20/07/2026
ТЕРА МАДРЕ САЛОНЕ ДЕЛ ГУСТО 2026 – ИДНИНАТА НА ХРАНАТА ЗАПОЧНУВА ТУКА
📌По петнаесетти пат, Тера Мадре Салоне дел Густо, еден од најзначајните светски настани посветени на храната, биодиверзитетот и одржливото земјоделство, ќе ги отвори своите врати во Торино, Италија.
Од 24 до 27 септември, овој единствен собир, организиран од глобалната мрежа Слоу Фуд, повторно ќе обедини луѓе од сите континенти со заедничка цел – создавање поправеден, поодржлив и поотпорен систем на храна.
🎣Во текот на четирите дена, повеќе од 1.500 земјоделци, рибари, готвачи, лидери на домородни заедници, истражувачи, активисти, креатори на политики и млади носители на промени од над 120 земји ќе разменуваат знаење, искуства и идеи, ќе создаваат нови партнерства и ќе покажат дека промените започнуваат кога луѓето соработуваат.
🌎Во време на конфликти, климатски промени, загуба на биодиверзитетот и растечка нееднаквост, станува се поочигледно дека храната е многу повеќе од секојдневна потреба. Таа е поврзана со животната средина, културата, економијата, здравјето и иднината на нашите заедници.
Затоа, Тера Мадре е глобална платформа каде што се споделуваат идеи и практични решенија за предизвиците со кои се соочува светот.
📝Овогодинешната тема, „Биодиверзитет, биди разновидност“, испраќа силна порака дека биодиверзитетот не значи само заштита на природата туку подразбира зачувување на локалните сорти и раси, почитување на различностите, зајакнување на заедниците, славење на традициите и културите и градење системи за храна што ќе бидат отпорни и одржливи и за идните генерации.
↗️Одговорите веќе постојат – во полињата, шумите, лозјата, кујните, рибарските заедници и локалните пазари ширум светот.
Тера Мадре Салоне дел Густо е местото каде што тие искуства се среќаваат, се надополнуваат и се претвораат во заедничка визија за иднината.
Знаете зошто? Затоа што најголемите промени не започнуваат кога делуваме сами, туку кога ги поврзуваме луѓето, знаењето и заедниците.
🇲🇰 И оваа година, како и на сите претходни изданија на Тера Мадре Салоне дел Густо, учество ќе земе македонска делегација предводена од Slow Food Macedonia.
Во составот на делегацијата ќе бидат членови на Слоу Фуд, производители, активисти.., кои активно ќе учествуваат на бројните панели, работилници, дискусии и средби со учесници од целиот свет. Преку размена на знаења, искуства и добри практики, ќе се воспостават нови соработки, ќе се стекнат вредни сознанија и идеи, кои понатаму ќе се применуваат во конвивиуми и во активностите за развој на одржливи системи на храна во Македонија.
#ТераМадре #СлоуФуд #СаемзаХрана
#120земји #СлоуФудМакедонија