-клима.
Во продолжение, Сарамандов ја нагласи важноста на новите инвестиции за позиционирање на Гевгелија како значаен економски центар во Југоисточниот Регион, особено имајќи ја предвид близината со Грција и зголемениот број посетители и транзитни туристи од регионот. Тој се осврна и на успешната соработка со тимот на „Mега шопинг парк“, оценувајќи дека токму партнерскиот однос и заедничката посветеност придонеле проектот успешно да се реализира за релативно краток период. На крајот, Градоначалникот им посака успешна работа, многу посетители и долгогодишен успех на инвеститорите и целиот тим на „Mега шопинг парк“.
Инаку, свеченото отворање на „Мега шопинг парк“ се означува со богата четиридневна културно-забавна програма, која започна вчера и ќе трае до 31 мај. Посетителите имаат можност да уживаат во настапите на познати домашни и регионални музички имиња, меѓу кои Тамара Тодевска, Иви Адаму, Кирил Џајковски, Северина, Пајак, Слаткаристика и други изведувачи, како и во разновидни содржини наменети за сите генерации. Покрај музичката програма, организирани се и бројни активности за најмладите посетители, вклучувајќи детски аниматори, маскоти со омилени ликови од сказните и цртаните филмови, креативни зони, гејминг-содржини, интерактивни игри и забавни активности.

ОДРЖАНИ 10. СЕДНИЦА И 11. ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈАНа 10. седница на Советот на Општина Гевгелија...
28/05/2026

ОДРЖАНИ 10. СЕДНИЦА И 11. ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

На 10. седница на Советот на Општина Гевгелија беа донесени, усвоени и разгледани повеќе одлуки, решенија, заклучоци и информации од значење за локалната самоуправа, јавните установи и развојните политики во општината.
Усвоен беше Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2025 година, како и Одлука за обезбедување финансиски средства од општинскиот буџет за 2026 година за ученикот Стефан Младеновски и менторот м-р Стево Ѓоргиев за учество на IEO 2026.
Во делот на буџетското работење се усвоени измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година, како и измени на Програмите за уредување на градежното земјиште, изградба и одржување на општинските улици и патишта, финансирање на спортските активности и активностите од областа на социјалната заштита.
Советот даде согласност на Статутарната одлука за измена и дополнување на Статутот на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.
Исто така, усвоени се измени и дополнувања на Финансиските планови на повеќе образовни и јавни установи, меѓу кои СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија, ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија, ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци, ООУ „Климент Охридски“- Миравци, ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија.
Дадени се согласности на Годишните планови за вработување за 2027 година на повеќе основни училишта, како и на измени и дополнувања на постојните планови за вработување.
Во кадровскиот дел донесени се Решенија за разрешување и именување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија, како и одлука за продолжување на работното време на угостителски објект.
Усвоен е Извештајот за реализираните проекти на ФЛОРИТ- Гевгелија, каде што Општина Гевгелија е партнер, како и Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01–31.03.2026 година.
Разгледани беа и информации за состојбата со кучињата скитници, водоснабдувањето во населените места, состојбата со водоснабдувањето и фекалната канализација во Негорци, како и одржувањето и користењето на јавните паркинг простори во Гевгелија.
Во продолжение, се одржа и 11. вонредна седница на Советот на Општина Гевгелија, на која како единствена точка на дневниот ред беше донесувањето на Општинскиот енергетски план за 2027 година.
Со донесените одлуки и заклучоци, Советот на Општина Гевгелија продолжува со активностите насочени кон унапредување на локалните услуги, инфраструктурата и квалитетот на живот на граѓаните.

ЗГОЛЕМЕНИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ И ИНФРАСТРУКТУРЕН РАЗВОЈБуџетот на Општина Гевгелија за 2026 година,...
28/05/2026

