01/07/2026
Јуни беше месец исполнет со инспиративни приказни, нови средби и иницијативи што ги поврзаа младите, културата, природата и заедницата.
🌊 Europe House Struga го одбележа Денот на Охридското Езеро, обединувајќи спорт, традиција и култура. Охридското Езеро уште еднаш потврди дека тоа е место што ги поврзува луѓето, градовите и заедниците.
🖼️ Europe House Bitola ја отвори изложбата „Инспирации“, која преку внимателно избрани фотографии ги одведе посетителите низ трите Европски престолнини на културата за 2025 година – Кемниц, Нова Горица и Горица.
🌱 Europe House Veles со „The Green Swap“ покажа дека најголемите промени започнуваат со мали чекори, a малите идеи најдобро растат кога се споделуваат.
🏀 Europe House Skopje ги обедини младите, спортистите, семејствата и љубителите на активниот живот од повеќе од градови низ државата. Кочани беше домаќин на првото издание на „Women Power Cup 2026“, а на терените на СОУ „Љупчо Сантов“ се играше, навиваше, вежбаше и славеше.
🌲 Europe House Tetovo, во рамки на EU Green Week 2026, заедно со ученици од тетовската гимназија го посети Националниот парк Шар Планина, каде што се разговараше за значењето на заштитата на природата, биолошката разновидност и одржливиот развој.
🎭 Europe House Strumica направи хумано дело – средствата собрани од продажбата на билетите од театарската комедија „Стјуардеси“ во НУЦК „Антон Панов“, беа донирани во хуманитарни цели.
✨ Продолжуваме и во јули – со нови идеи, нови искуства и заеднички моменти.