National Association for Incoming Tourism of Macedonia

Directions Website Contact the organization

National Association for Incoming Tourism of Macedonia Национална Асоцијација за Дојдовен Туризам на Македонија - НАИТМ Македонија, и на тој начин да се прошири и продолжи успешната приказна.

Националната Асоцијација за Дојдовен Туризам на Македонија, е легитимен наследник на Асоцијацијата на Туристички Агенции за Дојдовен Туризам на Македонија. Управниот одбор на АТАДМ во април 2016 година, донесе одлука за формирање на асоцијација, која ќе ги опфати сите чинители во дојдовниот туризам во Р. Основачи на НАИТМ се Гоце Робев од Енџој Балканс, Александар Кузманоски од Симониум Травел, Стефан Керазовски од Визит Маседониа, Димитар Ѓорѓиевски од Енџој Маседониа, Аккан Махмут од Караџи Турс, Џихангир Бадем од Бадем Турс и Влатко Сулев од ГоБалканс Травел. Претседател на асоцијацијата е Влатко Сулев.

НАИТМ, Швајцарската програма ИМЕ и Земјоделскиот институт – Скопје денес потпишаа Меморандум за соработка за поддршка и ...
22/07/2026

НАИТМ, Швајцарската програма ИМЕ и Земјоделскиот институт – Скопје денес потпишаа Меморандум за соработка за поддршка и развој на агротуризмот во Македонија.

Соработката ќе биде насочена кон развој на квалитетни и одржливи агротуристички производи, поврзување на земјоделските производители и руралните домаќинства со туристичкиот сектор и поголема видливост на автентичната локална понуда.

Заедно работиме кон поконкурентен, одржлив и препознатлив агротуризам.

Прочитајте повеќе на текстот:
https://www.naitm.org.mk/mk/news/view/naitm-svajcarskata-programa-ime-i-zemjodelskiot-institut-potpisaa-memorandum-za-sorabotka-za-razvoj-na-agroturizmot

Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјатаСкопје, 08.07.2026 – Google Street View с...
09/07/2026

Street View се враќа во Македонија со обемно обновување на снимките низ земјата
Скопје, 08.07.2026 – Google Street View се враќа во Македонија за обемно обновување на сликите од Street View со поширока покриеност низ целата земја, носејќи нови панорамски погледи на Google Maps. Од живите градски плоштади и историските улици на Скопје до спокојните брегови на Охридското Езеро и планинските патишта што ги поврзуваат градовите низ целата земја, Street View повторно ќе го долови еволутивниот пејзаж на Македонија и ќе го направи подостапен за луѓето насекаде.
Македонија е место каде што богатото културно наследство се среќава со секојдневната урбана трансформација. Историските знаменитости, природните богатства, растечките населби и променливата патна инфраструктура се дел од динамичниот карактер на земјата. Редовното освежување на сликите од Street View помага да се осигури дека Google Maps продолжува да ги одразува овие промени со поголема точност, релевантност и детали.

Со ова најново освежување се опфатени околу 13 000 километри низ целата земја, вклучувајќи ги Скопје, Охрид, Битола, Куманово, Прилеп, Тетово, Штип, Велес, Струга, Струмица и други градови. Ажурираните слики ќе ги направат „Google Maps“ уште покорисни за жителите, бизнисите и посетителите кои секојдневно се потпираат на нив за навигација, планирање патувања и откривање нови места.
Новите слики ќе понудат и свеж поглед на контрастите што ја прават Македонија толку препознатлива, од современите урбани простори и прометни патишта, историските места како што се Скопската тврдина и Аквадуктот, препознатливите градски знаменитости, вклучувајќи го Камениот мост и Мостот на уметноста, како и природните и културни пејзажи, а меѓу нив и Охридското Езеро што зазема посебно место, како дел светското наследство на УНЕСКО.
Street View им овозможува на луѓето виртуелно да истражуваат улици, населби и дестинации пред да ги посетат лично. Без разлика дали однапред проверуваат рута, бараат локален бизнис, планираат патување или откриваат обележје, обновените слики ќе помогнат во полесна навигација, посигурно планирање патувања и побогато разбирање на местата низ целата земја.
Google е посветен на заштита на приватноста на корисниците. Пред објавувањето на собраните слики, се користи напредна технологија за автоматско замаглување на лицата и регистарските таблички на возилата. Street View вклучува функција за барање за замаглување на одредени слики (како што се лица, возила, куќи итн.) со кликнување на опцијата „Report a problem“ што се наоѓа во долниот десен агол на објавените слики на Google Maps. Повеќе информации за Политиката за приватност на Google можете да најдете на: https://policies.google.com/privacy.
За да ја истражите Северна Македонија во Street View, отворете Google Maps на вашиот компјутер или мобилен уред, пронајдете место што сакате да го посетите и повлечете ја жолтата икона Pegman на сина линија за да влезете во Street View.
Повеќе информации за Street View се достапни на: https://www.google.com/streetview/ .

