Здрава Котлина

Здрава Котлина Доколку проработи рудникот на смртта, ќе дојде до трајно и директно загадување на трите основни елементи за живот – водата, воздухот и земјата.

Оваа страна е креирана да даде подршка на активностите и напорите на непрофитното граѓанско здружение: "Здрава котлина" - чие што примарна цел е заштита на струмичката котлина од страна на било какви активности и дејствија, кои што директно или индиректно ја загрозуваат флората, фауната и населението на истата.

Како една од првите активности на здружението е борба против хорор сторијата што ни се

одвива пред нашите очи: Отварањето на рудникот Иловица-Штука.

„-Она што ќе и’ се случи на струмичката котлина, ако дозволиме овој рудник на смртта да проработи, би било директно загадување на трите основни елементи за живот – водата, воздухот и почвата!

А со тоа директно ќе влијае врз здравјето на луѓето, животните и растенијата.

Нашата цел е да го спречиме тоа зло, за животот во струмичката котлина, но и пошироко, да продолжи.“

Повторно полноќ. Повторно чад. Повторно истото прашање: кој нè труе и зошто никој не одговара?
10/06/2026

Повторно полноќ. Повторно чад. Повторно истото прашање: кој нè труе и зошто никој не одговара?

Полноќ е. Струмица повторно дише чад. А тие што треба да нè заштитат – спијат.
09/06/2026

Полноќ е. Струмица повторно дише чад. А тие што треба да нè заштитат – спијат.

ПЛАТЕНА РУДНИЧКА ПОМИЈАФрнчат платени реклами по Фејсбук и Инстаграм, разбудени мечки лапат "рудничка кака" по емисии, с...
04/06/2026

ПЛАТЕНА РУДНИЧКА ПОМИЈА

Фрнчат платени реклами по Фејсбук и Инстаграм, разбудени мечки лапат "рудничка кака" по емисии, се појавуваат нови портали што трескаат рудничка пропаганда, ПлусИнфо ја фура иста рудничка реторика потпишана "од редакција" што се пренесува на други, фарма ботови дрндат папагалски исти глупости, па дури и признаваат дека руски капитал е во игра...

Активирани се на максимум да го сменат мислењето на народот за отварање на рудникот Иловица-Штука!

Отровната рудничка пропагандна помија е пласирана насекаде и кај да е ќе ви излезе од фрижидерот. Се фрла пари по ПР агенции и инфлуенсери, ама џабе е! Луѓето бегаат од рударството и не постои начин да убедите нови луѓе во старите лаги дека ќе има долгорочен благодет, баш напротив - реалноста ве демантира на секој чекор. Загадувањето е реално, но еднаш створената зависност (ако се дозволи отворање рудник) во земјоделски крај како што е југоисточна Македонија останува негативно стотици години.

Е затоа народот насекаде си го кажува своето и ги плука платените текстови, им бришат коментари ама џабе е. Отпорот е масовен и преголем за ПР агенциите!

Туку настрана платената рудничка пропаганда, круцијално е следно:

Министерке Божиновска, до каде е одземањето на истечените концесии Иловица 6 и Иловица 11?

Веројатно досега ви кажале дека нема никаква правна основа за издадена концесија во 2012 на рудник за металични суровини да биде важечка во 2026 а да нема дозвола за експлоатација што според законот мора да се добие во максимален рок од 4 години од добивањето на концесијата! А сите судски пресуди се недвосмислено јасни и нема никакво запирање на законите оти во ниту една пресуда нема таков правен лек или управна постапка.

Ова е не само што е основа за кривичен прогон туку и генерира дискриминација спрема сите останати концесионери кои ете не се третираат како Еуромакс Ресурси. Замислете сите концесии така од ракав да се толерираат по 10 години после максималниот законски рок???

Ова е селективна примена на законот и отвара можност секој да си избира кој закон сака да го почитува или да не го почитува!

Не постапувањето по законите креира анархија и целосна демотивација на народот кој е присилен да плаќа давачки и казни а овие од шарената крава концесионери да фураат скапа платена пропаганда и безаконие!

Не може да се верува на ништо што се кажува кога нема основно почитување на законот што ја уредува оваа материја!

Законот е закон за сите! Па има други закони и за Вас ако не постапите по законот!

Рудник нема да има!

