30/09/2025
Драги браќа и сестри, денес, 30 септември е денот кога се празнува споменот на познатата Римјанка Софија која своите ќерки ги воспитала да имаат вера во себеси и во Бога, да имаат надеж во неговата добрина и љубов кон ближните и кон Севишниот.
Светите маченици Вера, Нада и Љубов живееле во Рим во време на царот Адријан, кој наредил нивно мачење, а потоа им изрекол и смртна казна.
Трите уште како деца биле обвинети поради тоа што го проповедале христијанството. Вера во моментот на апсење имала само 12 година, Нада 10, а Љубов 8 години. Мачителите по тој редослед најпрво ги мачеле, а потоа и ги убиле една по една.
Нивната мајка Софија, три дена на гробот на нејзините ќерки го молела Бог да ја земе. Бог после третот ден ја зел и ја однел во рајската населба кај нејзините деца.
Имињата Љубов, Вера и Нада, станаа симбол на секој христијанин, затоа да се потсетиме на најубавите човечки вредности и да не заборавиме дека што и да имаме, ако немаме верба, љубов и надеж, тогаш ништо немаме! 🙏