Планинарско Друштво Закамен Струга

Call Directions Website Contact the organization

Планинарско Друштво Закамен Струга Контакт телефон
Андреј 078-478-065
Димитри (Кракер) 078-217-597

Неколку фотографии од планинарскиот марш „Црн Камен“ 2026 кои ги доловуваат патеката, пејзажите и луѓето што беа присутн...
30/06/2026

Неколку фотографии од планинарскиот марш „Црн Камен“ 2026 кои ги доловуваат патеката, пејзажите и луѓето што беа присутни. :)

26/06/2026

Почитувани планинари и пријатели,

Ве известуваме дека оваа недела, по завршувањето на нашиот планинарски марш, за учесниците ќе биде послужен традиционален планинарски грав.

Важна напомена: Гравот ќе се послужува по принципот „прв дојден, прв услужен“ – односно сè додека има залихи!

За да уживаме во ручекот и истовремено да ја заштитиме природата, ве молиме:

Задолжително носете си сопствен длабок сад и лажица! 🥣🥄

Покрај топлиот оброк, во нашиот камп ќе можете да се освежите и да си земете спомен од настанот:

🍺 Ладно пиво – 100 денари

👕 Маица од маршот – 200 денари

Ве очекуваме на дружење, чист воздух и убава енергија!

Здраво драги планинари!Ние сме Villa Kocar, нов мини планински комплекс од две А- frame дрвени куќички. Се наоѓаме во Го...
24/06/2026

Здраво драги планинари!

Ние сме Villa Kocar, нов мини планински комплекс од две А- frame дрвени куќички. Се наоѓаме во Горна Белица, Струга.

По повод организацијата на традиционалниот планинарски марш до Црн Камен, нудиме ПРОМО ПАКЕТ, кој вклучува изнајмување на куќа за престојниот викенд (две вечери) по намалена цена од 160 на 140 евра.

Ова е за сите љубители на планината кои би сакале малку поинакво доживување и би сакале подолго да останат пред или после турата.

Куќите се нови, со капацитет до четворица гости и ги имаат сите услови за удобен престој. Додека дворот е 800 квадрати и вклучува тераса, огниште и кујна. Целиот простор е ориентиран кон Охридското Езеро и пружа незаборавно поврзување со природата.

Би ни претставувала голема чест да бидете наши гости!

За сите дополнителни прашања слободно пишете или обратете се на телефон 076 330 700.

Срдечен поздрав!

👉 Сонце, планина, чист воздух
👉 Планинарска тура до Црн Камен - Јабланица
👉 Уникатна A-frame куќа само за вас

Дали ви се допаѓа планов за следниов викенд во јуни? 🌞

Нашите куќи се отворени за сите што бараат мир, уникатно доживување и сакаат да избегаат од градската гужва во недопрената природа.

А за сите планинари и авантуристи - на 28ми ќе се одржи традиционалниот марш до Црн Камен, во организација на ПЕД Закамен и ПК Дипсакус.

Ве очекуваме! 🍀

11/06/2026

Со големо задоволство ве известуваме дека во соработка со хотел „Белица“, како општествено одговорна компанија, обезбедивме одлични услови за престој за претстојниот планинарски викенд!

За сите учесници и планинари кои сакаат да преспијат и да се одморат пред или по акцијата, хотелот нуди специјална промотивна цена за ноќевањето меѓу 27-ми и 28-ми јуни.

💶 Понуда:
Цена: Само 20 евра по човек

Вклучено во цената: Едно ноќевање + вкусен појадок за енергија пред алпинистичките предизвици.

🛏️ Тип на сместување:
Сместувањето е организирано во комфорни соби од следниов тип:

Двокреветни соби

Трокреветни соби

Четирикреветни соби

⚠️ Напомена: Местата се ограничени, затоа резервирајте го вашиот престој на време и уживајте во планинската идила со максимален комфор.

Со почит,
ПЕД Закамен - Струга

Oвие планинарски стапчиња беа заборавени за време на денешниот марш. Го замолувам сопственикот да не контактира на 078-2...
30/06/2024

Oвие планинарски стапчиња беа заборавени за време на денешниот марш. Го замолувам сопственикот да не контактира на 078-217-597.
ПЕД ЗАКАМЕН

29/06/2024

ИЗВЕСТУВАЊЕ!

Патот кон Горна Белица преку Вевчани е непрооден поради градежни зафати на самиот пат.

Се известуваат сите учесници кои планираат да пристигнат во Горна Белица со автомобил да го користат патот Струга - Вишни - Горна Белица.

ПЕД Закамен

св.Климент денес.
08/12/2023

св.Климент денес.

Address

Mt. Jablanica
Struga
6330

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Планинарско Друштво Закамен Струга posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Планинарско Друштво Закамен Струга:

Shortcuts

Share