U.S. Embassy North Macedonia
Delegation of the European Union to North Macedonia

ДЕПОНИЈАТА ВО БОСИЛОВО ПОВТОРНО ГОРИ! Ова се фотографии од запалената депонија во с. Босилово, која веќе втор ден гори! ...
29/05/2026

ДЕПОНИЈАТА ВО БОСИЛОВО ПОВТОРНО ГОРИ!

Ова се фотографии од запалената депонија во с. Босилово, која веќе втор ден гори! И, за жал, ова не е ниту прв, ниту пак има некакви знаци дека ќе биде и последен!

Многу пати досега како преку нашата страница, така и на официјални седници на Советите на општините, но и на официјални средби со градоначалниците сме предлагале решенија за депонииите што горат и што се трупаат. (Се разбира, не само во Босилово, туку во сите општини во струмичкиот регион.) Но, тоа никако да се стави на дневен ред и така продолжуваме да се гушиме, труеме и умираме од смрдливиот, леплив и гнасен чад! Постојано некој друг е виновен, а не тие што треба да управуваат правилно со депониите!
Нели сте свесни за последиците од овој смртоносен трујач?!?
Е до кога вака, Општина Босилово @ЈПКД “Огражден” - Босилово!?!

ДЕЦАТА, МОРА ДА ГИ СПАСИМЕ ДЕЦАТА ОД ОВОЈ ОТРОВ, ИНАКУ СО ОВА “МАСТИЛО” ЦРНО ИМ СЕ ПИШУВА!!!

ЛАЖГОТО ГРОЗДАНОВПретпоставуваме дека за да напише таква простачка колумна (не)дипломираниот "искусен" металург што се п...
28/05/2026

ЛАЖГОТО ГРОЗДАНОВ

Претпоставуваме дека за да напише таква простачка колумна (не)дипломираниот "искусен" металург што се претставува како медиумски работник од ЈСП Скопје треба да е или платен со некаков кеш или психолошки "компензиран". Можеби пак се работи за некаква комбинација од таа негова самопроекција. Како и да е, човекот се појави и почна да си пишува вакви гнасни колумни од 2023 кога "случајно" почна интензивна пропагадна активност на платен ПР од Еуромакс Ресурси и ангажман на повеќе ПР агенции како на пример Чаптер 4 од Скопје. Во истиот период се појавија новото пропагадно НВО возило "И здравје и работа" и кое преку буквално една ноќ доби 5000 поддржувачи како купена фарма ботови. Секако ПлусИнфо од тоа време си има "професионална новинарска пракса" да ја објавува само црната рударска пропаганда со лажни вести, а втора страна на илјадници народ не е битна. Очигледно во тој свет битен е само кешот и да не се занесуваат дека биле новинарски бардови а нивото е дно дна! Оваа тактика не е нова и еве се повторува со нови рударски страници со иста пропаганда и иста ботовска фарма преку ноќ што фура платени реклами. Демек или ќе работи Иловица и рудниците во југоистокот или ќе пропадне Македонија.

Е сега да расчистиме некои работи - СИТЕ ОВИЕ ПЛАТЕНИ ПРОПАГАНДИ РАБОТАТ ЗА СТРАНСКИ ЦЕНТРИ НА МОЌ - во прв ред Бугарија и Русија. Нивните пропагадни се декларираат за Швајцарски капитал, но преку КАЈМАНСКИ ОСТРОВИ, ДЕВСТВЕНИ ОСТРОВИ И ДРУГИ ДАНОЧНИ РАЕВИ каде се перат пари и се носат во државата за плаќање на вакви пропаганди и секако влијание врз политичките елити.

За разлика од Грозданов ние објавуваме документи кои секако се интересни за разузнавачките и владините служби но со таа разлика што за се што кажуваме имаме црно на бело. А западните амбасади добро знаат од каде дува ветерот за овие медиумски агенти кои манипулираат со конктетна цел во интерес на странски инвеститори директно или индиректно поврзани со Русија. Ова не е само наше мислење туку и мислење на различни меѓународни организации во прв ред истражувачки новинари.

