Scout group "Krste Jon"

Scout group "Krste Jon" Извиднички поречански одред „Крсте Јон„ - Струга / Зелен центар

Scout grop "Krste Jon" - Struga/ Green center

Извидничкиот поречански одред “Крсте Јон” од Струга постои од 1963 година. Формиран е од страна на група студенти и љубители на природата и дружењето. Од самиот почеток на развивањето на извидничката организација на овие простори се пројавил голем интерес кај жителите на градот за развој на извидничката идеја.
Денес ИПО “Крсте Јон” претставува самостојна, непрофитна, непартиска и воспитна организа

ција отворена за сите без оглед на нивната верска, национална или расна припадност. Во ИПО “Крсте Јон” членуваат деца, млади и постари лица кои преку остварувањето на програмата на организацијата се активни чинители во остварувањето на поширокиот интерес во нашата заедница.
Главна мисија на ИПО “Крсте Јон” е да придонесе кон развојот на младите луѓе вопостигнувањето на нивните целосни физички, интелектуални, општествени и духовни можности како одговорни поединци во својата локална и национална заедница, како и во меѓународното опкружување.
Во последните неколку години членовите на нашата организација се особено активни на полето на заштита и унапредување на животната средина како и во развој на еко-туризмот. Во таа насока се реализираат проекти со што ИПО “Крсте Јон” / Зелен Центар се етаблира во една од
водечките организации на ова поле во регионот на Струга.

Зимувањето одржано на 16, 17 и 18 јануари во село Вишни помина во духот на едукација, дружење и извиднички вредности.Во ...
28/01/2026

Зимувањето одржано на 16, 17 и 18 јануари во село Вишни помина во духот на едукација, дружење и извиднички вредности.
Во текот на зимувањето, извидниците полагаа завет, се запознаа со Морзеовата азбука, основите на прва помош и палење оган, учествуваа во бројни игри и активности, развивајќи тимска работа и одговорност.

Во рамки на проектот „Учиме за климатските промени“, беше одржано едукативно предавање за фотоволтаични панели кои се користат како еколошки полначи за мобилни телефони, со цел подигнување на свеста за одржливи решенија и заштита на животната средина.

Зимување кое остави силен печат преку нови знаења, искуства и незаборавни спомени.

Поддржано од Цивика Мобилитас.
Civica Mobilitas

#Извидници #Зимување
#УчимеЗаКлиматскитеПромени #Образование #ОдржливаИднина #ЦивикаМобилитас

Во рамки на проектот „Учимe за климатските промени“, заедно со месната заедница, работевме на уредување на планинарскиот...
20/12/2025

Во рамки на проектот „Учимe за климатските промени“, заедно со месната заедница, работевме на уредување на планинарскиот дом во село Вишни, при што засадивме нови дрвја .

Дрвјата не се само зелени — тие апсорбираат CO₂, го прочистуваат воздухот, ја разладуваат околината и се еден од наједноставниот, а најефективни начини за справување со климатските промени.

Преку вакви активности учиме дека грижата за климата не е апстрактна тема, туку нешто што почнува овде и сега.

Ова е само дел од нашата кампања — продолжуваме понатаму 🌍

📌 Проект: „Учимe за климатските промени“
Поддржано од Civica Mobilitas Civica Mobilitas
Имплементирано од ИПО Крсте Јон

Ова е првата објава од нашата нова онлајн кампања со Младинскиот инфо центар за Климатски Промени🌍Преку дијалог, креатив...
16/12/2025

Ова е првата објава од нашата нова онлајн кампања со Младинскиот инфо центар за Климатски Промени🌍
Преку дијалог, креативна содржина и малку мемиња, отвораме разговор за теми што нè засегаат сите — климатските промени, секојдневието и иднината што ја делиме.

Проектот е имплементиран од ИПО Крсте Јон поддржам од Цивика Мобилитас. Civica Mobilitas

Ова е само почеток — следуваат уште содржини, разговори и акции.
А за старт… еве го мемето што совршено ја опишува моменталната реалноста ❄️

11/12/2025

Со цел за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка за УСЛУГИ која ќе се спроведува согласно Практичниот водич за процедури за доделување на договори за ЕУ надворешни активности (ПРАГ 2025), а кои ќе бидат дефинирани во тендерската документација-УСЛУГИ (SERVICES) Експерти - за подготовка на тендерска документација за најмалку 4 тендерски постапки по ПРАГ 2025 за имплементација на проектот „Авантура преку границите“ започнуваме со анализа на пазарот за отпочнување на постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги..
Доколку сте заинтересирани да учествувате во горе наведената постапка, Ве замолуваме прашалникот да го пополните и истиот скениран да ни го пратите на следнавa емаил адресa: [email protected] не покасно од Сабота, 20.12.2025 до 16.00 часот.

22/11/2025
Претходниот викенд работевме надвор, во вистинска извидничка атмосфера – креативен состанок за Младинскиот Инфо Центар з...
22/11/2025

Претходниот викенд работевме надвор, во вистинска извидничка атмосфера – креативен состанок за Младинскиот Инфо Центар за климатски промени, поддржано од Цивика Мобилитас. Civica Mobilitas🌿✏️
Планиравме нови активности, цртавме, сечевме, и ги обликувавме идеите кои ќе им помогнат на младите подобро да ги разберат климатските предизвици.

Работилница + тимски дух + природа = совршена комбинација за инспирација. 🍂💛
Продолжуваме со енергија и креативност!

Address

Vlado Maleski 77
Struga
6330

Telephone

+38971262941

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Scout group "Krste Jon" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Scout group "Krste Jon":

Share