25/06/2026
☀️ Во прекрасна и опуштена атмосфера на Premium Pool Штип, во друштво на нашите семејства, Ротари Клуб Штип одржа свечено примопредавање на претседателската функција.
Со голема чест, досегашниот претседател Владко Филипов му го предаде претседателството на новиот претседател Емил Попадинов, симболично означувајќи го завршувањето на една успешна ротаријанска година и почетокот на ново поглавје исполнето со нови предизвици и можности.
Зад нас оставаме година исполнета со многу енергија, посветеност, реализирани идеи и проекти, кои оставија значаен белег во нашата заедница. Година исполнета со нови идеи, иницијативи, заеднички дружби и пријателства што дополнително нè зближија како клуб.
Ротари не се само проектите што ги реализираме — Ротари се луѓето, пријателствата, подадената рака и желбата за позитивна промена.
На новиот претседател Емил Попадинов му посакуваме успешна и плодна ротаријанска година, исполнета со нови идеи, успешни проекти и многу моменти на гордост и заеднички успеси.
Честитки до Владкo Филипов и Митко Демировски за признанието од Rotary International - Paul Harris Fellow.
💙 Благодарност до сите членови, семејства и пријатели кои се дел од нашата ротаријанска приказна.
Service Above Self — Служење над себеси.