ЗГОЛЕМЕНИ БУЏЕТСКИ СРЕДСТВА ЗА КАПИТАЛНИ ИНВЕСТИЦИИ И ИНФРАСТРУКТУРЕН РАЗВОЈ

Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година, од првично утврдениот износ од 887.172.293 денари, е зголемен за 83.586.983 денари, со што вкупниот Буџет изнесува 970.759.276 денари. Измените и дополнувањата на Буџетот беа усвоени на последната 10. седница на Советот на Општина Гевгелија. Зголемувањето на Буџетот за 2026 година е резултат на растот на приходите на Основниот буџет за 66.735.683 денари, преку трансфери од други нивоа на власт.
Буџетот на дотации е зголемен за 15.849.961 денар, по основ на трансфер од други нивоа на власт, односно пренесен вишок од претходната година. Буџетот на самофинансирачките активности е зголемен за 76.329 денари, како резултат на пренесен вишок од претходната година во износ од 56.708 денари и зголемување на таксите и надоместоците во износ од 19.621 денар. За 1.563.788 денари е зголемена и ставката донации од странство.
Со измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година, капиталните приходи во вкупната структура учествуваат со 28.650.000 денари или 2,95%, додека капиталните расходи изнесуваат 293.078.465 денари или 30,19%. Во Основниот буџет, капиталните расходи учествуваат со 254.662.381 денар или 49,64%, што претставува показател за задржување на развојната компонента на Општина Гевгелија и определбата на локалната самоуправа за реализација на капитални инвестиции и инфраструктурен развој.
Во рамки на расправата по Предлог-измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Гевгелија за 2026 година, на седницата на Советот на Општина Гевгелија, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека зголемувањето на буџетот е резултат на зголемените приходи, добрата реализација на капиталните инвестиции и развиената економска активност во општината, при што значителен дел од средствата ќе бидат насочени кон капитални проекти, инфраструктурен развој и поддршка за граѓаните.
- Зголемувањето на Основниот буџет доаѓа како резултат на зголемените приходи по основ на ДДВ од Министерството за финансии. И минатата и оваа година бележиме значителен раст, пред сè поради добрата реализација на буџетот во изминатите три години, високиот процент на реализација на капиталните расходи и развиената стопанска активност на подрачјето на општина Гевгелија. Најголем дел од овие средства се насочуваат кон реализација на капитални проекти и инфраструктурен развој, како и за обезбедување услови за реализација на нови инвестиции и проекти. Зголемување на расходната страна има и кај ставките за стоки и услуги, особено за комунални услуги и греење. Се врши зголемување и на средствата за субвенции и трансфери, од кои 4.000.000 денари се наменети за спорт, а 1.500.000 денари за еднократна помош за лекување, како и средства за Југоисточниот Плански Регион- за проекти што се реализираат преку програмите за прекугранична соработка и за правни спорови- истакна Сарамандов.

✔️✨🌊 „МЛАДИНСКИ БРАН VOL. 2“ – ГЕВГЕЛИЈА ПУЛСИРАШЕ СО МЛАДИНСКА ЕНЕРГИЈА ✨🌊✔️📍 На 23 мај 2026 година, платото пред Народ...
28/05/2026

✔️✨🌊 „МЛАДИНСКИ БРАН VOL. 2“ – ГЕВГЕЛИЈА ПУЛСИРАШЕ СО МЛАДИНСКА ЕНЕРГИЈА ✨🌊✔️

📍 На 23 мај 2026 година, платото пред Народен театар- Гевгелија се претвори во отворена сцена на креативност, идеи и инспирација. 🙌

🎶🎨📚Музиката, уметноста и инспиративните приказни го обоија денот со позитивна младинска енергија.

🎤 Теодора Гошева Капсарова и Димитар Ангов, Ања Поп-Костова, Ангела Зафирова, Слободанка Арнаудова, „Ситуација бенд“
🎨 Марија Џинова, Теодора Ставрова и Михаела Ризова
📚 Мила Денчиќ- Друштво на писатели од Куманово

🗂️ Едукативните сесии за меки вештини, претприемништво, старт-апи и иновации отворија нови хоризонти за младите.
💡 проф. д-р Вера Бошковска- Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје, Стефанија Богдановска- СОС Детско село, Кристијан Алчинов - „Апитоксин“- Гевгелија

🌟 Младите успешни луѓе од општина Гевгелија со своите приказни ги мотивираа и инспирираа новите генерации.
🗣️ Атанас Епов, Мартин Бојмалиев, Љубица Гребенакова и Бруно Алчинов

💬 Просторот беше исполнет со позитивна енергија, нови познанства и инспиративни разговори што ги поврзаа младите во заедничка приказна.

🤝 Поддршка со свое присуство на настанот дадоа Карин и Карл Мек Вилијамс- волонтери на Американски мировен корпус во Република Северна Македонија кои престојуваат во Гевгелија и претседателката на Советот на Општина Гевгелија, Анета Стамкова.

