DPD Strumica

DPD Strumica ДПД Струмица – Заштита, едукација и солидарност за побезбедна заедница и зачувана природа!

29/04/2026

На иницијатива на претседателот на Ловечкото друштво „Беласица“ од Струмица, Зоран Ристов, денеска се одржа координативен состанок меѓу повеќе ловни друштва и на...

24/03/2026
Одбележан „Светскиот ден на цивилната заштита 1 Март“   Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и До...
24/03/2026

Одбележан „Светскиот ден на цивилната заштита 1 Март“
Во организација на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) и Доброволното противпожарно друштво „Архангел“ од Битола со показни и едукативни вежби во текот на два дена – на 28 февруари и 1 март 2026 година беше одбележан „Светскиот ден на цивилната заштита 1 Март“ .
Активностите се реализираа во Битола, како и во близина на манастирот „Св. Ѓорѓи“ во селото Велушина, во пределот кон границата со Грција.
Првиот ден беше посветен на презентација на улогата на доброволните противпожарни друштва во системот за заштита и спасување, при што учесниците разменија теоретски и практични искуства, како и примери на добри практики.
Вториот ден беше организирана показна вежба со симулација на настан „гаснење пожар на отворен простор“. Во рамки на вежбата беше применета јасна командно-контролна структура (ICS) со однапред утврдени улоги и одговорности, со цел зајакнување на координацијата и меѓуинституционалната соработка меѓу институциите и доброволните друштва.
На ова дводневна едукација свое учество зема и ДПД Струмица со 2 тима од по 4 члена и 2 возила,во состав на тимовите имаше и 2ца волонтери кои успешно се обучени да пружаат прва медицинска помош и евакуација на настрадани лица .
ДПД Струмица како директни учесници во показната вежба за гасење на пожар на отворен простор со 1 тим и специјализирано возило за шумски пожари во меѓусебната комуникација и координација на местото на пожарот при содејство помеѓу неколку доброволни против пожарни друштва покажа дека може да се носи со предизвиците кои произлегуваат при ваква појава.
Искрена благодарност сакаме да упатиме до ДПД „Архангел“ – Битола, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), институциите , партнерите, доброволните пожарникари, и граѓани кои беа дел од настанот и придонесоа за неговата успешна реализација.
Посебна благодарност упатуваме до домаќините од манастирот „Св. Ѓорѓи“ во Велушина за гостопримството и поддршката.

„Пожртвуваноста, дисциплината и посветеноста на нашите членови уште еднаш покажаа дека доброволците се важен столб во системот за заштита и спасување“.

25/02/2026
23/02/2026
Горди сме што вчера тимот на доброволни пожарникари на ДПД Струмица доби сертификати од Дирекција за заштита и спасување...
13/02/2026

Горди сме што вчера тимот на доброволни пожарникари на ДПД Струмица доби сертификати од Дирекција за заштита и спасување за успешно завршена обука за гаснење пожари на отворен простор.

Ова не е само формалност – ова е доказ дека стоиме зад секој предизвик со знаење, дисциплина и вистинска подготвеност. Безбедноста за нас не е декларација, туку секојдневна одговорност што ја носиме свесно и сериозно.

ДПД Струмица е дел од тимот за брз одговор на Дирекцијата – подготвени да реагираме навремено, професионално и координирано кога е најпотребно.

За нашите доброволци, партнери и заедницата – сигурност во секој чекор. 🔥🚒

07/01/2026
28/12/2025
🔥 ДПД Струмица склучи меморандум за соработка со Општина Босилово 🔥ДПД Струмица официјално склучи меморандум за соработк...
18/12/2025

🔥 ДПД Струмица склучи меморандум за соработка со Општина Босилово 🔥

ДПД Струмица официјално склучи меморандум за соработка со Општина Босилово, со што се воспоставува заедничка рамка за делување во областа на заштита и спасување, превенција од пожари и навремена реакција при вонредни состојби.

Овој меморандум претставува чекор напред во зајакнувањето на локалната безбедност и координацијата помеѓу институциите и доброволните противпожарни единици. Преку соработката ќе се реализираат заеднички активности, обуки, вежби и превентивни кампањи со цел подобра подготвеност и поголема заштита на граѓаните и имотот.

Во рамки на поширокото јакнење на капацитетите, ДПД Струмица ќе има активна противпожарна единица и на територијата на Општина Босилово ,составена од обучени доброволци, со цел побрза и поефикасна интервенција на локално ниво.

Со вакви партнерства се гради посилен и поефикасен систем за одговор при кризни ситуации, а ДПД Струмица останува посветена на својата мисија – превенција и обука пред криза, како и брза, професионална и одговорна помош кога е најпотребно.

Address

Mosha Pijade
Strumica
2400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when DPD Strumica posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to DPD Strumica:

Share