04/06/2026
РЕПРИЗА НА „ИГРА НА ЉУБОВТА И СМРТТА“
во режија на Васка Ангелова
Ве покануваме да бидете дел од една театарска вечер и едно добро дело.
Сите средства од продажбата на билетите ќе бидат донирани за секојдневните оброци кои ги обезбедува Фондацијата Елеуса.
📅 9 јуни 2026 година
🕗 20:00 часот
📍 НУЦК „Антон Панов“ – Струмица
🎟 Цена на билет: 150 денари
Картите можат да се набават од билетарницата на НУЦК „Антон Панов“ секој работен ден од 13:00 до 20:00 часот.
Резервации:
📞 078 562 661
📞 072 233 012
1789. Франција.
Народот е без леб. Дворецот на Версај мириса на путер, вино и рамнодушност.
Париз врие. Улиците ги затрупуваат со Барикади. Народот чекори кон слобода, еднаквост и правда. Угнетените креваат Револуција. Луј XVI е симнат од престолот.
Во вжештеното јадро на тој пресврт стои Робеспјер - човек што застанува на чело на Револуцијата, а после неа станува симбол на Теророт. Време кога секој може да биде обвинет, предаден на гилотината или исчезнат.
Токму во тие мрачни денови се случува “Игра на Љубовта и Смртта”. Во центарот на драмата се љубовта, жртвата и моралната дилема: дали револуцијата, во својата борба за слобода, ја губи својата човечност?
Правилата на таа игра се менуваат додека се игра. И она што започнува како борба за живот, завршува како движење кон смрт, не секогаш физичка, туку често морална, духовна, тивка...
Претставата е под продукција на здружението ПСАЛТЕР, а во неа ќе може да ги погледнете младите актери во улогите на:
Кирил Стојчевски- Клод Вале
Мирче Ташев- Жером Курвоазие
Катја Маглешева- Софија
Филип Тодоров- Лазар Карно
Марија Ќосева- Лодојска Карно
Јанко Мицев- Крапар
Кристина Борисовска- Хлорида
Анастасија Крстева- Подан
Илија Спасевски- Робеспјер
Јован Спасевски- Енжолрас