ЦПЛИП - Порака Струмица

ЦПЛИП - Порака Струмица ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица ги застапува интересите и правата на лицата со попреченост во интелектуалното функционирање.

Како невладина и непрофитна организација, Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица (ЦПЛИП ПОРАКА - Струмица) има за цел застапување на интересите и правата на лицата со попреченост во интелектуалното функционирање. Своите активности ги реализира како една од локалните организации на Републичкиот Центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост, чие седишт

е се наоѓа во Скопје. Освен лицата со интелектуална попреченост, активни членови на ЦПЛИП ПОРАКА - Струмица се и родителите и старателите на членовите со попреченост кои, исто така, се активно вклучени во реализацијата на активностите.
ЦПЛИП ПОРАКА - Струмица е единствена невладина организација во општина Струмица и поширокиот струмички регион која ги обединува лицата со интелектуална попреченост и единствена организација во која, веќе шеста година по ред, функционира вонинституционална форма на заштита на тие лица – Социјален Клуб. Заради тоа, секогаш при подготвувањето на годишната програма за работа на ЦПЛИП ПОРАКА - Струмица, активностите се поделени на оние кои се реализираат во Социјалниот Клуб и активности преземени во пошироката средина. Во своето дејствување ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица се залага за партнерство и размена на идеи со останатите невладини организации во регионот како и промовирање на своето функционирање пред локалната заедница.

🐣🌷Велигденска акција во засадување цвеќиња во салон ELEGANCE NAILS BY MARTINA од Струмица. 💐⚘️Благодариме за поканата и ...
09/04/2026

🐣🌷Велигденска акција во засадување цвеќиња во салон ELEGANCE NAILS BY MARTINA од Струмица. 💐⚘️

Благодариме за поканата и поддршката! 🙏🫂

Уживајте во претстојните празници.✨️

🌺🏵Цветници во с. Раборци. 💐⚘️Облечени во народни носии, пеевме велигденски песни и јадевме вкусно подготвена домашна хра...
05/04/2026

🌺🏵Цветници во с. Раборци. 💐⚘️

Облечени во народни носии, пеевме велигденски песни и јадевме вкусно подготвена домашна храна и топол печен леб! 🐣🪺🍞

Благодариме Suzana Misevska Stoilkova за гостопримството! 🙏

✨️Од вчерашниот велигденски базар!🐣🪺🙏Благодариме на сите што бевте дел од нашата велигденска приказна.💫
05/04/2026

✨️Од вчерашниот велигденски базар!🐣🪺

🙏Благодариме на сите што бевте дел од нашата велигденска приказна.💫

💫Велигден е на прагот! 🐣 Нашата традиција продолжува! ✨️Оваа сабота, Лазарова Сабота, 04.04.2026 г. од 10 ч. со велигден...
02/04/2026

💫Велигден е на прагот! 🐣 Нашата традиција продолжува!

✨️Оваа сабота, Лазарова Сабота, 04.04.2026 г. од 10 ч. со велигденски штанд ќе бидеме во центарот на Струмица, во малото паркче спроти ТЦ ГЛОБАЛ.📌

🐰Ве покануваме да дојдете и да си го изберете омилениот велигденски украс, рачно изработен во нашиот Социјален Клуб.🪺

Се гледаме во сабота!❤️

Денес го одбележуваме светскиот ден на лицата со Даунов синдром. 💫Заедно со Tiverija Strumica Women's FC ве потсетуваме ...
21/03/2026

Денес го одбележуваме светскиот ден на лицата со Даунов синдром. 💫

Заедно со Tiverija Strumica Women's FC ве потсетуваме дека различноста не е пречка, туку вредност што треба да се прифати и поддржи.💪

Беше забавно! Уживавме и навивавме во натпреварот, а нашите членови не можеа да одолеат и играа на крај ,,пенали"! 😆

Благодариме девојки за поддршката и што бевте дел од нашата ПОРАКА. 🙏

Мала акција во знак на одбележување на 21-ви Март, Меѓународниот ден на лицата со Даунов сиднром. 💫Благодарение на донац...
19/03/2026

Мала акција во знак на одбележување на 21-ви Март, Меѓународниот ден на лицата со Даунов сиднром. 💫

Благодарение на донацијата од Градина ,,Цвет" - с. Владевци, членовите на Дневниот Центар за лица со попреченост од Струмица, ПОРАКА Струмица и Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица, засадија цвеќиња и дрвца во дворот на Центарот. 🪴🌷🌲

Нека оваа мала акција е знак на нашата соработка, подадена рака и заедничка порака за меѓусебна поддршка! 🤝

💌Честит 8-ми Март на сите жени!💌Жените-борци во ПОРАКА - Струмица на заеднички ручек со членовите на Клубот, разговаравм...
08/03/2026

💌Честит 8-ми Март на сите жени!💌

Жените-борци во ПОРАКА - Струмица на заеднички ручек со членовите на Клубот, разговаравме за предизвиците и зацртаните цели.

❗️Потсетуваме дека жените и девојките со попреченост се предмет на многукратни дискриминации и во овој правец потребно е континуирано да се преземаат мерки за да се обезбеди нивно целосно и еднакво уживање на сите човекови права и основни слободи, како што е предвидено во чл. 6 од Конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Исто така, потребно е да се преземаат сите соодветни мерки за да се обезбеди целосен развој, унапредување и овластување на жените со цел гарантирање и уживање на човековите права и основни слободи, утврдени во оваа Конвенција.❗️

Благодариме на поканата и безрезервната поддршка! Ни беше задоволство! 📖😊
18/02/2026

Благодариме на поканата и безрезервната поддршка! Ни беше задоволство! 📖😊

Љубов ❤️Од денешната мала, но полна со љубов кампања во ГЛОБАЛ Струмица, каде подарувавме обележувачи за книги со срциња...
14/02/2026

Љубов ❤️

Од денешната мала, но полна со љубов кампања во ГЛОБАЛ Струмица, каде подарувавме обележувачи за книги со срциња. 🎉📖

Направено од нас за вас со многу љубов!

Благодарност до Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Струмица што не' поддржаа! 🫂🙏

СРЕЌНА НОВА 2026 ГОДИНА! ✨️🎉Нека ни донесе на сите здравје, среќа и успеси! ✨️Ја испраќаме старата година со силна верба...
01/01/2026

СРЕЌНА НОВА 2026 ГОДИНА! ✨️🎉

Нека ни донесе на сите здравје, среќа и успеси! ✨️

Ја испраќаме старата година со силна верба и желба за подобра година, исполнета со уште нови активности!🙏

Продолжуваме заедно да ја пишуваме нашата ПОРАКА и да се бориме правата на лицата со попреченост да се секогаш реалност!📨

Убави новогодишни и Божиќни празници од тимот на ЦПЛИП - ПОРАКА Струмица.❤️

🎅❄️☃️И ние сме таму, под елката со нашите новогодишни украси!🎉🎉Сабота и недела од 12 до 16 ч., а понеделник и вторник од...
27/12/2025

🎅❄️☃️И ние сме таму, под елката со нашите новогодишни украси!🎉🎉

Сабота и недела од 12 до 16 ч., а понеделник и вторник од 14 до 18 ч.

Ве очекуваме да си го изберете омилениот украс!✨️

Address

Улица Крушевска Република бр. 21
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ЦПЛИП - Порака Струмица posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to ЦПЛИП - Порака Струмица:

Share