💜 Настанот уште еднаш ја истакна креативноста, енергијата и потенцијалот што младите го носат во заедницата.

🇪🇺 „Младински бран Vol. 2“ беше реализиран со поддршка на Европската Унија и Општина Гевгелија, а во организација на Локалниот младински совет.

Delegation of the European Union to North Macedonia
Europe House Skopje
Локален младински совет - Гевгелија

НОВА СООБРАЌАЈНА ВРСКА ВО ГЕВГЕЛИЈА – УЛИЦАТА „НОВОПЛАНИРАНА 7“ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБАВо Гевгелија привршув...
27/05/2026

НОВА СООБРАЌАЈНА ВРСКА ВО ГЕВГЕЛИЈА – УЛИЦАТА „НОВОПЛАНИРАНА 7“ НАСКОРО ЌЕ БИДЕ ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА

Во Гевгелија привршуваат градежните работи за изградба и асфалтирање на улицата „Новопланирана 7“, со која се овозможува ново сообраќајно поврзување со улицата „Гоце Делчев“. Станува збор за инфраструктурен проект чија цел е подобрување на сообраќајниот проток и унапредување на условите за безбедно движење во овој дел од градот.
Градоначалникот на oпштина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во завршните активности на терен, при што беше истакнато дека проектот е резултат на континуирани анализи и согледувања на потребите за модерни и функционални сообраќајни решенија. Со реализацијата на проектот беа опфатени пробивање и уредување на теренот, изградба на канализација за одведување на атмосферските води, изведба на нов коловоз и целосно асфалтирање на трасата.
Во рамки на улицата е изградена и нова патека за пешаци и велосипедисти, со што дополнително се подобрува безбедноста и мобилноста на сите учесници во сообраќајот. Во наредниот период, согласно сообраќајната техничка документација, ќе се реализира поставување на потребната хоризонтална и вертикална сигнализација, по што улицата ќе биде официјално пуштена во употреба.
Општина Гевгелија продолжува со реализација на инфраструктурни проекти насочени кон современ урбан развој и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА ВРВНИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ - СЕ ОДРЖА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ „MASTERS CUP 2026“ ⚽️🏆Интернационалниот младин...
24/05/2026

ГЕВГЕЛИЈА ДОМАЌИН НА ВРВНИ ФУДБАЛСКИ КЛУБОВИ - СЕ ОДРЖА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ „MASTERS CUP 2026“ ⚽️🏆

Интернационалниот младински турнир на едно место обедини млади фудбалски таленти, спортски клубови и гости од повеќе европски земји, што претставува одлично искуство за децата и спортистите од нашиот град.

Особено ни претставува чест што токму Гевгелија е домаќин на еден ваков голем меѓународен спортски настан.

На турнирот настапуваа екипи и фудбалски школи од Македонија и странство, меѓу кои и реномирани клубови како Fenerbahçe, Црвена Ѕвезда, KAA Gent, Panathinaikos, CSKA Sofia, Beşiktaş, Чукарички, како и повеќе домашни клубови и фудбалски школи.

Натпреварите на стадионот во Гевгелија поминаа во одлична атмосфера, фер-плеј натпреварување, дружење и позитивна енергија.

Изминатите години Гевгелија прераснува во посакувана дестинација за организација на настани од интернационален карактер, со што дополнително се афирмираме како град со одлично гостопримство.

Покрај Гевгелија дел од натпреварите се одиграа и во соседните општини Дојран и Валандово, со што целиот регион е дел од оваа голема спортска манифестација.

Се надеваме дека сите учесници и гости имаа пријатен престој во нашата Гевгелија. ✅

23 И 24 МАЈ: ДВОДНЕВНО ДУХОВНО, БОГОСЛУЖБЕНО И КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК И 130-ГОДИШНИОТ ...
22/05/2026

23 И 24 МАЈ: ДВОДНЕВНО ДУХОВНО, БОГОСЛУЖБЕНО И КУЛТУРНО-УМЕТНИЧКО ЧЕСТВУВАЊЕ ПО ПОВОД ПАТРОНИОТ ПРАЗНИК И 130-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ НА ХРАМОТ „СВЕТИ КИРИЛ И МЕТОДИЈ“- ГЕВГЕЛИЈА

