Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn

Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn Здружение на граѓани - НВО (NGO)

ОЖОСВН е водечка сила на женското/граѓанското движење, која создава позитивни промени во општеството и придонесува за општа благосостојба на сите граѓани. Тоа е нашата визија кон која постојано се стремиме.

Нашата мисија, пак, на која делуваме во континуитет, е подобриот живот на граѓаните и граѓанките, како и почитување на човековите права со акцент на правата на жените.

НАШИТЕ ПРОГРАМИ

1. ЗДР

АВСТВЕНА ПРОГРАМА

ПОДОБРА И ПОКВАЛИТЕТНА ЗАДРАВСТВЕНА ЗАШТИТА
Е ВО ИНТЕРЕС НА СЕКОГО

-Пружаме помош и поддршка на жени заболени и лекувани од малигни заболувања (психолошка поддршка, бесплатни перики, турбани и др.);
-Работиме на заштита, превенција и унапредување на здравјето на жените и девојките;
-Поттикнуваме грижа за себе и сопственото ментално и физичко здравје.

* НИКОЈ НЕ Е САМ ВО БИТКАТА *


2. ПРОГРАМА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ

МЛАДИТЕ СЕ ДВИГАТЕЛИ И КРЕАТОРИ НА ПРОМЕНИТЕ ВО ЗАЕДНИЦАТА

-Работиме на надоградување на вашите знаења и вештини преку разни форми на неформално образование;
-Отвораме можности за учење и споделување на искуства со млади од други земји;
-Поттикнуваме младинско учество и развој на волонтерска работа;
-Нудиме многу други можности.

* НА ТЕБЕ ОСТАНУВА ДА ГИ ИСКОРИСТИШ МОЖНОСТИТЕ И
ДА БИДЕШ ДЕЛ ОД ПРОМЕНИТЕ! *


3. ПРОГРАМА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

ЦЕЛИМЕ КОН ПОЧИТУВАЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА,
СО АКЦЕНТ НА ПРАВАТА НА ЖЕНИТЕ

-Ги промовираме основните човекови права и родовата еднаквост;
-Зголемено учество на жените и младите во донесувањето на одлуки;
-Работиме на превенција, заштита и елиминирање на сите форми на насилство и дискриминација.

* ВИЕ МОЖЕ ДА УЧЕСТВУВАТЕ НА НАШИ РАБОТИЛНИЦИ, ДА СЕ ЕДУЦИРАТЕ,
ДА ПОКРЕНУВАТЕ ИНИЦИЈАТИВИ И ЗАЕДНИЧКИ ДА ПРАВИМЕ
ПРОМЕНИ ВО ЗАЕДНИЦАТА! *


ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЖЕНИТЕ НА ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ (ОЖОСВН)

„Никој не може да направи сѐ, но секој може да направи нешто!“

03/06/2026

КАНЦЕЛАРИЈА ЗА БЕСПЛАТНА ПРАВНА ПОМОШ И ПСИХО-СОЦИЈАЛНА ПОДДРШКА

Доколку се соочувате со семејно насилство, дискриминација, правни предизвици или ви е потребна емоционална поддршка, нашата канцеларија е тука за вас.

✅ Бесплатна правна помош
✅ Стручни правни совети
✅ Психолошко советување
✅ Бесплатна психо-социјална поддршка
✅ Доверлив и професионален пристап

📍 Организација на жените на Општина Свети Николе
📞 032-444-620 | 075-310-810
📧 [email protected]
🌐 www.womsvetinikole.org.mk
🕘 Работно време: Понеделник – Петок, 09:00 – 16:00 часот

Не сте сами. Побарајте поддршка навреме – доверливо, бесплатно и без осуда.

The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje

#БесплатнаПравнаПомош #ПсихосоцијалнаПоддршка #ПоддршкаЗаЖените #СветиНиколе #Доверливо #ПравнаПомош #ПсихолошкоСоветување #ОЖОСВН

Здружение на граѓани - НВО (NGO)

🤝 Проектот „Заедно да превенираме и да се бориме против ракот на дојка – 2026“ е финансиски поддржан од Локалната самоуп...
01/06/2026

🤝 Проектот „Заедно да превенираме и да се бориме против ракот на дојка – 2026“ е финансиски поддржан од Локалната самоуправа на Општина Свети Николе.