Интересно е спомнувањето на вице-премиерот Александар Николовски во контекст на рудниците од дезориентираниот лобист Грозданов. Треба да знае дека токму вице-премиерот Николовски уште од 2020 наваму отворено зборува за истите работи што ги зборуваме ние за случајот со Иловица-Штука и кој што отворено повеќе пати има јавно искажано јасни ставови дека народот во нашиот крај не сака рудници. Ова беше препознаено на последните парламентарни избори во 2024 кога и во предизборната кампања се потврдуваше овој став, се потврдуваше и во изјавите на локалните избори во 2025. Очекуваме ова да продолжи да опстои како јавно даден збор од сериозен политичар. Да не заборавиме дека вице-премиерот Николовски е претседател на владината комисија за арбитражи која успеа да победи во арбитражната постапка за Казандол. Се сеќаваме дека истиот лажго Грозданов трубеше дека ОН ЗНАЕЛ ОД ИЗВОРИ дека Македонија веќе изгубила на арбитражен суд за рудникот Казандол и дека ќе плаќаме стотици милиони оштета - излезе дека ЦЕЛО ВРЕМЕ ЛАЖЕЛ!

Најверојатно Грозданов или свесно навивал Македонија да изгуби на меѓународен суд или бил платен за да шири дефетизам или бил психички компензиран па еве со месеци ЛАЖЕШЕ дека сме изгубиле ама не ни кажуваат од Влада??? Или нешто трето??? А така лесно и насилнички повикуваше на кривичен прогон...

Во оваа прилика добро е државните служби (сите што тој ги наброја) да се позанимаваат со ваков шарлатан кој јавно пробува да внесе немир и да разгори тензии во име на некаква корист од странскиот центар на моќ кој евидентно овде е застапен од Грозданов! Но да ги проверат од каде доаѓаат такви инструкции! Од каде на каде таква слобода да инпутира, да нарачува, да навредува, да манипулира со сите па и со државниот врв?!?

А добро е и да се запрашаме каде завршија милиони евра наводно донации во Македонија од Еуромакс Ресурси во предизборни периоди. Не е дека народот доби милиони евра помош оти тоа не е мала пара ама еве факт е дека во нивните сметководствени книги тие милиони евра се прокнижени како дадени. Ако ова не е поткуп и корупција во изборна година тогаш што е донација на џипови, униформи и слични работи на државни институции кои ДИРЕКТНО треба да одлучат во својот делокруг на работа за работи поврзани со добивање дозвола за експолатација. Не може бре Еуромакс да бара вода од Турија преку Струмички Слив а во исто време да им донира униформи и опрема со нивни бренд. Или донацијата на џип на археолозите што треба да проверат дали имало или немало археолошки наоди во концесиското поле - на кој свет се они??? Како тоа донирате а чекате од истите да ви одобрат??? Како тоа сметководствено должите повеќе од 40 милиони долари и продавате акции за да имате основна ликвидност да не згаснете, АМА ДОНИРАТЕ МИЛИОНИ ПРЕД ИЗБОРИ??? Така ли прават во Швајцарија и Канада??

Најнечист капитал и привлечени локални заслепени бизнисмени кои ќе се фатат во мрежата и после ќе кукаат...

Најдобронамерно и укажуваме на министерката Божиновска да постапи по Законот за минерални суровини зошто не постои никаква судска постапка или пречка што по ЗОУП го одложува одземањето на законски истечените концесии. Ова не е играчка и нема да има никаква одбрана а пресудите на судовите се јасни. Да не излезе после дека Крешник Бектеши подметнал толкувања тогаш, а сега по нив се оди слепо. Законите делуваат постојано и без запирање или по селективен избор. Очигледно е дека некој од страна има голем финансиски интерес концесиите да останат противзаконски но токму тогаш се остваруваат битието на кривичните дела.

Рудници нема да има!

#рудници #иловицаштука #лажго

U.S. Embassy North Macedonia
Delegation of the European Union to North Macedonia

Силна поддршка за Марина Томова! Активистите секогаш биле притискани и заплашувани, а сега дури и т.н. новинари со обиди...
27/05/2026

Силна поддршка за Марина Томова!
Активистите секогаш биле притискани и заплашувани, а сега дури и т.н. новинари со обиди за деградација на личноста! Колку бедно!
Нема да ви минат ниту лагите, ниту простотијата што ја ширите, загадувачи!
РУДНИЦИ НЕМА ДА ИМА!

26/05/2026

Читател ни испрати видео од Индустриска зона Север, каде од еден објект се издига црн чад.