Дводневно духовно, богослужбено и културно-уметничко чествување по повод патрониот празник и 130-годишниот јубилеј од постоењето на храмот „Свети Кирил и Методиј“ ќе се одржи на 23 и 24 мај 2026 година во Гевгелија. Свеченоста е во организација на МПЦ- ОА Повардарска Епархија, Гевгелиското архиерејско намесништво, црковното настојателство при храмот „Свети Кирил и Методиј“ и кумовите домаќини за 2026 година, кои и оваа година подготвија богата програма за достоинствено чествување на сесловенските просветители и основоположници на словенската писменост и духовност.
Одбележувањето на празникот ќе започне во сабота, 23 мај, со почеток во 18:00 часот, кога во храмот ќе се одржи Акатист со петолебие, како молитвено духовно собрание во чест на светителите. По тој повод, верниците ќе можат да донесат пет лепчиња, неварена пченица, црно вино и зејтин, кои ќе бидат благословени за здравје, мир и благосостојба на семејствата.
Во продолжение на вечерната програма, со почеток во 19:00 часот, ќе се одржи богата културно-уметничка вечер исполнета со духовна музика, традиционален мелос, хорски изведби и македонски фолклор. Пред присутните ќе настапат: Боркица Мурцева, хорот „Владо Кантарџиев“, Детската танцова група, „Распеани гевгеличани“ и Aнсамблот „Бојмија“, кои преку своите изведби ќе придонесат за создавање свечена и празнична атмосфера.
Публиката ќе има можност да ужива во изведби на духовни и традиционални македонски песни, како и во фолклорни кореографии и сценски настапи што ја негуваат македонската култура, традиција и музичко наследство. Посебен белег на вечерта ќе дадат настапите на најмладите учесници, кои преку песна и игра ќе ја пренесат празничната порака за заедништво, љубов и почитување на духовните вредности.
Централното празнување ќе продолжи во недела, 24 мај, кога ќе се одржат повеќе богослужби и свечености во чест на патроните на храмот. Програмата започнува во 07:00 часот со Празнична Утрена богослужба, а во 08:30 часот ќе се служи Света Божествена литургија, на која верниците заеднички ќе упатат молитви за духовен мир, здравје и благослов.
Во 10:00 часот, ќе се изврши благословување на кумските колачи, додека во 11:00 часот низ улиците на Гевгелија ќе помине празничната литија, како симбол на верата, заедништвото и почитта кон светите браќа Кирил и Методиј. Веднаш потоа, од 11:30 часот, ќе следува настап на Ансамблот „Македонија“, кој со сплет од македонски ора и песни ќе го збогати централниот дел од прославата, а свеченоста ќе заврши со заеднички свечен ручек во 12:30 часот.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, верници и почитувачи на духовното и културното наследство да бидат дел од оваа свеченост и заеднички да го одбележат празникот посветен на Светите Кирил и Методиј и 130-годишниот јубилеј од постоењето на храмот.
Настанот е поддржан од Општина Гевгелија.

🌊 „МЛАДИНСКИ БРАН VOL. 2“ – ДЕН ПОСВЕТЕН НА МЛАДИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА📍 Плато пред Народен театар – Гевгелија📅 23 мај 2026🕚 11...
21/05/2026

🌊 „МЛАДИНСКИ БРАН VOL. 2“ – ДЕН ПОСВЕТЕН НА МЛАДИТЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА

📍 Плато пред Народен театар – Гевгелија
📅 23 мај 2026
🕚 11:00 – 18:00 часот

Музика, уметност, инспиративни приказни, предавања за меки вештини, претприемништво, старт-ап и иновации – сè на едно место, создадено за младите! 🎶🎨💡

✔️ Саем на млади успешни луѓе
✔️ Музички и ликовен перформанс
✔️ Едукативни предавања и нови можности
✔️ Простор за дружење, идеи и вмрежување

Општина Гевгелија и Локалниот младински совет ги покануваат младите од 15 до 29 години да бидат дел од „Младински бран Vol. 2“ и заеднички да ја одбележат позитивната младинска енергија! 🙌

Настанот е поддржан од Европската Унија и Општина Гевгелија.

