20/04/2026
GrandVin 2026 е најубавиот комплимент на почетокот на годината за македонските вина. Место каде што можеш да стоиш пред својата чаша и да замолчиш, ако точно знаеш што правиш. Околу четириесет имиња. Доволно за да се изгубиш ако сакаш. Доволно малку за да не можеш да глумиш дека разбираш сè. Некои вина уште се обидуваат да те убедат дека се важни. Други веќе немаат потреба. Тие вторите се интересни.
Годинава има една тивка промена. Помалку алкохол. Повеќе воздух. Помалку „погледни ме“, повеќе „слушни ме“. И не е револуција. Повеќе е како некој да го намалил звукот во просторијата и одеднаш почнуваш да ги слушаш деталите. Во таа смисла, GrandVin функционира како своевиден пролог на винската година, место каде што веќе може да се почувствува пулсот на новата сезона и каде винската сцена го прави својот прв чекор кон годината што доаѓа.
Прочитајте го целиот текст на линкот во коментар.