Kontext

Kontext Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство КОНТЕКСТ / KONTEXT - Струмица http://kontext.think.mk/

Здраво,

ова е страницата на Здружението за развој на културата и заштита на културното наследство КОНТЕКСТ / KONTEXT од Струмица! Овде ќе може да најдете информации за нашите тековни проекти, активности, настани..

Програмата која како креативен ТИМ ќе се потрудиме да ја спроведеме во рамките на културната агенда на нашиот град.

Дали можеби и ВИЕ би сакале да бидете наш член? :)

Почитувани пријатели-поети, колеги, соработници - објавен е годинешниот конкурс за необјавена песна за 9. издание на Меѓ...
12/05/2026

Почитувани пријатели-поети, колеги, соработници - објавен е годинешниот конкурс за необјавена песна за 9. издание на Меѓународната поетска манифестација „Антево слово“ 2026 година!

🗓️ рок за испраќање: 30 јуни 2026 година
✍️ email: [email protected]

9. ИЗДАНИЕ НА АНТЕВО СЛОВО 2026 – МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА ПОЕЗИЈА ВО СИЦИЛИЈА, ИТАЛИЈА

✍️ Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso - Concorso di Poesia - Premio Angelo La Vecchiao“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст - Струмица“ (Kontext) годинава по деветти пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски.

👉 На конкурсот можат да учествуваат поети од Македонија кои ќе испратат една своја необјавена песна на e-mail адресата: [email protected] на македонски и италијански или англиски јазик. Со учеството на овој конкурс истите автоматски учествуваат и за носечката награда на манифестацијата „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“. Поезијата може да се испраќа до 30 јуни 2026 година.

📚 Претставниците на манифестацијата велат дека конкурсот за поезија е создаден со цел да се прослави и овековечи, преку „возвишена поезија“, духот, душата, суштината и есенцијата на животот. Најмногу пријавени поети има од Италија, но меѓу учесниците има поети од цела Европа, Балканот и пошироко. Специјалната награда „Антево слово “ ќе ја координира интернационална жири-комисија со која ќе претседава поетот од Македонија Митко Гогов, поет и претствник на Здружение за развој на културата и заштита на културното наследство „Контекст - Струмица“. Специјалната награда „Антево слово“ официјално ќе се додели летото, 2026 година во Каникати, Сицилија, како дел од програмата на меѓународната поетска манифестација „Парнас – награда на Анџело Ла Векија“.

📖 Сите пријавени учесници ќе имаат можност да влезат во конкуренција за двете награди, носечката награда „Анџело Ла Векија“, награда која е именувана по проф. Анџело Ла Векија, познат во Сицилија и на територијата на Италија со неговата работа како поет, драмски писател, историчар и професор и специјалната награда „Антево слово“ која ќе се доделува во чест на Анте Поповски, познатиот македонски поет, есеист, препејувач и публицист.

Address

Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Kontext posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Kontext:

Shortcuts

Share