П.К. "Љуботен" - Тетово

П.К. "Љуботен" - Тетово Explore Shar Mountain! Join us!
------------------------------------------
Истражи ја Шара

Планинарскиот клуб „Љуботен“ - Тетово е доброволно, масовно, вонпартиско здружение на граѓани, кое делува во правец на реализирање на определени цели и задачи од областа на спортот, спортската рекреација, планинскиот туризам и воспитувањето. П.К. „Љуботен“ - Тетово е конститутивен дел од Федерацијата на планинарски спортови на Македонија.
___________________________________________________________

______
Mountaineering club "Ljuboten" - Tetovo is voluntary, massive and nonpartisian civic association, which works towards the realization of specific goals and objectives in the field of sports, recreation, mountain tourism and education. PK "Ljuboten" - Tetovo is a constituent part of the Federation of Mountain Sports in Macedonia.

Голема благодарност до сите учесници, поддржувачи и соработници! Догодина се гледаме пак на исто место. 🏔Секоја ваша под...
08/06/2026

Голема благодарност до сите учесници, поддржувачи и соработници!
Догодина се гледаме пак на исто место. 🏔
Секоја ваша поддршка и убав збор за нас значи многу и ни дава сила и надеж за секоја нова авантура. 🫶🏻

Со љубов,
Планинарски Клуб Љуботен

#титовврв2026 #пкљуботен

07/06/2026

Да се биде дел од еден ваков настан не е само чест и привилегија, туку и голема љубов и гордост кон традицијата што ја создадоа и ни ја оставија постарите генерации. Токму таа традиција ја чуваме, негуваме и вреднуваме и денес.

Нека ова видео остане како траен печат на 44-то традиционално искачување на Титов Врв.

Голема благодарност до за посветеноста и трудот вложени во изработката на ова видео.

Уживајте! 😉 🏔🎥

#100годинипкљуботен #титовврв2026 #шарпланина #пкљуботен

Еден од значајните моменти за време на викендот на Попова Шапка беше свеченото отворање на 44. Традиционално искачување ...
07/06/2026

Еден од значајните моменти за време на викендот на Попова Шапка беше свеченото отворање на 44. Традиционално искачување на Титов Врв.

Во присуство на бројни планинари, гости, пријатели на клубот и поддржувачи на планинарството, беше одбележано уште едно издание на настанот кој со години претставува симбол на традиција, истрајност и почит кон планината.

Оваа прилика беше можност да се собереме на едно место, да размениме искуства, да создадеме нови пријателства и заедно да ја прославиме љубовта кон Шар Планина.

Особена благодарност упатуваме до сите спонзори и поддржувачи кои помогнаа во реализацијата на настанот. Вашата поддршка е значаен дел од успехот на оваа манифестација и поттик таа да продолжи да расте и да се развива.

⛰️ Традицијата продолжува, а спомените остануваат.

#ТитовВрв2026 #ПКЉуботен

Минатата сабота на Попова Шапка помина во прекрасна атмосфера, исполнета со креативност, насмевки и многу позитивна енер...
06/06/2026

Минатата сабота на Попова Шапка помина во прекрасна атмосфера, исполнета со креативност, насмевки и многу позитивна енергија.

Во рамките на 44. Традиционално искачување на Титов Врв, базарот на рачни изработки собра талентирани изработувачи, љубители на уникатни ракотворби и бројни посетители кои уживаа во убавината на планината и дружењето.

Голема благодарност до сите учесници, изложувачи и посетители кои со своето присуство и поддршка придонесоа овој настан да биде посебен. Вашата енергија, насмевки и љубов кон традицијата создадоа моменти кои ќе ги паметиме долго.

Се гледаме повторно на следните заеднички дружби и планински авантури! ⛰️

Шарам
Шарено ќоше
TиноСки
Hammock.mk
The Crochet Dream
Shara Mountain Info Center

#ТитовВрв2026 #ПКЉуботен

Најубавите насмевки минатиот викенд беа токму детските. 💙⛰️Во рамки на 44. традиционално искачување на Титов Врв, година...
05/06/2026

Најубавите насмевки минатиот викенд беа токму детските. 💙⛰️

Во рамки на 44. традиционално искачување на Титов Врв, годинава за првпат организиравме детско катче и детска планинарска тура.

Низ игра, дружење и прошетка во природа, најмладите имаа можност да ја запознаат планината на свој начин, да научат нешто ново и да создадат убави спомени.

На прашањето дали убаво си поминаа, одговорот беше едноставен: „Сакаме уште!“

Токму затоа веруваме дека љубовта кон планината се гради од најмали нозе, а иднината на планинарењето е во сигурни раце. ❤️🥾🌿

#титовврв2026 #100годинипкљуботен #детскокатче #шарпланина

Утрото започна со едно чувство што не може да се опише со зборови.Повеќе од 650 планинари, еден врв и една заедничка цел...
04/06/2026

Утрото започна со едно чувство што не може да се опише со зборови.
Повеќе од 650 планинари, еден врв и една заедничка цел – Титов Врв. ⛰️
По снежните јазици на Шара, по добро познатата патека што ја газеле генерации планинари пред нас, повторно се испиша уште едно поглавје од приказната на ПК „Љуботен“.
А кога од седлото ќе се појави кулата на Титов Врв, повторно сфаќаш зошто се враќаш овде одново и одново.

Не е само врвот.
Тоа е љубовта кон планината.
Тоа е љубовта кон луѓето.
Тоа е љубовта кон традицијата.

Посебна благодарност до TTK BANKA AD SKOPJE , која веќе две децении е генерален спонзор на традиционалното искачување на Титов Врв, како и до А1 Македонија , која годинава како златен спонзор даде значајна поддршка за успешна реализација на настанот.

Еден век. И засекогаш така нека продолжи.

ПК „Љуботен“ 💙🇲🇰

#титовврв2026 #100годинипкљуботен #пкљуботен #шарпланина

30/05/2026

Свечено отворање на 44-тото традиционално искачување на Титов Врв ⛰️☀️

#100годинипкљуботен #пкљуботен #титовврв2026

Маркирање на патеката! 📌Подготовките се во полн ек! 🏔️Ве очекуваме! #ТитовВрв2026  #ПКЉуботен
29/05/2026

Маркирање на патеката! 📌Подготовките се во полн ек! 🏔️

Ве очекуваме!

#ТитовВрв2026 #ПКЉуботен

“Некои генерации пред нас ги поставија темелите и ги поставија целите и задачите, други генерации ги одржуваа и ги подоб...
29/05/2026

“Некои генерации пред нас ги поставија темелите и ги поставија целите и задачите, други генерации ги одржуваа и ги подобруваа, ние продолживме да ги подобруваме и прилагодуваме. Според тоа, засновани се Визијата и Мисијата на клубот. Новите генерации ги учиме на почит на традицијата и горенаведените вредности, како и нас што не учеле. Така да се надеваме дека следните генерации ќе го движат клубот во иста насока” изјави Јован во интервју за Рацин.мк. ⛰️

За многубројните активности со кои ПК Љуботен остава трајни траги, разговаравме со претседателот на клубот Јован Божиноски.

Address

Кузман Јосифовски/Питу 6
Tetovo
1200

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when П.К. "Љуботен" - Тетово posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to П.К. "Љуботен" - Тетово:

Share