28/05/2026
Време: 22.5.2026 година
Место: Центар за разминирање на Република Србија, Велика Моштаница - Белград
Со особена чест учествував на настан организиран во рамки на посетата на швајцарската дипломатска делегација на Центарот за разминирање на Република Србија, каде имав можност со сопствено обраќање и презентација да дадам свој придонес во дискусијата и во размената на искуства, идеи и добри практики.
Посебно значење на настанот му даде потпишувањето на Меморандум за соработка помеѓу Центарот за разминирање на Република Србија и Здружението на пиротехничари - деминери "Стоп неексплодирани мини" - Струмица, РС Македонија, како резултат на прртходната успешна соработка и стекната доверба кај надлежните органи во Република Србија.
Благодарност до организаторите за укажаната доверба и можнсота за понатамошно продлабочување на регионалната соработка, професионален развој и заедничко делување во оваа значајна област.