28/08/2026
Во рамките на проектот „Патишта за економска самостојност на жените Ромки од Штип“ ја одржавме првата мотивациска работилница, исполнета со позитивна енергија, отворени разговори и меѓусебна поддршка.
Учесничките имаа можност да разговараат за своите лични и професионални цели, за надминување на пречките и за важноста на самодовербата, истрајноста и економското јакнење на жените Ромки.
Проектот се реализира во рамките на проектот „Социјално претприемништво за млади жени Ромки – РОМАНСЕ“, финансиски поддржан од Европската Унија.
Продолжуваме заедно да создаваме можности, да се охрабруваме и да чекориме кон поголема економска самостојност! 🌸
#ЖениРомки #ЕкономскаСамостојност #МотивацискаРаботилница #РОМАНСЕ #ЕвропскаУнија #ЧерењаШтип