25/08/2026
Нашата мрежа на женски кружоци продолжува да расте!
Со големо задоволство го прошируваме нашето женско организирање и во село Ѓуѓанци, каде што беше одржана работилница за инструктажа и запознавање со работата на женските кружоци.
На средбата разговаравме за значењето на женското учество , меѓусебното поврзување, солидарноста и заедничкото дејствување на жените во локалната заедница. Преку женскиот кружок, жените ќе имаат простор да ги споделуваат своите потреби, идеи и проблеми, но и заеднички да бараат решенија и да се залагаат за подобар живот во својата средина.
Веруваме дека секој нов женски кружок е уште еден чекор кон посилни, поактивни и повлијателни жени во руралните средини.
Оваа активност е во рамки на проектот" Жените создаваат промени-зајакнување на жените од руралните средини преку женски кружоци" подржан од Akcija Zdruzenska finansiran od German Women`s Fund filia die frauenstifting.
#ЖенскиКружоци #ЖенскоОрганизирање