📅 На 27 мај 2026 година Организацијата на жени на Општина Свети Николе реализираше работилница на тема „Психологија на насилството“ со групата за самопомош составена од жени заболени и лекувани од карцином на дојка и матка.

👩🏫 Работилницата ја водеше психологот Емина Петкова, а учесничките имаа можност да разговараат за различните форми на насилство, причините за насилното однесување, предизвиците со кои се соочуваат жртвите и улогата на семејството, пријателите и институциите во процесот на поддршка.

💜 Преку отворена дискусија, размена на искуства и практични примери, учесничките стекнаа нови знаења за препознавање на насилството и начините за негово надминување.

🌷 Заеднички заклучок од работилницата беше дека препознавањето на насилството, зборувањето за проблемот и барањето поддршка се првите чекори кон позитивна промена.

Прочитајте повеќе за работилницата на следниот линк: https://womsvetinikole.org.mk/public/rabotilnica-na-tema-psihologija-na-nasilstvoto/

#ОЖОСВН #ЗаедноПротивРакНаДојка2026 #Поддршка #ПсихологијаНаНасилството #Едукација #ЖенскаСолидарност #СтопЗаНасилство #СветиНиколе

🩸 28 Мај – Светски ден на менструалната хигиенаМенструацијата е природен дел од животот, но за многу девојки и жени сè у...
28/05/2026

🩸 28 Мај – Светски ден на менструалната хигиена
Менструацијата е природен дел од животот, но за многу девојки и жени сè уште е тема проследена со стигма, срам и недоволна едукација.
Светскиот ден на менструалната хигиена се одбележува на 28 мај со силна симболика:
🔸 менструалниот циклус просечно трае 28 дена- затоа се одбележува на 28миот ден,
🔸 менструацијата просечно трае околу 5 дена- затоа се одбележува во мај.
Овој ден потсетува дека пристапот до менструална хигиена, информации и безбедни услови треба да се достапни на секого.
Сите ние треба да се залагаме за:
✔️ отворен разговор без табуа,
✔️ едукација и информираност,
✔️ достоинство, здравје и еднакви можности за секоја девојка и жена.
Кога зборуваме отворено, рушиме стигми.
Кога се едуцираме, создаваме промени. 🤍
#МенструалнаХигиена #ЖенскоЗдравје #ОЖОСВН

27/05/2026

💛💛💛

The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje

Денешниот ден помина во духот на тимската работа, дружбата и позитивната енергија 💫Со девојките од програмата „Растеме з...
27/05/2026

Денешниот ден помина во духот на тимската работа, дружбата и позитивната енергија 💫

Со девојките од програмата „Растеме заедно во лидерки на заедницата" реализиравме тимски игри исполнети со смеа, возбуда, натпреварувачки дух и многу убави моменти.

Токму ваквите активности нè потсетуваат колку е важно да растеме заедно, да се поддржуваме и да создаваме безбедна и инспиративна средина за секоја девојка 💛

The Kvinna till Kvinna Foundation
Embassy of Sweden in Skopje

🌍 21 Мај – Светски ден за културна разновидност за дијалог и развојВо свет исполнет со различности, токму почитта, дијал...
21/05/2026

🌍 21 Мај – Светски ден за културна разновидност за дијалог и развој
Во свет исполнет со различности, токму почитта, дијалогот и меѓусебното разбирање се темел за посилна и похумана заедница.
Ние веруваме дека културната разновидност не е пречка – туку богатство кое нè поврзува, учи и развива. Преку нашите активности, се залагаме за општество во кое секој глас е слушнат, секоја различност е почитувана, а секој човек има еднаква можност да придонесува и да се развива.
Дијалогот создава разбирање.
Разбирањето создава солидарност.
А солидарноста создава промени.
Да продолжиме да градиме заедница во која различностите нè обединуваат, а не нè разделуваат. 🤝
#КултурнаРазновидност #Дијалог #Развој #Еднаквост #ОЖОСВН

🌸Како дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка – 2026“, поддржан од Општина Свети Николе...
20/05/2026

🌸Како дел од проектот „Заедно да превенираме и се бориме против ракот на дојка – 2026“, поддржан од Општина Свети Николе беа одржани едукативни работилници на тема „Остеоартритис“ во с. Црнилиште и с. Амзабегово🌸

На 18 мај 2026 година во с. Црнилиште и на 19 мај 2026 година во с. Амзабегово, ОЖОСВН реализираше две работилници во рурални средини, посветени на подигање на свеста за остеоартритисот, неговите симптоми, превенција и третман.