Приказната за Spirit of Prespa на шведскиот туристички портал Rucksack.se е уште една потврда дека Македонија има сериоз...
29/06/2026

Приказната за Spirit of Prespa на шведскиот туристички портал Rucksack.se е уште една потврда дека Македонија има сериозен потенцијал за автентичен и одржлив туризам.
Преку примерот на Ana Labor и нејзиниот семеен бизнис во Преспа, текстот покажува како локалното производство, традицијата, храната и гостопримството можат да станат препознатлив туристички производ. Spirit of Prespa е добар пример за одржлив бизнис кој создава вредност за регионот и ја претставува Македонија преку реална, локална приказна.
Особено ни е значајно што ваквите приказни стигнуваат до меѓународна публика, како дел од пошироките активности за промоција на Македонија на нордиските пазари. По реализираното роуд шоу и FAM trip со новинари и туроператори од нордиските земји, ваквите објави се важен чекор кон поголема видливост на нашите дестинации, локални бизниси и автентични туристички искуства.
Македонија има што да понуди – а ваквите примери покажуваат дека најсилната промоција често доаѓа преку вистински луѓе, конкретни приказни и одржливи бизниси кои ја градат вредноста на дестинацијата.

Текстот може да го прочитате на следниот линк:

https://www.rucksack.se/en/spirit-of-prespa-nordmakedonien/?fbclid=PAT01DUASuA9tleHRuA2FlbQIxMABzcnRjBmFwcF9pZA81NjcwNjczNDMzNTI0MjcAAaeuof9ypVQruTsjO0BJPU2D5k7BlwOEuRR0RzM9NXPUBQdjmO8FsX7uj6MM8w_aem_YWdncwMvG6GaGBTcVwMjh95sZM5u

Among the apple trees and plum orchards at Spirit of Prespa, Ana shows how a family farm in North Macedonia has developed into a popular tourist destination.

Продолжен рок за аплицирање!Рокот за аплицирање на јавниот повик за ваучери за дигитализација на сместувачки капацитети,...
15/06/2026

Продолжен рок за аплицирање!

Рокот за аплицирање на јавниот повик за ваучери за дигитализација на сместувачки капацитети, се продолжува до 30.06.2026 година.
Останати се само уште неколку слободни места за поддршка за воведување дигитални решенија.

Апликации и прашања на: [email protected]

Националната Асоцијација за дојдовен туризам - NAITM објавува јавен повик за учество на сместувачки капацитети во Македонија преку аплицирање за добивање на ваучери...

Во услови кога туристичките текови во регионот се менуваат, Македонија има реална можност подобро да се позиционира како...
12/06/2026

Во услови кога туристичките текови во регионот се менуваат, Македонија има реална можност подобро да се позиционира како автентична, безбедна и сè уште недоволно откриена дестинација.

На оваа тема за Bloomberg Adria говорат претседателот на НАИТМ, Влатко Сулев, и потпретседателката на НАИТМ, Симона Димовска, со осврт на потенцијалите, предизвиците и потребата од посистемски пристап кон странските пазари.

Потенцијалот постои, но важно е да се претвори во конкретни резултати преку континуирана промоција, професионална соработка и директни контакти со туристичкиот сектор.

Прочитајте повеќе во текстот:

Сѐ што почна со нарушени рути и поскапа логистика, дополнително ги насочи туристите кон поблиски и поедноставни патувања.

01/06/2026

📢 Повик за ИТ компании

Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија – NAITM, за потребите на своите членки од секторот сместувачки капацитети, бара заинтересирани ИТ компании кои нудат дигитални решенија за хотелско и сместувачко работење.

Бараме компании кои нудат едно или повеќе од следните решенија:

• PMS – Property Management System
• Channel Manager
• Booking Engine за директни онлајн резервации
• интеграција со Google Hotels
• други дигитални решенија за унапредување на работењето, онлајн продажбата и видливоста на сместувачките капацитети

Заинтересираните компании треба да достават:

• тековна состојба / регистрација од Централен регистар
• краток профил на компанијата
• референци за веќе имплементирани решенија од наведените категории
• краток опис на решенијата што ги нудат

Целта е NAITM да обезбеди преглед на релевантни ИТ компании и решенија кои можат да бидат понудени на сместувачките капацитети – членки на асоцијацијата.

