-Кои се целите на IAESTE?
Да им обезбеди пракса на студентите на техничките факултети;
-Која е задачата на IAESTE?
Високо квалитетна практична работа,програма за размена помеѓу членовите, со цел подобрување на технички и професионален развој и промовирање на меѓународно разбирање помеѓу студентите, академските институции, работодавците и меѓународната заедница. IAESTE работи без разлика на раса
, боја, пол или вера.ИАЕСТЕ Македонија е независна, непрофитна и неполитичка организација за размена на студенти, која е полноправен член на меѓународната организација ИАЕСТЕ.
ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите по наука, инженерство, технологии и применети уметности, платени пракси во областа на нивните студии во повеќе од 80 земји во светот.
Членови на Локален Комитет Штип може да бидат редовните студенти на некој од техничките факултети, науки при Универзитетот „Гоце Делчев" - Штип .
Во зависност од активностите кои ги извршувал во текот на целата година, јазиците што ги зборува, просекот од предметите што го слуша, како и во зависност од барањата на работодавците од разменетите пракси, студентот може да си овозможи предност во избирањето на разменетите пракси пред другите студенти.
Некои од активностите кои студентот може да ги извршува се: обезбедување на стручна пракса за странски студенти во наши фирми, присуство во медиумите, компјутерска обработка и осмислување на маркетингшки материјал, одржување на веб страната на организацијата, наоѓање на спонзорства имајќи предвид дека ИАЕСТЕ Македонија е целосно студентска организација без постојан извор на приходи за разлика од други комитети на ИАЕСТЕ низ светот.
Повеќе информации за членство на: http://iaeste.org.mk