06/11/2025
На покана на Делегацијата на🇪🇺 Европска унија во РСМ, претставник од партнерската организација РАЖМ „ЛУЛУДИ“ присуствуваше на презентацијата на Извештајот на Европската Комисија за Северна Македонија 2025🇲🇰
📌Извештајот е достапен на следниот 🔗линк:https://enlargement.ec.europa.eu/document/download/267b368e-6b55-4a42-bb72-6395593de4da_en?filename=north-macedonia-report-2025.pdf
➡️Извештајот содржи важни наоди за состојбата на ромската заедница, имено:
🔹Извештајот укажува дека Стратегијата за инклузија на Ромите (2022–2030) се спроведува, но недостига јасен пристап кон учество, зајакнување и градење капацитети на заедницата.
🔹Акцискиот план за правата на жените и девојчињата Ромки се спроведува во умерена мера.
🔹Потребни се поголеми напори за институционални и законски реформи за решавање на клучните аспекти на родовата еднаквост, особено во пристапот до политичкиот, економскиот и социјалниот живот, пристапот до здравствени услуги, спречувањето на родово базирано и семејно насилство и заштитата на жртвите.
🔹Во делот на образование постојат мерки за зголемена инклузија и нотиран е напредок, но сегрегацијата и високата стапка на напуштање на училиштата остануваат сериозен проблем.
🔹Според извештајот, постои годишна програма за здравствена заштита на Ромите, а среднорочните планови се насочени кон подобрување на пристапот до здравствени услуги за Ромките и децата Роми. Пристапот до услуги, дискриминацијата и нееднаквиот третман од здравствените работници е сеуште голем предизвик со кој се соочува ромската заедница, а особено жените Ромки.
🔹Ромите и понатаму се една од најранливите групи на пазарот на труд, со ниска стапка на формална вработеност и ограничен пристап до активни мерки за вработување. Се нагласува потребата од зголемена вклученост на маргинализираните групи на пазарот на труд.
🔹Извештајот забележува дека условите за домување на дел од ромската заедница остануваат тешки, со недостиг на пристап до инфраструктура и правна сигурност на живеалиштата.
Она што ние го препорачуваме е во понатамошните процеси во рамките на мониторирање и реформи потребно е интегрирање на легализацијата, обезбедувањето право на сопственост и пристапот до комунални услуги за жените Ромки.
🔹Потребно е засилување на институционалните капацитети за спроведување на антидискриминациските политики и мониторинг на случаите што ги засегаат Ромите, особено жените Ромки.
🔹Извештајот нотира дека приоритет треба да биде „конзистентен пристап“ за вклучување на граѓанското општество во процесите на носење политики и реформи, вклучувајќи организации кои застапуваат ромската заедница.
Иако реформите се во тек, се наведува дека прогресот во сферата на вклучување на Ромите е ограничен — особено во образованието, здравството, домувањето и пазарот на труд.
🔹Извештајот повикува на поголема инклузија на организациите на Роми и организации кои работат за правата на жените Ромки во процесите на консултации, следење и оценка на политиките за инклузија.