06/03/2026
*МКД Македонија ги поканува студентите на проекција на документарниот филм „Планината не оди никаде“*
По повод 8 Март – Денот на жената, Друштвото МКД Македонија организира проекција на повеќепати наградуваниот документарен филм „Планината не оди никаде“ на режисерката Петра Селишкар.
Настанот ќе се одржи во недела во 18:00 часот во ново реновираниот хаб на Метелкова (Масарикова цеста 24).
Филмот нè носи високо во македонските планини, каде тројца браќа го продолжуваат традиционалниот овчарски живот, соочени со прашањата за иднината и сопствениот пат. 
Проекцијата е бесплатна за членовите на друштвото, а по филмот следува кратко дружење.