Tutti i Santi Macedoni

Indicazioni

Tutti i Santi Macedoni ChiesaCristianOrtodossaMacedone

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀Почитувани, браќа и сестри ☦☦️ - 07.11. - Сабота, По повод   МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА🙏           ⚜ Божествена лит...
03/11/2026

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀

Почитувани, браќа и сестри ☦

☦️ - 07.11. - Сабота, По повод МИТРОВДЕНСКА ЗАДУШНИЦА🙏

⚜ Божествена литургија ⚜
10.00 часот

🔹Сите оние кој сакаат да си ги спомнат и се помолат за упокоение за душите на починатите блиски роднини и пријатели да понесат лебче, варена пченица и вино.

☦️ - После Богослужбата ќе се изврши Благословување на лебчето, пченицата и виното во спомен на сите починати души.

Вечен им спомен на сите упокоени во Христа нашиот Бог!🙏

☦️ - Божествена литургија - ПАТРОН на Св.Прохор Пчински - Пијаченца🙏
02/11/2026

☦️ - Божествена литургија - ПАТРОН на Св.Прохор Пчински - Пијаченца🙏

31/10/2026

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀

☦️ - Божествена литургија

☦️ - Сабота, Во чест и спомен на
Св.ап. и ев.Лука🙏

☦️ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС ☦️

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀☦️ - Божествена литургија ☦️ - Сабота, Во чест и спомен на    Св.ап. и ев.Лука🙏                                ...
31/10/2026

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀

☦️ - Божествена литургија

☦️ - Сабота, Во чест и спомен на
Св.ап. и ев.Лука🙏

☦️ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС ☦️

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀Почитувани, браќа и сестри ☦☦️ - 31.10.- Сабота, Во чест и спомен на    Св.ап. и ев.Лука🙏                ⚜ Боже...
28/10/2026

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀

Почитувани, браќа и сестри ☦

☦️ - 31.10.- Сабота, Во чест и спомен на
Св.ап. и ев.Лука🙏

⚜ Божествена литургија ⚜
10.00 часот

☦️ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС ☦️

✞ Преподобна Параскева (Петка)🙏Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите,...
27/10/2026

✞ Преподобна Параскева (Петка)🙏

Оваа славна светителка се роди во градот Епиват, меѓу Силинаврија и Цариград. Родителите, беа богати и благочестиви христијани, а освен Петка имаа и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонаши и подоцна стана угледен епископ Малитски. По смртта на родителите девицата Петка желна за подвижнички живот го напушти родителскиот дом и отиде најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што се подвизуваше до својата старост. Кој би можел да ги прикаже сите трудови и страдања и демонски искушенија што ги претрпе Света Петка во долгата низа години? На старост еднаш се јави ангел Божји и рече: „Остави ја пустината и врати се во твојата татковина, таму треба да го предадеш телото на земјата, а со душата ќе се преселиш кај Господ.“ Света Петка го послуша небесниот глас, ја остави својата омилена пустина и се врати во Епиват. Тука таа поживеа уште две години, пак во непрестајна молитва и пост и потоа го предаде својот дух на Бога. Се упокои во 9 век. Нејзините чудотворни мошти низ вековите беа пренесувани: во Цариград, во Трново, па пак во Цариград, па во Белград. Сега се наоѓаат во Романија, во градот Јаши. Во Белгард постои вода (агијазма) на Света Петка, којашто чудотворно ги лечи сите болни што притекнуваат со вера во Бога и со љубов кон светителката.

🔹Тропар
Пустинскиот и самотен живот си го засакала, и по стапките на Христа, твојот Младоженец, ревносно си тргнала; и благиот Негов јарем во младоста си го зела, со Крстот си се вооружила против враговите на душата; со пост, молитви и капки од солзи, си го угасила огинот на страстите, многуславна Параскево. И сега, во небесните дворови, стоејќи пред Христа со мудрите девојки, моли за нас кои го почитуваме твојот свет спомен.

🔹Кондак
Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние што се во неволји, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса.

† Светата великомаченичка Злата Мегленска🙏Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родител...
26/10/2026

† Светата великомаченичка Злата Мегленска🙏

Родена е во селото Слатина, во Мегленската област, од сиромашни селски родители, коишто имаа уште три ќерки. Света Злата беше кротка и побожна девојка, мудра со Христовата мудрост и златна не само по име туку и по богобојазливото срце. Еднаш кога излезе по вода, ја фатија некои бесрамни Турци и ја одвлекоа во својата куќа. Кога еден од нив ѝ нудеше да се потурчи и да му биде жена, таа храбро му одговори: „Јас во Христа верувам, само за Него знам и Он ми е Женик. Од Него нема да се откажам никогаш, макар и на илјада маки да ме ставите и на парчиња да ме исечете.“ Тогаш дојдоа нејзините родители и ѝ рекоа: „Смилувај се на себе и на нас, откажи се привидно од Христа и ќе бидеш среќна и ти и ние, а Господ е милостив, ќе ти прости за гревот ако го правиш по цена на животот.“ И плачеа горко родителите, сестрите и роднините. Но витешката душа на Св. Злата не даде да биде победена од ѓаволските стапици. На своите родители им одговори: „Штом ми советувате да се одречам од Христа Кој е вистински Бог, не сте ми повеќе родители ни сестри; татко ми е Господ Исус Христос, мајка Богородица, а браќа и сестри - светителите и светителките.“ Тогаш Турците ја фрлија во затвор, каде што лежеше три месеци и секој ден ја биеја додека нејзината крв не ја натопи земјата. Најпосле ја обесија главечки и ја подложија на оган за да се загуши од чадот. Но Господ беше со неа и ѝ даваше сила во страдањето. На крајот ја обесија на дрво и целата ја исекоа на парчиња. Така оваа мажествена девица Му го предаде својот дух на Бога и се пресели во рајските живеалишта, во 1796 година. Парчиња од нејзините мошти христијаните разнесоа за благослов по своите домови.

18/10/2026

🕀🕀🕀 🕆 🕀🕀🕀

Почитувани, браќа и сестри ☦

☦️ - Божествена литургија 🙏

☦️ - Недела 20 по Педесетница,
Св.мч-ка Харитина,Св.свешт-мч.Дионисиј

☦️ ХРИСТОС ПОМЕЃУ НАС ☦️

Indirizzo

Via San Giovanni 87
Cordenons
33084

Sito Web

Notifiche

Lascia la tua email e sarai tra i primi a sapere quando Tutti i Santi Macedoni pubblica novità e promozioni. Il tuo indirizzo email non verrà utilizzato per nessun altro scopo e potrai annullare l'iscrizione in qualsiasi momento.

Scelte rapide

Condividi

Organizzazioni Senza Scopo Di Lucro nelle vicinanze