Delegation of the European Union to North Macedonia
Europe House Skopje
Локален младински совет - Гевгелија

СПАСОВДЕН ОДБЕЛЕЖАН СО СВЕЧЕНА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. СПАС“ ВО ГЕВГЕЛИЈАВо манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија, утр...
21/05/2026

СПАСОВДЕН ОДБЕЛЕЖАН СО СВЕЧЕНА ЛИТУРГИЈА ВО МАНАСТИРОТ „СВ. СПАС“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

Во манастирот „Св. Спас“ во Гевгелија, утринава, по повод големиот христијански празник Вознесение Христово – Спасовден, беше одржана свечена Златоустова литургија во служба на свештениците од Гевгелиското архиерејско намесништво.
На литургијата присуствуваа голем број верници, меѓу кои и градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, кој традиционално заедно со сограѓаните учествуваше во празничното одбележување.
Со молитви за здравје, мир и благосостојба на граѓаните на општината и пошироко, беше благословен празничниот колач.
Овој светол христијански празник, кој манастирот „Св. Спас“ и градот Гевгелија го слават како свој патрон, и оваа година беше одбележан во дух на духовност, заедништво и почитување на традицијата, со пораки за здравје и благосостојба во секој дом.

ЗАВРШИ СПАСОВДЕНСКАТА КУЛТУРНА ПРОГРАМА- ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАН ЗАШТИТНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА, ПРАЗНИКОТ ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТ...
21/05/2026

ЗАВРШИ СПАСОВДЕНСКАТА КУЛТУРНА ПРОГРАМА- ДОСТОЈНО ОДБЕЛЕЖАН ЗАШТИТНИКОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА, ПРАЗНИКОТ ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО

Во духот на одбележувањето на празникот Вознесение Христово- Спасовден, заштитникот на градот Гевгелија, и оваа година се реализираше богата и разновидна културно-празнична програма, која понуди повеќе настани и содржини за сите генерации и привлече голем број граѓани и посетители.
Во рамки на централната вечерна програма (20 мај 2026 година), на Градскиот плоштад, прв настапи Танцовото студио „Мистик“, кое се претстави со повеќе формации и групи составени од различни возрасни категории. На сцената беа изведени разновидни кореографии, инспирирани од современи и сценски танцови стилови, како и соло настапи на дел од членовите, преку кои беше прикажана нивната индивидуална изразност, техничка подготвеност и љубов кон танцот. Настапот на „Мистик“ внесе динамика и свечен тон во почетокот на вечерта, а публиката со внимание ја проследи целата програма и ја награди со силен аплауз.
По нивниот настап, следуваше Концертот на гевгелиската музичка група „Панта Реи“, која приреди енергична, емотивна и разновидна музичка вечер. Бендот, составен од локални музичари со долгогодишно сценско искуство, се претстави со внимателно одбран репертоар од народна и забавна музика, изведен во живо и збогатен со современи аранжмани. Нивната препознатлива сценска комуникација со публиката уште еднаш дојде до израз, при што посетителите активно учествуваа, пееја заедно со изведувачите и создадоа силна празнична атмосфера на Градскиот плоштад. Концертот помина во позитивна енергија и заедништво, претворајќи ја вечерта во вистинска музичка прослава на празникот.
Претходната вечер (19 мај 2026 година), во рамки на празничната програма, во Народниот театар- Гевгелија се одржа традиционалната манифестација „Распеана чаршија“, која со години претставува еден од најпрепознатливите културни настани во чест на Спасовден. Настанот започна со свечено дефиле на учесниците, во кое учествуваа ансамбли, вокални групи и музички состави од Гевгелија и поширокиот регион, кои со своето појавување ја најавија вечерта посветена на староградската песна и музика.
На сцената беа изведени автентични староградски мелодии и песни, кои го оживеаја духот на традицијата и потсетија на богатото музичко наследство на регионот.
„Распеана чаршија“ и оваа година ја потврди својата улога како манифестација што ги обединува генерациите и ја чува традицијата на староградската песна.
Со ваквата богата и разновидна програма, Општина Гевгелија и оваа година свечено, достоинствено и со силен културен дух го одбележа својот патрон празник Спасовден, нудејќи содржини кои ја збогатуваат културната сцена, ја негуваат традицијата и го поттикнуваат заедништвото меѓу граѓаните.

Address

Димитар Влахов бр. 4
Gevgelija
1480

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Општина Гевгелија posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Општина Гевгелија:

Share