18/03/2025
ПОКАНА ЗА ПОМОШ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО КОЧАНИ
Почитувани Лајонс членови, сограѓани, роднини, пријатели и познаници,
Во овие тешки моменти за нашата заедница, имаме можност да покажиме солидарност и поддршка кон лицата и семејствата погодени од трагичниот пожар во дискотеката во Кочани. Според последните информации, досега има 59 загинати и над 140 настрадани од кои дел се испратени на лекување во странство.
Со цел да придонесеме во олеснување на оваа трагедија, сите кој сакаат можат да уплатат средства на сметка на Дистриктот, кои ќе бидат насочени кон директна помош на настраданите.
Податоци за уплата:
➡ Назив на примателот: Д132- Скопје ПОМОШ ЗА КОЧАНИ
➡ Банка: Халк Банка АД Скопје
➡ Жиро-сметка: 270074606000312
➡ Цел на дознака: Помош за настраданите во пожарот Кочани
Секој прилог, без разлика на износот, ќе направи разлика во животите на оние кои ја изгубија својата сигурност и потребуваат поддршка.
Ви благодариме за вашата хуманост и посветеност кон оние на кои им е најпотребно.
Служиме!!!