28/05/2026
Денес остваривме конструктивна работна средба со градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, на која, како претставнички на ЕХО Едукативно-хуманитарна организација, официјално ги предадовме трите родово буџетски иницијативи подготвени во рамки на проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“. Иницијативите произлегуваат од претходно спроведено теренско истражување и родова анализа на проблемите и потребите на жените и девојчињата во Општина Штип, како и од дополнителни јавни работилници и консултативни средби со жени од заедницата, претставнички на институции и граѓански организации.
📌 Предложените иницијативи се однесуваат на:
✔️ унапредување на безбедноста и пешачката инфраструктура во населбите Суитлак и Деснаци;
✔️ развој на локална услуга за помош и нега за стари, изнемоштени лица и лица со попреченост;
✔️ хумано и одржливо решавање на проблемот со бездомните кучиња во Општина Штип.
За време на средбата, градоначалникот изрази подготвеност да иницира, поттикне и поддржи активности кои се во рамки на можностите и надлежностите на Општината, нагласувајќи дека станува збор за реални и значајни потреби на жените и граѓаните воопшто и важни иницијативи за подобрување на квалитетот на живот во Штип.
Средбата претставува уште еден важен чекор кон унапредување на дијалогот меѓу граѓанскиот сектор и локалната самоуправа, како и кон поголемо вклучување на граѓаните, особено жените, во процесите на креирање локални политики и буџети.
#ЧекорПоЧекорДоРодовоОдговоренБуџет
#ПравиченБуџет #ГраѓанскиАнгажман
Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, е спроведуван од Гласен Текстилец во партнерство со ЕХО и ИНИ-Виница.
Проектот е поддржан од Владата на Швајцарија Embassy of Switzerland in North Macedonia преку Civica Mobilitas.
Содржината на оваа објава е единствена одговорност на Гласен Текстилец, ЕХО едукативно-хуманитарна организација и Иницијатива на невработени интелектуалци, и на ниту еден начин не може да се смета дека ги одразува гледиштата на Владата на Швајцарија, Цивика мобилитас, или организациите што ја спроведуваат.