Постигни ја Целта е непрофитабилна и невладина организација оформена на почетокот на 2014та година, која има за цел да го промовира и поддржува правилниот начин на живот кај младите, справувајќи се со теми како отфрленост, депресија, емоционална интелигенција, како и развивање на лидерски способности и поттикнување на претприемачки дух.
Ние од Постигни ја Целта веруваме дека секој млад човек може
и треба да се стреми да го достигне максимумот на својот потенцијал во секоја област на животот, придонесувајќи за подобрување на општеството на повеќе нивоа.
Во време на широко распространета летаргија младиот човек има потреба од поттик и инспирација да посегне по светла иднина наместо да се помири со секогаш присутниот медиокритет.
Основачи на НВО Постигни ја Целта се меѓународните говорници Игор Панов и Филип Иванов.
Стручни соработници на здружението се Валентина Влаисављевиќ, д-р по општа медицина и м-р по клиничка психологија, и Јонатан Влаисављевиќ, м-р по социјална политика.