Центар за истражување и анализи НОВУС / NOVUS

Центар за истражување и анализи НОВУС / NOVUS Centre for research and analysis NOVUS is non-governmental organization, based in Strumica, North Macedonia.

Vision:
-Enhancing the status of citizens and youth
-Protection of human rights and freedoms
-Promoting European values and principles
- Encourages local development

📢 НОВУС го реализира вториот ден од Академијата за финансиска писменост како клучна вештина кај младите📍Во рамки на прое...
12/06/2026

📢 НОВУС го реализира вториот ден од Академијата за финансиска писменост како клучна вештина кај младите

📍Во рамки на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, денес се одржа вториот ден од четиридневната обука посветена на зајакнување на финансиските знаења и вештини кај младите.

👥 Учесниците работеа на теми поврзани со финансиско планирање, штедење, заштита од ризик и задолжување, а преку интерактивни сесии се запознаа и со интегрираните модели на финансиска писменост кои ги поврзуваат финансиската перцепција, планирање, однесување и перформанси.

📚 Преку практични примери, работни листови, квизови и групни активности, младите имаа можност да ги применат стекнатите знаења во реални животни ситуации и да развијат одговорен пристап кон управувањето со личните финансии.

🍀 Вториот ден беше насочен кон продлабочување на разбирањето на финансиските одлуки и градење навики кои придонесуваат за поголема финансиска сигурност и независност кај младите.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas и се реализира во партнерство со Центар за развој и промоција Промо Идеа и Здружение КРУНА ПЛУС Радовиш.

📢 НОВУС започнa со првиот ден од Академијата за финансиска писменост како клучна вештина кај младите📍Во рамки на проекто...
11/06/2026

📢 НОВУС започнa со првиот ден од Академијата за финансиска писменост како клучна вештина кај младите

📍Во рамки на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, денес НОВУС го реализира првиот ден од четиридневната обука посветена на унапредување на финансиската писменост кај младите.

👥Учесниците имаат можност да се запознаат со основите на финансиската писменост, вклучувајќи клучни поими и принципи како што се временската вредност на парите, опортунитетни трошоци, приходи и расходи, финансиско планирање, штедење и задолжување.

📚Програмата е заснована на интерактивен пристап со практични вежби, примери, квизови и групна работа.

🍀Првиот ден се фокусира на градење силна основа за разбирање на личните финансии и развивање одговорни финансиски навики кај младите учесници.

Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија преку Civica Mobilitas и се реализира во партнерство со Центар за развој и промоција Промо Идеа и Здружение КРУНА ПЛУС Радовиш.

📢✨ ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – Тренинг Курс во Италија! 🇮🇹Се отвора можност за млади кои сакаат да учествуваат во меѓуна...
11/06/2026

📢✨ ОТВОРЕН ПОВИК ЗА УЧЕСНИЦИ – Тренинг Курс во Италија! 🇮🇹

Се отвора можност за млади кои сакаат да учествуваат во меѓународен тренинг курс, да развијат нови вештини и да се вклучат во активности поврзани со личен развој, еко-делување и меѓукултурна соработка 🙌

📍 Каде? Касоне,Сицилија (Италија)
🗓️ Кога? 12 – 20 јули 2026 (со денови за патување)
👥 Возраст: 18+ годишна возраст

⏰ Рок за пријавување: 17.06.2026 (Среда)

🔗 Линк за пријавување:
https://forms.office.com/e/ue8W7seJhA

10/06/2026

💸 Подготвени ли сте да ги направите првите чекори кон подобро управување со вашите финансии?

Финансиската писменост е клучна вештина што им помага на младите да донесуваат паметни финансиски одлуки, да планираат за иднината и да изградат финансиска сигурност.

📢 Ве потсетуваме дека обуките во рамки на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ започнуваат утре!

📅 Се гледаме на 11 и 12 јуни
🕙 10:00 – 16:00 часот
📍 Младински Центар, Струмица

Очекуваме два дена исполнети со практични знаења, интерактивни активности и корисни совети за буџетирање, штедење и финансиско планирање.

🚀 Се гледаме!

#ФинансискаПисменост #Млади

10/06/2026

📢 Колку општествени проблеми сè уште чекаат на бизнис модел? Дознајте на Националната конференција за социјално претприемништво!

📅 17 јуни 2026 (среда)
📍 Хотел Александар Палас, Скопје
🕙 10:00 – 16:00 часот

Заедно отвораме дискусија за тоа како општествените предизвици можат да станат одржливи бизнис модели што создаваат вистинска промена.

🤝 Што ќе дознаете?
• како се гради силен екосистем за социјално претприемништво
• кои се новите модели за локален и регионален развој
• како до подобра финансиска и институционална поддршка
• зошто партнерствата се клуч за одржливи решенија

📌 Пријава до 15 јуни на следниов линк: https://forms.office.com/e/Puhxr6ZBke

#социјалнопретприемништво #бидигласанеехо

---
Оваа активност е реализирана во рамките на проектот „Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“, реализиран со поддршка на Европската Унија 🇪🇺 за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество 2022–2023.

📢 Колку општествени проблеми сè уште чекаат на бизнис модел?Дознајте на Националната конференција за социјално претприем...
08/06/2026

📢 Колку општествени проблеми сè уште чекаат на бизнис модел?
Дознајте на Националната конференција за социјално претприемништво!

