Неформална локална мрежа за родова еднаквост - НИКА

Неформална локална мрежа за родова еднаквост - НИКА НИКА се залага за еднакви можности на жените и мажите и нивно учество во сите структури во општествениот и јавниот живот во Свети Николе

Визија, мисија, цели на мрежа НИКА

Визија - Создаваме позитивни промени во општината и преку здружување и солидаризирање, креираме родово сензитивна општина без дискриминација, каде што жените може да ги достигнат своите потенцијали и интереси

Мисија - Иницираме и промовираме подобрување на социо-економската положба на жените на локално ниво преку градење на капацитети и застапување за активно в

клучување на жените во јавниот и политичкиот живот на општината.

Поаѓајки од визијата и мисијата на мрежата, НИКА има консултативна и советодавна функција и разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Советот на општината, Националните тела, локалните и националните институции за одредени прашања во врска со вклученоста на жените од Свети Николе во јавниот и политичкиот живот, како и социо-економскиот статус на жените на локално ниво.

НИКА се залага за еднакви можности на жените и мажите и нивно учество во сите структури во општествениот и јавниот живот преку подигање на свеста, информирање и едукација. Затоа ГЛАВНИ ЗАЕДНИЧКИ ЦЕЛИ кон кои се стреми НИКА се:

· Да придонесе кон унапредување на родовата еднаквост и еднаквите можности на локално ниво преку промовирање и покренување политичка волја, формирање партнерства и градење капацитети;
· Да поттикне, воспостави и развие дијалог и соработка помеѓу локалните чинители заради унапредување и подобрување на положбата на жените на локално ниво;
· Да воспостави канал за размена на мислења, информации, искуства, помеѓу релевантните локални чинители и нивните целни групи заради поголема вклученост на жените на различни нивоа во локалната заедница;
· Да ги охрабри жените да дејствуваат заедно и здружено во покренување инцијативи за унапредување на веќепостоечки или креирање на нови локални родово сензитивни политики;
· Да ја подигне свеста кај жените за прашања поврзани со нивните права, унапредување на квалитетот на живот и нивната благосостојба;
· Да се зајакне улогата на оваа група на локално ниво преку градење на капацитетите на членките на НИКА и стекнување на знаења и вештини за унапредување на родовата еднаквост на локално ниво;
· Да ја подигне свеста на локално ниво за важноста од вклучување на родовите прашања во локалните политики што вклучува и родово одговорно буџетирање.

Преку својата работа мрежа НИКА ја следи состојбата и ги разгледува прашањата поврзани со подобрувањето на квалитетот на живот, социо-економскиот статус и вклученост на жените на различни нивоа во општината. Во својата работа приоритет дава на:

· Почитување и унапредување на правата на жените и елиминирање на сите форми на кршење на човековите права и дискриминација на жените на локално ниво;
· Економска независност на жените и можности за вработување;
· Подобра информираност на жените;
· Градење на капацитет и стекнување на различни знаења и вештини од различни теми и области;
· Здравствена грижа и грижа за сопственото физичко и ментално здравје;
· Подигање на свеста за различни форми на насилство;
· Социјална заштита, заштита на деца, стари лица и сите маргинализирани лица и заедници;
· Интеграција на жените од руралните средини и жени од маргинализирани заедници во општествените/локалните текови;
· Грижа за здрава животна средина
· Други прашања и теми кои ги засегаат жените и девојките на локално ниво.

Како основачки членки на мрежа НИКА се водат членките кои први се приклучија кон оваа иницијатива во септември 2019 година. Ова членство е составено од 11 организации/институции, тела и органи и тоа: Локална самоуправа Свети Николе (координаторка за еднакви можности меѓу мажите и жените и заменичка), Комисијата за еднакви можности помеѓу мажите и жените при Советот на општина Свети Николе (Претседателката и нејзина заменичка), по две претставнички од: активот на жени при Сојузот на пензионери, Организација на жените на општина Свети Николе, Граѓанска Иницијатива на Жени Свети Николе, Унија на жени на ВМРО ДПМНЕ, Форум на жени на СДСМ, ОУ Дом на култура, ООУ Кирил и Методиј, ООУ Гоце Делчев и ООУ Даме Груев.

Address

Sveti Nikole
2220

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Неформална локална мрежа за родова еднаквост - НИКА posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Share