Во нормална држава ова би било аларм за инспекции; кај нас стана уште една снимка од секојдневието во кое никој не одговара за воздухот што го дишеме.

24/05/2026

ЛАЖГОВЦИ И ПРЕВАРАНТИ

Се јавија од ПР агенцијата, односно здружението на Еуромакс, демек сме ги плашеле луѓето, сме измислувале, сме биле без аргументи итн...

АБЕ ВЕ ФАТИВМЕ КАКО ЛАЖЕТЕ И СПИНУВАТЕ ПО МЕДИУМИ ЗА МАНУ!!!

КАДЕ МАНУ ПРЕПОРАЧАЛ ДА СЕ ОТВОРИ ИЛОВИЦА???

КАДЕ И КОГА Е УСВОЕНА СТРАТЕГИЈАТА ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ???

ЗОШТО НЕ ГО ПРАШАТЕ МАНУ???

ЗАТОА ШТО СТЕ ЛАЖГОВЦИ ФАТЕНИ СО СПУШТЕНИ ГАЌИ

Ние бевме и учествуваме на секоја јавна сесија со аргуменити, имаме докази и записи. А вие што лажете и спинувате КАДЕ БЕВТЕ???

Ние сме овде скоро 10 години и сме истите со огромна архива на списи, документи, студии, додека вие бегате од јавни соочувања затоа што немате аргументи. Затоа и сите политички партии излегоа со ставови да нема рудник. Освен нели Гром на Стевчо (Стив шо ќе каже другар му Мечка) од црната листа.

Насанкувате новинари со манипулации да се брукаат јавно!

Ве фативме со како шурувате со сите, купувате продавате магла, бугарски капитал преку Кајмански острови со понуда за спојување со руски капитал. Вртевте и со Тетово ќе правете фабрики за електрични автомобили, Артан Губи сечеше ленти итн... Инфомакс тогаш што зборуваше а сега што зборува, ама тоа било конзистентно... Абе ајде 😆😆😆

Инфомакс ќе тужел да сме ќутеле... Абе какво ќутење какви бакрачи. Она што се шепоти тајно има да се развикува од покривите! Ние на суд ќе извадиме се црно на бело, ќе ве научиме за аргументи од хемија, физика, геологија, економија итн. Ама имаме и убави документи така незгодни и после да не цвикате од оние политичко-бизнисменски фактори со политичко влијание кои ВЕЌЕ СОРАБОТУВААТ СО РУСКИ ФИРМИ. Баш ќе биде убаво и забавно да се повикуваат за сведоци и со документи. И тогаш нема бришење на коментари како на Инфомакс 😉

Останува барањето за одзимање на концесиите на Еуромакс Ресурси затоа што 14 години немаат добиено дозвола за експлоатација. Дозволено е само 4 максумум. Нема никаде правен начим да стои концесија 14 години и за ова ќе се одговара сериозно! Повторно ја повикуваме министерката Божиновска да постапи по законот! Не може да се одбрани таков преседан и ќе има формална одговорност во формална процедура и затоа најсериозно и посочуваме!

Инаку за заканата со тужба од Инфомакс ќе почекаме да ја добиеме па одговориме формално. Не е нешто ново СЛАП тужби во недостиг на аргументи. А за вонземјани не знаеме, тоа Мечка си спинува како по обичај...

П.С: Слушнете го Мечка како се препелка во глупави објаснувања, така е кога не знае дека го излагале со некакви договори да немало цијанид. Абе со кој тоа се договорил Еуромакс оти со државата сигурно нема таква опција а официјалните студии дадени по министерствата што се единствено валидни и се расправани на јавни расправи - во нив има цијанид и сулфурна киселина. За да се смени тоа мора нови студии нов технолошки процес, нови јавни расправи. Така ти е тоа Мечка "пријателе" кога се глупираш јавно и те лажат претходно. Ама на суд ќе ти стане појасно...
😄😄😄

Ајде МРШ

А рудници нема да има!!!

#рудницинемадаима

U.S. Embassy North Macedonia
Delegation of the European Union to North Macedonia

ЛАЖНИ ВЕСТИ, КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ И РУДАРСКА МАФИЈАВо последно време се одвива организирана и добро финансирана кампања за с...
22/05/2026

ЛАЖНИ ВЕСТИ, КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ И РУДАРСКА МАФИЈА

Во последно време се одвива организирана и добро финансирана кампања за создавање медиумски хајки околу потенцијални рудници во Струмичко, Валандовско, Гевгелиско и Прилепско. Зад неа не стојат новинари — стојат платеници. Портали пренесуваат невистини без трунка совест и без никаква проверка на фактите, а знаат точно што прават и зошто го прават.

