МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА КРЕАКТИВ КАВАДАРЦИ
е невладина организација за млади за поддршка на едукативно-воспитен, социјален и личен развој на младите, младински активизам и активно граѓанство низ вклучување во неформални едукативни програми.
МА КРЕАКТИВ Кавадарци нуди сервис за млади во три главни области
1. Едукација за мир и Активизам
(градење на личен и социјален идентитет на младите за по
силно и повеќе инклузивно општество)
2. Животна средина и Здравје
(Развивање на еколошката свест и залагање за одржливо и здраво живеење)
3. Уметнички медиуми
(истражување на емоционална интелигенција преку креативно самоизразување)
Во Младинската Асоцијација Креактив можете да посетувате и да учествувате во многубројни обуки и предавања од неформален и интерактивен карактер за кои треба однапред да се регистрирате за учество.
Сите активности, работилници и обуки ќе бидат однапред промовирани овде на страницата на фејсбук и на веб страницата на Креактив www.kreaktiv.mk
На сите работилници можат да учествуваат сите млади на возраст за која работилницата ќе биде наменета во самиот опис.
МА Креактив работи и на меѓународни проекти преку програмата ЕРАЗМУС Плус (Европски Волонтерски сервис ЕВС, Тренинг курсеви како и Младински Размени во Македонија и странство.
Канцелариите на МА Креактив Кавадарци се отворени од 10:00 - 16:00 кадешто ќе ги најдете сите потребни информации за сервисите што ги нуди за младите, а од 18:00 младите ќе имаат можност да ги посетуваат работилниците изготвени од тимот на Креактив за кои претходно ќе треба да се пријавете и регистрирате за учество во определениот рок со повиците објавени од Креактив.
Се наоѓаме на улица Илинденска 119 Кавадарци