Комерцијалните услови, понудите и реализацијата на услугите ќе бидат предмет на директна релација помеѓу ИТ компаниите и заинтересираните сместувачки капацитети.

📩 Документите се доставуваат на: [email protected]

Како една трка може да биде многу повеќе од спортски настан.Prespa Run & Fun е одличен пример како спортот може да созда...
01/06/2026

Како една трка може да биде многу повеќе од спортски настан.
Prespa Run & Fun е одличен пример како спортот може да создаде повод за патување, викенд-престој и поинакво доживување на Преспа.
Ваквите настани ја поврзуваат локалната економија, туризмот, природата и заедницата, а на дестинацијата ѝ даваат поголема видливост и современ туристички имиџ.

Прочитајте повеќе на линкот:

Една трка никогаш не е само трка. На прв поглед, гледаме старт, километри, финиш, медали и резултати. Но, ако ја погледнеме од туристичка перспектива, трката е многу п....

📢 Јавен повик за сместувачки капацитети – ваучери за дигитализацијаНационалната асоцијација за дојдовен туризам на Макед...
01/06/2026

📢 Јавен повик за сместувачки капацитети – ваучери за дигитализација

Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија – НАИТМ објавува јавен повик за сместувачки капацитети во Македонија за добивање ваучери за дигитализација на работењето во 2026 година.
Повикот е наменет за членки на НАИТМ, како и за сместувачки капацитети кои сакаат да станат членки и да аплицираат за поддршка за воведување современи дигитални решенија.
Преку повикот ќе се поддржат инвестиции во решенија како PMS систем, Channel Manager, Booking Engine интегриран со Google Hotels, како и други решенија во согласност со целите на повикот, со цел подобро управување со работењето, зголемена онлајн видливост и унапредување на директната продажба.
Поддршката се доделува преку кофинансирање, а апликациите ќе се разгледуваат по принципот „прв поднел – прв услужен“.

📅 Краен рок за аплицирање: 15.06.2026 година, до 17:00 часот
📩 Апликации и прашања: [email protected]

Деталите за повикот и потребната документација се достапни во јавниот повик на следниот линк:

Националната Асоцијација за дојдовен туризам - NAITM објавува јавен повик за учество на сместувачки капацитети во Македонија преку аплицирање за добивање на ваучери...

Мариово има голем потенцијал за развој на активен, одржлив и зелен туризам.Кањонингот во кањонот на Градешка Река, пешач...
27/05/2026

Мариово има голем потенцијал за развој на активен, одржлив и зелен туризам.

Кањонингот во кањонот на Градешка Река, пешачките и џип тури, локалната храна и автентичните искуства се дел од понудата што може да донесе поголема видливост на регионот и директна поддршка за локалните бизниси.

Во оваа насока, Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, која ја спроведува групацијата Паладиум, ја поддржува „Маунтин солушн“ во развојот на кањонингот како туристички производ, подобрување на безбедносните стандарди и пристап до нови клиенти и пазари.

Повеќе за Мариово како дестинација за активен и одржлив туризам прочитајте на линкот:

ЗЕЛЕНА ДЕСТИНАЦИЈА | Мариово како дестинација за активен и за одржлив туризам - Прочитај повеќе на Економија и Бизнис. Економија и бизнис

18/05/2026

📢 Јавен повик до сместувачките капацитети во Македонија

Националната асоцијација за дојдовен туризам на Македонија (НАИТМ) ги повикува сместувачките капацитети во земјата да станат дел од асоцијацијата и да се вклучат во претстојните активности насочени кон дигитализација, унапредување на деловното работење и зголемување на конкурентноста.
Во рамки на планираните иницијативи, членките на НАИТМ ќе имаат можност да бидат земени предвид за поддршка и ко-финансирање на процесите на дигитална трансформација, со цел полесна имплементација на современи дигитални решенија во работењето.
Ги повикуваме сите заинтересирани сместувачки капацитети кои сакаат активно да работат на унапредување на своето работење и конкурентност, да се приклучат како членови на НАИТМ и да станат дел од заедничките активности насочени кон развој и модернизација на туристичкиот сектор.

📩 За повеќе информации: [email protected]

Address

Vasil Glavinov 7a, 6th Floor
Skopje
1000

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when National Association for Incoming Tourism of Macedonia posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to National Association for Incoming Tourism of Macedonia:

Shortcuts

Share