📅 17 јуни 2026 (среда)
📍 Хотел „Александар Палас“, Скопје
🕙 10:00 – 16:00 часот

Во рамки на проектот RAISE CSOs – “Отпорни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за млади од локални организации” финансиран од Европската Унија, заедно отвораме дискусија за тоа како општествените предизвици можат да станат одржливи бизнис модели што создаваат вистинска промена.

🤝 Што ќе дознаете?
• како се гради силен екосистем за социјално претприемништво
• кои се новите модели за локален и регионален развој
• како до подобра финансиска и институционална поддршка
• зошто партнерствата се клуч за одржливи решенија

🚀 Ова не е само конференција.
Ова е простор каде идеите стануваат акција.

📌 Пријава до 15.06.2026 (16:00h) на следниов линк: https://forms.office.com/e/Puhxr6ZBke

⏳ Сè уште не сте се пријавиле?📩 Пријавете се тука: [https://forms.office.com/e/KyRH3xSdWV](https://forms.office.com/e/Ky...
05/06/2026

⏳ Сè уште не сте се пријавиле?

📩 Пријавете се тука: [https://forms.office.com/e/KyRH3xSdWV](https://forms.office.com/e/KyRH3xSdWV)

Научете како да управувате со личните финансии, да креирате буџет, да штедите паметно и да ги планирате вашите финансиски цели.

Во рамки на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“ организираме практични обуки за млади кои сакаат да стекнат знаења и вештини што ќе им користат секој ден.

📅 11–12 јуни и 18–19 јуни
🕙 10:00 – 16:00 часот
📍 Струмица

🎯 Бројот на места е ограничен!

#ФинансискаПисменост #Млади

04/06/2026

💸 Како ги трошиме нашите пари?

Финансиската писменост не е само бројки – таа е животна вештина што им помага на младите да планираат, да штедат и да ја градат својата финансиска независност.

Токму затоа, во рамки на проектот „Младинска мрежа за финансиска писменост на Југоистокот“, организираме обуки каде младите ќе стекнат практични знаења за управување со лични финансии, буџетирање, штедење и финансиско планирање.

📅 11–12 јуни и 18–19 јуни
🕙 10:00 – 16:00 часот
📍 Струмица

🎯 Бројот на места е ограничен!

📩 Пријави се: https://forms.office.com/e/KyRH3xSdWV

#ФинансискаПисменост #Млади

💡 Претставници на Центар за истражување и анализи НОВУС учествуваа на студиска посета во Брисел, Белгија, во периодот од...
04/06/2026

💡 Претставници на Центар за истражување и анализи НОВУС учествуваа на студиска посета во Брисел, Белгија, во периодот од 18-ти до 22-ри мај 2026 година, реализирана во рамките на проектот .

🚀 Посетата беше насочена кон презентација на резултатите од проектот, зајакнување на дијалогот и унапредување на соработката со европски институции, организации и мрежи, како и отворање нови можности за партнерства во областа на социјалното претприемништво, младинското економско зајакнување и социјалните иновации.

🔹 Во текот на посетата, делегацијата оствари средби со претставници на Европскиот економски и социјален комитет (EESC), Европскиот парламент, Регионалниот совет за соработка (RCC), Civil Society Europe, Diesis Network, Мисијата на Република Северна Македонија при Европската Унија и други релевантни европски институции и организации.

🤝 Студиската посета успешно придонесе за воспоставување нови партнерства, размена на искуства и промоција на потенцијалот на граѓанскиот сектор од Северна Македонија на европско ниво.

Оваа активност е реализирана во рамките на проектот „Резилиентни и инклузивни патеки за социјално претприемништво за младите преку градење капацитети на локални граѓански организации во Северна Македонија“, реализиран со поддршка на Европската Унија за граѓанското општество и медиумските организации во Република Северна Македонија, во рамки на ИПА програмата за граѓанско општество 2022–2023.

Во рамки на платформата за заедничко учење и соработка, успешно ја реализиравме Learning Lab сесијата и во Штип на тема:...
11/05/2026

Во рамки на платформата за заедничко учење и соработка, успешно ја реализиравме Learning Lab сесијата и во Штип на тема: „Социјални услуги и локални заедници: од пристап до квалитетна поддршка“ во рамки на проектот RAISE CSO's во партнерство со Youth Alliance и Public.

Настанот започна со вовед во контекстот на мрежата и значењето на пристапните и квалитетни социјални услуги за локалните заедници, по што следеше динамична дискусија за состојбата на терен за достапноста на услугите, предизвиците со кои се соочуваат ранливите групи и улогата на институциите и граѓанскиот сектор.

Во продолжение, заеднички ги идентификувавме клучните празнини во системот, дискутиравме за функционалните механизми за поддршка и разгледавме начини за подобро поврзување на локалните и националните структури.

На сесијата се посветивме на креирање практични и реално остварливи решенија, како и на зајакнување на Learning Lab мрежата преку поширока соработка и активно вклучување на засегнатите страни.

Заклучоците и препораките од дискусијата ќе бидат искористени за понатамошно унапредување на активностите и подготовка на следните Learning Lab средби.

Благодарност до сите учесници за активното учество, отворената дискусија и придонесот кон подобрување на пристапот до квалитетни социјални услуги во заедницата. 🤝

#СоцијалниУслуги #ЛокалниЗаедници #Соработка #ГраѓанскиСектор

Address

Vasil Surchev 56
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Центар за истражување и анализи НОВУС / NOVUS posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Центар за истражување и анализи НОВУС / NOVUS:

Share