ЛАГИ ОКОЛУ МАНУ — КОЈ НАРАЧА, КОЈ ИЗВРШИ

Одредени медиуми објавија целосно фабрикувана реакција на МАНУ, претставувајќи ја лажно како институционална поддршка за отворање на рудниците Иловица и Плавица. Тоа е свесна лага, конструирана за да создаде впечаток на научен консензус кој не постои.

Академик Блажо Боев, национален координатор на Стратегијата за рударство, јавно изрази сосема поинаков став на последната сесија на Технолошко-металуршкиот факултет — пред полн амфитеатар на сведоци и за што еден недипломиран рударско-медиумски лобист јавно го напаѓаше. Во нацрт верзијата имаше спомнување на Иловица како и сите потенцијални точки но по масовни реакции се кажа дека ќе се ревидира поради низа правни, еколошки, технички и економски недоследности за кои нема соодветно решение. Не може со лобирање да се вменува произволно интерес без задоволување на суштината на јавниот интерес и критерумите кои важат за сите останати. Финалната верзија на стратегијата сè уште не е јавно презентирана ниту усвоена. Значи — нема документ, нема одлука, нема основа. Значи има само лага пласирана за пари.

Прашањето не е само кој ги напишал лагите — туку кој платил да се напишат.

МИНИСТЕРКАТА МОРА ДА ПОСТАПИ — ИЛИ ЌЕ ОДГОВАРА

Законот е јасен и нема простор за интерпретација. Концесијата на Еуромакс е издадена во 2012 година. Законскиот максимален рок за добивање дозвола за експлоатација е 4 години. Во 2026 година — четиринаесет години подоцна — таа дозвола сè уште не постои што директно е дефинирана причина за одземање на концесиите!

Тоа не е административен пропуст. Тоа е систематско заобиколување на законот, одржувано со години со очигледна политичка заштита. Не е можно да се издаде дозвола за експолатација затоа што се уште се заглавени на истите проблеми со еколошките студии, имотно-правните односи, водоснабдување, пренамена на земјиште итн. Оваа каша попара трае премногу време и Еуромакс Ресурси не се од шарената крава па затоа мора веднаш да се постапи по законот и да им се одземаат концесиите!

Министерката Божиновска е должна веднаш да ги одземе концесиите согласно актуелниот Закон за минерални суровини. Доколку тоа не го стори — ќе следат кривични пријави против неа лично и против сите функционери кои свесно го толерирале ова незаконско задржување на концесии. Нема имунитет. Нема заборавање, нема никаква правна основа за одоговлекување на веќе 10 години толеранција надвор од законите. Овој пат нема застарување, а ОЈО ГОКК можеби веќе е во некаква постапка за високо профилиран криминал. Замислете ако сите така почнат да одолговлекубаат за сите работи па и да си бираме кои закони да ги почитуваме а кои закони не!

Го повикуваме известувачот за Македонија, господинот Томас Вајс да го документира секој чекор во наредните месеци — кој постапува, кој не постапува и зошто. Ова секако ќе стигне до Европскиот Парламент на еден или друг начин!

РУСКИОТ КАПИТАЛ, БУГАРСКИОТ ТАЈКУН И ЛОКАЛНИТЕ СЛУГИ

Ова е местото каде работите стануваат особено интересни — и особено опасни за сите вмешани.

Зад лобирањето за Иловица-Штука стои бизнис интерес на Цоло Вутов — бугарски тајкун и руски академик, кој во моментот активно се реструктурира за да воспостави соработка со постоечки руски капитал во активен рудник во Радовиш на само 30 километри од Струмица.

Целта е кристално јасна: создавање на едно масивно Струмичко-Радовишко рударско комплекс под странска финансиска контрола, прикриена преку Кајмански острови и разгранета мрежа на номинални сопственици.

За таа цел им се потребни локални слуги. И ги имаат затоа што се заслепени па купуваат камиони за носење руда.