👩⚕️ Предавачка беше д-р Гордана Митева, докторка по семејна медицина.
💙 Благодарност до сите жени кои активно учествуваа и придонесоа за отворена и корисна дискусија.

Прочитајте повеќе за работилницата на нашата веб страна на следниов линк: https://womsvetinikole.org.mk/public/rabotilnici-na-tema-osteoartritis/

🔥🚒 Ден на пожарникарите во Македонија– 20 мај 🚒🔥Денес им оддаваме почит на сите пожарникари за нивната храброст, посвете...
20/05/2026

🔥🚒 Ден на пожарникарите во Македонија– 20 мај 🚒🔥
Денес им оддаваме почит на сите пожарникари за нивната храброст, посветеност и секојдневна служба кон заедницата. Тие се оние што ги штитат нашите животи и домови – често ризикувајќи го сопствениот живот.
👩‍🚒 Иако оваа професија долго време беше доминирана од мажи, жените пожарникарки во светот секојдневно докажуваат дека храброста, силата и решителноста немаат пол. Со својата работа, тие оставаат силен и инспиративен белег.
✨ Нека овој ден нè потсети дека секој што има храброст и желба да помогне може да го прави тоа со гордост – без разлика на полот.

🔥 Благодарност до сите пожарникарки – вашата храброст инспирира! 💙🙌

#МеѓународенДенНаПожарникарите #Храброст #Инспирација #ЖениВоУниформа #ПожарникарствотоЕЗаСите #ОЖОСВН

🤝🌍 Меѓународен ден на заеднички живот во мир 🌍🤝Мирот е секојдневен избор што го правиме со нашите мисли, зборови и дела....
16/05/2026

🤝🌍 Меѓународен ден на заеднички живот во мир 🌍🤝
Мирот е секојдневен избор што го правиме со нашите мисли, зборови и дела. 🕊️✨
Да живееме заедно со почит, разбирање и прифаќање, без разлика на нашите разлики. 💛
Секој од нас има моќ да придонесе кон посмирен и поубав свет — со љубезен збор, со трпение и со отворено срце. 🤗🌿
Во мирното заедништво се крие најголемата сила на човештвото. 🕊️💛
#МеѓународенДенНаМиренЖивот #Мир #Заедништво #Љубов #Разбирање #Почит #ОЖОСВН 🕊️💙

💚 Недела за свесност за менталното здравје 💚Од 11 до 17 мај се одбележува Неделата за свесност за менталното здравје – п...
11/05/2026

💚 Недела за свесност за менталното здравје 💚

Од 11 до 17 мај се одбележува Неделата за свесност за менталното здравје – период што нѐ потсетува колку е важно да се грижиме не само за физичкото, туку и за нашето ментално здравје.

Менталното здравје е дел од секојдневието на секој човек. Начинот на кој се чувствуваме, размислуваме и справуваме со предизвиците влијае врз нашиот живот, односите и благосостојбата.

Оваа недела има цел да ја намали стигмата, да поттикне отворени разговори и да нѐ охрабри да побараме поддршка кога ни е потребна. Барањето помош не е слабост – тоа е храброст. 🤝

Да потсетиме:
✨ Не мора секогаш да бидеме „добро“
✨ Во ред е да зборуваме за чувствата
✨ Поддршката и разбирањето можат многу да значат

Грижата за менталното здравје треба да биде приоритет – секој ден, за секого. 💚
#МенталноЗдравје #ОЖОСВН

Address

Leninova No. 1
Sveti Nikole
2220

Opening Hours

Monday 09:00 - 16:00
Tuesday 09:00 - 16:00
Wednesday 09:00 - 16:00
Thursday 09:00 - 16:00
Friday 09:00 - 16:00

Telephone

032444620

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Организација на жените на општина Свети Николе-owmsvn:

Share