СПД „Зелен рај“

СПД „Зелен рај“ Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from СПД „Зелен рај“, Nonprofit Organization, Veles.

25/02/2026

Почитувани пријатели, другари, планинари, почитувачи на СПД „Зелен рај“ Велес. Ве известуваме дека и покрај сите наши напори и не по наша вина, оваа година планинарската манифестација "Февруарски поход 2026" која што требаше да се одржи по 17 пат последователно, нема да се одржи. Се надеваме дека наредната година ќе се создадат услови со што оваа препознатлива државна манифестација ќе продолжи како годините наназад. Се надеваме на разбирање од ваша страна.
Со планинарски поздрав се гледаме наредната година на Февруарски поход 2027...

📣ТРАДИЦИОНАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ-“ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 2025“ -  „По врвиците на легендарниот Февруарски поход 1944-2025“     ...
05/02/2025

📣ТРАДИЦИОНАЛЕН ПЛАНИНАРСКИ МАРШ-“ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 2025“ -
„По врвиците на легендарниот Февруарски поход 1944-2025“

Февруарскиот поход буди длабоки емоции и овој февруари. Не бледнеат сеќавањата на антифашистичката борба и борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ. Годинава се навршуваат 81 година од легендарниот февруарски поход 1944 година.
📣 Традиционално по четиринаесетти пат, СПД „Зелен рај“ Велес организира ПЛАНИНАРСКИ МАРШ-“ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 2025“ кој ќе се одржи на 23.02.2025 година (НЕДЕЛА), под покровителство на Општина Чашка.
📌 Маршот ќе започне од железничка станица Гостиражни преку планинарскиот дом во с. Стровија, богомилскиот тунел, до пензионерски дом с. Богомила.
📌Маршута:
- жел.станица Гостиражни , планинарски дом с. Стровија,
-преслап – богомилски тунел, с.Богомила
-должина на патеката 15 км.
-тежина на патеката: СРЕДНА;
-времетраење на маршот: 4,5 часа.
📌 СОБИР НА ПЛАНИНАРИ И ПОАЃАЊЕ: 23.02.2025 (НЕДЕЛА)
- 08.30 часот-за планинарите кои што ќе доаѓаат со кола, комбе, автобус, собир и поаѓање на паркингот пред ж.с. Богомила (возот за Гостиражни поаѓа во 8.58 часот)
- 09.20 часот , собир на планинарите на железничка станица Гостиражни;
- 09.30 часот, почеток на маршот и поаѓање кон планинарски дом с.Стровија,
-10.00 часот-пристигнување во пл.дом во с.Стровија
-10.30 часот поаѓање кон на месноста Превој
-12.00 часот поаѓање од Превој кон с.Богомила
-14.00 часот, пристигнување во пензионерски дом во с.Богомила
-14.30 часот, пригоден говор и обраќање на градоначалникот на Општина Чашка и претседателот на СПД „Зелен рај“ Зоран Игновски и доделување на благодарници;
-14.45 часот, ручек (традиционално планинарско гравче)- НАПОМЕНА: УЧЕСНИЦИТЕ НА МАРШОТ ДА СИ НОСАТ ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ 🍽 ) и културно забавна програма со Екстрим бенд
-16.00 часот, крај на манифестацијата
⚠️ВАЖНО: За време на маршот да се запазат правилата за одење во планина и насоките на водичите во колоната. Задолжително е носење зимска опрема. Во случај на неповолни временски услови и заради безбедност на учесниците, организаторот СПД „Зелен рај“ има право да го скрати маршот, да ја промени патеката или пак во краен случај да ја откаже целата манифестација.
📍 -За планинарите од Скопје возот поаѓа во 06.57 часот; од Велес во 07.58 часот; од Богомила во 08.58 часот;
- За планинарите од Битола и Прилеп возот од Битола поаѓа во 03.14ч; Прилеп 04.00, Гостиражни 04.28ч.
📍 - за враќање назад –од Богомила воз за Скопје има во 14.24ч и во 20.00ч; за Битола во 16.22ч и во 21.57 ч.
- Планинарите кои што сакаат да дојдат еден ден порано (сабота 22.02.2025) ноќевањето е во пензионерскиот дом во с.Богомила.
📌 Пријавување на учество во маршот до 21.02.2025 г. до 20h.
- Лица за контакт:
Зоран Игновски, претседател на СПД „Зелен рај“ Велес ,
тел: 072-207-653
Симеон Китанов тел: 071-362-375.
🎒Се гледаме на Февруарски поход 2025, со планинарски поздрав.🎒

27/02/2024

Годинава се одбележува 80 години од славниот планинарски марш на партизанските единици на Македонија во 1944 година „ФЕВРУАРСКИ ПОХОД 2024“. По стапките на Првата Мак....

Address

Veles

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when СПД „Зелен рај“ posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share