18/09/2026
Вчера бевме во Крокос Фуд на верификација на нивното ново дигитално решение – и најдобриот дел е кога од прва рака ќе видиме дека дигиталната трансформација навистина функционира во пракса.
Тимот ни демонстрираше дел од можностите на ERP системот, преку кој денес поедноставно управуваат со залихите, производството, работните налози, комерцијалните документи и извештаите.
Особено ни беше драго да видиме и примена на вештачка интелигенција во самиот софтвер – асистент кој му помага на корисникот брзо да го пронајде тоа што му е потребно, правејќи го системот многу поинтуитивен и полесен за користење.
Од Крокос Фуд велат дека се задоволни од решението и дека веќе им го олеснува секојдневното работење.
Честитки до Крокос Фуд и до нивниот консултант Благоја Милошевски за успешно завршената дигитална трансформација!