Струмички бизнисмени и државни функционери — добро познати во локалните средини — активно учествуваат во оваа шема. Тие се мостот помеѓу рускиот капитал преку бугарски фирми и македонскиот политички систем. Тие играат оро со врхушките на партиите. Тие договараат и бараат да земат провизии. Тие мислат дека сето тоа нема да излезе на виделина и дека сите ние ќе дозволиме да ср труеме за нивните длабоки џебови.

Грешат.

Западните амбасади имаат детален и документиран увид во овие врски и динамики. Механизмите за санкции и црни листи се веќе во движење. Ќе има нови имиња на тие листи — и некои од нив ќе бидат струмички.

Масоните од ложата на Живко Груевски кои одработуваат за Вутов и Солвеј нека знаат: операциите што ги преземаат имаат руско позадина и веќе западна видливост. Тоа е комбинација со многу лош крај.

ЛОКАЛНИТЕ ШЕРИФИ: КОЛКУ ДОЛГО ЌЕ ТРААТ АПЕТИТИТЕ?

Прашањето е едноставно и директно: локалните шерифи и функционери кои го штитат ова лоби — мислат ли дека можат да исконтролираат илјадници разбеснети граѓани во Струмичко, Гевгелиско, Валандовско и Прилепско?

Мислат ли дека народот ќе остане мирен додека тие очекуваат да лапаат провизии, а нашите деца пијат отровна вода и дишат метален воздух?

Мислат ли дека платената пропаганда преку ботовската мрежа на Плусинфо и мотивираните подкастери ќе ги замени документираните факти и десетгодишниот граѓански отпор?

Паљачовците од Инфомакс до пред 6 месеци пееа друга песна па сега почнаа да бришат видеа и да лижат каде досега плукаа. Но тие се небитни и прочитани, си го урнаа кредибилитетот на НУЛА и еве почна да ги плука народ на нивните глупости. Во прилог има слики од нив каде истиот Мечка нешто друго зборува за истите рудници...

Ситуацијата со рудникот за антимон во Крива Паланка навистина ги разбуди локалните апетити во ИЕ4 — но апетитот не е стратегија. Апетитот без проценка на ризик е пат кон катастрофа. За нив.

Ако мислите дека ИЕ4 нема да излезе масовно на улица, ако мислите дека блокадите на патишта беа максимумот, ако мислите дека до 2028 можете мирно да одите на избори без масовно да се собереме против вас — длабоко грешите.

ЗОШТО РУДНИК ВО СТРУМИЧКО Е АПСОЛУТНО НЕПРИФАТЛИВО

Десет години документирано го блокираме ова зло. Фактите не се менуваат:

- Не постои ниту едно технолошко решение во науката кое гарантира безбедност за ваков тип рудник во густо населен регион како во Југоисточна Македонија.
- На секоја јавна дебата, научна сесија, телевизиско соочување и неформална средба — апсолутно никој не понуди конкретни одговори за еколошките и здравствените ризици. Мнозинството молчеле. Оние што зборувале — признале дека проектот е проблематичен и побарале да не ги третираме сите концесионери исто.
- Од МАР (асоцијација на рударите) имаа сличен став и затоа Еуромакс Ресурси ги прозиваше да застанат позади нив.
- Граѓаните на референдуми, советите и општини, политичките партии, Црквата, медиумите — сите, без исклучок, едногласно се против.

Не случајно бараат вода од Турија. Не случајно имаат скандали со еколошките студии. Не случајно бараат промена на законот. Не случајно купуваат медиумски паљачовци. Секое „не случајно" е уште еден доказ во досието.

Ова не е апел не е молба. Ова е предупредување.

Секој обид за притисок врз нас ќе резултира со уште поголем јавен притисок — посилен, пошироко координиран и поупорен. Нема да има мирен ден за оние кои свесно работат против интересите на народот во ИЕ4.

Во Југоисточна Македонија постои тврд орев веќе десет години. Одлуката дали да си ги скршите забите на него — ваша е. Нема да сте први! Но последиците ќе ги сносите единствено вие.

Рудници во ИЕ4 нема да има!
Не си играјте со народот!

U.S. Embassy North Macedonia
Delegation of the European Union to North Macedonia

Address

Bratstvo Edinstvo
Strumica
2400

Telephone

+38978426543

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здрава Котлина posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здрава Котлина:

Share