09/09/2026
🎓💙 Доделени сертификатите за учество на Летната медиумска академија!
Денеска го заокруживме едно убаво и инспиративно летно медиумско патување, исполнето со нови знаења, практична работа, креативност и многу убави моменти.
На учесничките им ги доделивме сертификатите за успешно учество – како признание за нивната посветеност, љубопитност, креативност и активност во текот на академијата. ✨
Во изминатиот период учевме, истражувавме, разговаравме, интервјуиравме, снимавме и создававме. Од првите чекори во светот на новинарството, па сè до препознавањето на лажните вести и запознавањето со AI во новинарството, учесничките имаа можност не само да слушаат, туку и да учат преку практична работа и сопствено искуство. 📰🎤📱
Но, најважно од сè – создадовме простор во кој младите девојки можеа да го изразат својот глас, да поставуваат прашања, да споделуваат идеи и да веруваат повеќе во сопствените способности 💙
Честитки до сите учеснички! 🎓👏
Ви благодариме што бевте дел од оваа приказна и што ја направивте Летната медиумска академија уште поубава со вашата енергија и креативност.