16/10/2026
✨ Подготовки за Shtip Fashion Days ✨
👫Во пресрет на модниот настан Shtip Fashion Days, екипите на ЈП Исар спроведоа активности за одржување на хигиената и уредувањето на јавните површини.
🧹Извршено е рачно и машинско метење, како и машинско перење на шеталиштето „Ванчо Прке“ и просторот околу Безистенот, каде што ќе се одржи настанот.
Со овие активности, ЈП Исар придонесува за чиста, уредена и пријатна околина, достојна за еден од значајните модни настани во Штип.
ЈП Исар – За чист и уреден Штип! 💙