Црвен Крст Штип

Црвен Крст Штип Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Црвен Крст Штип, Non-Governmental Organization (NGO), Straso Pindzur 29, Stip.

13/05/2026

Постојат луѓе кои оставаат трага не само со своите зборови, туку и со својата добрина, хуманост и човечност. Нашиот колега Гиго беше токму таков човек —

ЦКА - ПХВ 2026❤️
13/05/2026

ЦКА - ПХВ 2026❤️

ЦКА - ПХВ 2026 ❤️
13/05/2026

ЦКА - ПХВ 2026 ❤️

1.Проект „Силна порака“ за веменски период од 2,5 месеци вредно работеше и собираше средства преку продажба на рачни изработки и успеа да собере доволно средства за...

Во насока на поддршка на корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип Cplip Poraka ...
12/05/2026

Во насока на поддршка на корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип Cplip Poraka Stip, континуирано спроведуваме активности за нивна социјализација и дружење.
Волонтерите при Црвен крст на РСМ - Општинска организацика Штип во рамки на поректот ЦКА – ПХВ „Силна Порака“ им донираа телевизор на корисниците од Дневен центар на лица со интелектуална попреченост „Порака“ – Штип Cplip Poraka Stip. Со оваа донација волонтерите придонесуваат кон подобрување на секојдневието на лицата со попреченост и поттикнување на инклузијата. Веруваме дека хуманоста, солидарноста и меѓусебната поддршка се темелни вредности кои треба постојано да ги негуваме.

❤️
08/05/2026

❤️

Црвениот крст е симбол на хуманост, солидарност и човечност.
По повод 8 мај, упатуваме искрена благодарност за соработката со Општинската организација на Црвен Крст Штип , како и посветеноста на сите волонтери кои секојдневно даруваат време, енергија и хуманост.
Вашата добрина инспирира.
#ДаБидемеХумани

08/05/2026

Под мотото ,,Хуманоста обединува" го одбележуваме 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, им оддаваме почит на сите хумани луѓе кои несебично помагаат таму каде што е најпотребно. Овој ден нè потсетува дека хуманоста, солидарноста и волонтерството се вредности што го прават општеството посилно и пообединето. Со секое подадено рамо, со секоја помош и добро дело, волонтерите покажуваат дека малите гестови можат да направат голема разлика. ❤️

Црвен крст на Република Северна Македонија

#ХуманостаОбединова #ЦКРСМ #МладиВолонтери #БидиХуман

Во организација на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во текот на вчерашниот ден се одржа Општински натпрев...
23/04/2026

Во организација на Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во текот на вчерашниот ден се одржа Општински натпревар по прва помош. На натпреварот учество зедоа 9 екипи од основни и средни училишта. Натпреварот се спроведе во една тракторија, со четири работни бази од областа на првата помош, една од забавен и спортско-рекреативен карактер, дисеминација и катче за ментално здравје. За успешна организација на натпреварот беа ангажирани судии, шминкери, водичи и голем број волонтери за логистичка поддршка на натпреварот.
Со натпреварувачкиот дух и интердисциплинарниот пристап во рамки на овој денешен натпревар ќе и овозможиме на учесниците на еден интересен начин да се запознаат со сите тактики кои се напишани правила на првата помош.❤️⛑️

Црвен крст на Република Северна Македонија

Велигден во боите на хуманоста 🥚🌸✨Компанијата Adient Seating Stip / Адиент Сеатинг Штип и целиот нејзин колектив 💙, конт...
15/04/2026

Велигден во боите на хуманоста 🥚🌸✨

Компанијата Adient Seating Stip / Адиент Сеатинг Штип и целиот нејзин колектив 💙, континуирано покажуваат хуманост, солидарност и грижа за заедницата 🤝❤️

Во пресрет на најголемиот христијански празник – Велигден ✝️🥚, минатата недела традиционално донираа јајца за семејства во социјален ризик во Штип и Карбинци 🏡

И оваа година , со донација од 27 табли јајца 🥚🥚, донесоа радост, насмевки и празнична топлина во многу домови 😊🌷

Хуманоста е најубавата боја на Велигден ❤️

Хуманиот караван на средношколски крводарителски акции, го продолживме во СОУ ,,Јане Сандански” Штип, каде имавме масове...
07/04/2026

Хуманиот караван на средношколски крводарителски акции, го продолживме во СОУ ,,Јане Сандански” Штип, каде имавме масовен одговор на хуманиот повик за дарување крв, кој резултираше со 38 крводарувања од страна на учениците и вработените 🩸
Им благодариме за хуманоста и за успешната крводарителска акција организирана од страна на Црвен крст во соработка со Службата за трансфузиона медицина.❤️
СОУ "Јане Сандански" - Штип
Регионален Центар За Трансфузиона Медицина - Штип

Средните училишта ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип на 02.04.2026  реализираа крводарителск...
06/04/2026

Средните училишта ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип и СОУ „Димитар Мирасчиев“ – Штип на 02.04.2026 реализираа крводарителска акција во ДМУЦ „Сергеј Михајлов” – Штип во чии рамки вкупно 35 крводарители упатија порака низ највисокиот чин на хуманоста.🩸
Се надеваме дека за првократните крводарители ова беше едно вредно искуство, кое ќе прерасне во традиција.
Им благодариме за хуманоста и за успешната крводарителска акција организирана од страна на Црвен крст во соработка со Службата за трансфузиона медицина❤️

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во текот на вчерашниот ден реализираше обука по прва помош во ООУ „Гоце ...
31/03/2026

Црвен крст на РСМ – Општинска организација Штип во текот на вчерашниот ден реализираше обука по прва помош во ООУ „Гоце Делчев“ – Штип.

На обуката 14 ученици имаа можност да се запознаат со основите на првата помош и да стекнат практични вештини за правилно реагирање во итни ситуации. Преку интерактивен пристап, тие учеа како навремено и соодветно да помогнат, со цел спасување на човечки живот и намалување на последиците од повреди.

Со ваквите активности, Црвен крст на Република Северна Македонија продолжува активно да придонесува кон едукација на младите, поттикнување на хуманост и развивање чувство за одговорност во заедницата.

Научи и ти прва помош – затоа што првата помош спасува живот!

Address

Straso Pindzur 29
Stip

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38974203030

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Црвен Крст Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Црвен Крст Штип:

Share