Гласен Текстилец

Гласен Текстилец Здружение за заштита на работничките права Гласен Текстилец Штип

Гласен Текстилец е оформен во 2017 година од страна на текстилни работнички и активисти за заштита на човековите и работничките права.
Гласен Текстилец дејствува на територијата на Република Северна Македонија.
Гласен Текстилец има за цел: афирмирање и популаризација на
проблемите на работниците и кршењето на нивните права, подигање на свеста на работниците преку едукации, трибини, конференции,

семинари и други активности кои се потребни, учество во подготовка на закони и други нормативни акти и прописи од областите на интерес на здружението и работниците во текстилната, кожарската и чевларската индустрија.
Доколку се соочувате со било какво прекршување на вашите работнички права, ве охрабруваме да пријавите во Гласен Текстилец.
Визијата на Здружението е: Граѓани работници со висока свест, едуцирани, информирани, ги уживаат своите права.
Мисијата на здружението е: Да биде водечка организација за остварување на правата на работниците во РСМ.

12/06/2026

⚠️Затворени врати, ограбени работници! ⚠️

Околу 17 години оваа фирма функционираше преку две правни лица: „Европа Фешн“ и „Ферматекс“.
🚨 Денес, над 100 луѓе се оставени без своите тешко заработени пари.

Работникот не е роб. БАРАМЕ ПРАВДА! ✊

#ГласенТекстилец #Штип #БарамеПравда

📍 Заврши и третата работилница на тема „Родово одговорно буџетирање – од проблем до иницијатива“, организирана од Гласен...
11/06/2026

📍 Заврши и третата работилница на тема „Родово одговорно буџетирање – од проблем до иницијатива“, организирана од Гласен Текстилец, со обучувачката Бети Пејева од EcHO Educational Humanitarian Organization.

Учесничките преку дискусија и практична работа се запознаа со процесот на креирање на општински буџет, значењето на родово одговорното буџетирање и начините како локалните проблеми можат да се претворат во конкретни иницијативи до општината.

💬 Преку интерактивна работа, дискусии и практични вежби, учесничките препознаваа локални проблеми и приоритети, работеа во групи и подготвуваа родово буџетски иницијативи кои можат да се претворат во конкретни предлози до општината.

💬 Работилницата поттикна идеи за поправеден пристап до локалните ресурси и поголемо учество на жените во процесите на одлучување.

Обуката е дел од проектот „Жени со глас за праведен буџет во Штип“, спроведуван од Гласен Текстилец, во рамки на проектот „Equitable Governance: Enhancing Gender Responsive Budgeting in North Macedonia“, имплементиран од Хелсиншки комитет за човекови права - Helsinki Committee for Human Rights финансиран од UN Women Skopje.

 #ГласенТекстилецИнфо 📣Имате неискористен годишен одмор од 2025 година?Преостанатиот дел од ланскиот годишен одмор може ...
11/06/2026

#ГласенТекстилецИнфо 📣

Имате неискористен годишен одмор од 2025 година?

Преостанатиот дел од ланскиот годишен одмор може да го искористите најдоцна до 30 јуни 2026 година. 🏖️

Подгответе и доставете писмено барање до вашиот работодавач навреме. 📄

За таа цел, подготвивме образец – Барање за користење годишен одмор, кој може да го искористите и доставите во фирмата каде што работите, достапен на:
https://glasentekstilec.mk/godishen-odmor/

Годишниот одмор не е привилегија - тој е ваше законско право.

#ГласенТекстилец #РаботничкиПрава #ГодишенОдмор #ИнформирајСе #ТрудовиПрава

11/06/2026
10/06/2026

🎥 Говорот што институциите МОРА да го слушнат! 📢⚖️

Работници оставени без плати, без придонеси, без здравствено осигурување ❌💸🏥
А долгот надминува 13 милиони денари! 🚨

🇩🇪 Германските институции веќе бараат одговорност.
🇲🇰 Македонските институции молчат.

Од протестот во Штип порачавме јасно и гласно:
⚖️ ОЈО Штип
💰 Финансиска полиција
🚔 Оддел за економски криминал при МВР
👉 Постапете веднаш!

Институциите се должни да ги штитат работниците, граѓаните, јавниот буџет и законите на оваа држава! ✊⚖️

📢 Целиот говор на Кристина Ампева од протестот во Штип.
👀 Погледнете, споделете и поддржете ја борбата за правда!

Германските институции веќе преземаат чекори, бараат информации од сопствениците, односно германскиот холдинг, Feldhues ...
10/06/2026

Германските институции веќе преземаат чекори, бараат информации од сопствениците, односно германскиот холдинг, Feldhues Holding GmbH, и одговорните лица, односно управителите на двата правни субјекти, Фермактекс и Европа Фешн, коишто управители се од Република Бугарија. И исто така ги информиравме и германските амбасади во Скопје и Софија, па и еве се прашувам зошто германските институции повеќе се залагаат за правата на работниците во Македонија отколку самите македонски институции коишто се платени од нас - Кристина Ампева, претседателка на #ГласенТекстилец

Enjoy the videos and music you love, upload original content, and share it all with friends, family, and the world on YouTube.

09/06/2026

Текстилни работнички на улица, плати не земале со месеци

09/06/2026

🔴🎥 Во живо: Протест на работниците од Фермактекс во Штип

Address

St. Vanco Prke, No. 125, Local 9
Stip
2000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38975316109

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Гласен Текстилец posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Гласен Текстилец:

Share