Здружение за дислексија Ајнштајн

Здружение за дислексија Ајнштајн Ајнштајн е здружение на граѓани кое се стреми да создаде инклузивно општество за сите, особено за лицата со дислексија.

Здружението за дислексија Ајнштајн е непрофитна организација формирана во Декември 2013 година од родители на деца со дислексија и лица со дислексија.

Идејата за формирање на здружението произлезе пред се од недостигот на информации за дислексијата и останатите тешкотии во учењето. Барајќи решение и помош за тешкотиите со читање кај своите деца родителите се соочија со, неинформираност на институ

циите и недоволна стручност кај просветните работници.

Ние постoиме со цел да помогнеме на илјадници лица кои се соочуваат со специфични тешкотии во учењето и истите да ги актуелизираме во нашата држава.

Нашата мисија е:
Мисијата на Ајнштајн е подигање на јавната свест за дислексија и други потешкотии во учењето преку информирање и едукација на наставен и стручен кадар, млади, родители и другите граѓани, соработка со образовните институции и застапување на правата на лицата со дислексија и со други потешкотии во учењето

Нашата визија е:
Креирање инклузивно општество кое ќе има капацитет да ги исполни сите барања и потреби на лицата со специфични потешкотии во учењето.

13/06/2026

Добрата кариера не се гради со совршени одлуки.

Таа се гради со самоспознавање, учење и храброст да го направиш следниот чекор.

SWOT анализата не ти кажува што да бидеш — таа ти помага да донесеш подобри одлуки за тоа каде сакаш да стигнеш.

🌟 Започни денес на www.cskill.eu

11/06/2026

Не можеш да ги контролираш сите предизвици — но можеш да се подготвиш за нив.

Кога однапред ги препознаваш потенцијалните пречки, носиш подобри одлуки и градиш поцврст план за иднината.

🎯 SWOT анализата ти помага да бидеш подготвен, а не изненаден.

Пробај ја на www.cskill.eu

10/06/2026

Денес учениците заминаа на летен респуст ☀️
Многу од нив со нов список лектири за следната година кои треба да ги прочитаат. Некои со радост ќе нурнат во светот на литературата. Некои ќе преговараат дома, но сепак ќе седнат и ќе прочитаат. Но за некои од нив, ова е најголемиот страв и товар што го носи летото.

За колку деца читањето претставува предизвик? Колку од нив навистина читаат со леснотија и разбирање? За ова свидетелствата и оценките не се доволно мерило.

Не можеме да планираме ефективни образовни политики, навремена поддршка и соодветни интервенции без да знаеме со што навистина се соочуваат нашите ученици. Зад секоја непрочитана книга, ниска оценка или избегната задача може да стои дете кое се бори повеќе отколку што можеме да видиме.

Податоците не се само бројки. Тие се основа за препознавање, разбирање и создавање подобар образовен систем за секое дете.

Истражувањето кое ќе ни даде веродостојни податоци не е избор, туку одговорност кон секое дете што учи тивко, зборува гласно или се крие во последната клупа.

09/06/2026

Можностите не секогаш доаѓаат сами — треба да знаеш како да ги препознаеш.

Нова обука, практикантство, волонтерско искуство или тренд на пазарот на труд може да биде токму чекорот што ќе ја отвори следната врата во твојата кариера.

🚀 Истражи ги можностите околу себе со SWOT алатката на www.cskill.eu

07/06/2026

Растот започнува со искреност кон себе.

Препознавањето на областите што сакаш да ги подобриш не е знак на слабост — тоа е првиот чекор кон напредок.

📈 Претвори ги предизвиците во можности за развој со SWOT алатката на www.cskill.eu

05/06/2026

Секој човек има силни страни — прашањето е дали ги препознава.

Кога знаеш во што си добар, полесно носиш одлуки, градиш самодоверба и избираш насока што ти одговара.

✨ Откриј ги своите силни страни со SWOT алатката на www.cskill.eu

03/06/2026

Не знаеш од каде да започнеш кога размислуваш за својата кариера?

Понекогаш најдобрите одговори не се надвор од нас, туку во подоброто разбирање на самите себе. SWOT анализата е едноставна, но моќна алатка која ти помага да ги препознаеш своите предности, предизвици и идни можности.

🧠 Истражи ја алатката на www.cskill.eu и направи го првиот чекор кон појасна кариерна насока.

Денес, заедно со градоначалничката на  Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска   и заменик-министерот за социјалн...
19/05/2026

Денес, заедно со градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски , официјално го отворивме Едукативно-терапевтскиот центар „АЈНШТАЈН“ ❤️

Ова не е само отворање на центар.
Ова е резултат на повеќе од една деценија борба, работа, застапување и верба дека и во нашата држава децата и семејствата заслужуваат современа, стручна и достапна поддршка.

Центарот ќе обезбедува индивидуализирана поддршка за деца со развојни предизвици, говорно-јазични тешкотии и специфични тешкотии во учењето.
Во Центарот ќе се реализираат:
🔹 логопедски третмани
🔹 дефектолошки третмани
🔹 индивидуални планови за работа
🔹 поддршка за родители и семејства
🔹 Специјализирани третмани за специфични тешкотии во учењето

Центарот е воспоставен во рамки на проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерство за труд и социјална политика , со поддршка од Светска банка. Се грижиме - ППСУ / Kujdesemi - PPSS

После години борба за подигнување на свеста и создавање реална поддршка за овие деца, денес конечно отвораме простор кој ќе значи нова можност за многу семејства. ❤️

#Ајнштајн #СЕГРИЖИМЕ #Инклузија #КиселаВода #Дислексија #Логопед #Дефектолог
#МинистерствоСоцијалнаПолитикаДемографијаМлади

18/05/2026

Самодовербата не се појавува сама.
Таа се гради — чекор по чекор, со поддршка, разбирање и мали победи.
Малите успеси создаваат големи промени.
✨ Токму така започнува секоја успешна приказна

17/05/2026

Никој не успева сам.
Поддршката од наставник, родител, ментор или советник може да промени цел животен правец.
Понекогаш е доволна една личност што ќе поверува.
🤝 Биди таа поддршка.
🌐 www.cskill.eu

Address

Skopje

Opening Hours

Monday 09:00 - 17:00
Tuesday 09:00 - 17:00
Wednesday 09:00 - 17:00
Thursday 09:00 - 17:00
Friday 09:00 - 17:00
Saturday 09:00 - 17:00

Telephone

+38978296885

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Здружение за дислексија Ајнштајн posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Organization

Send a message to Здружение за дислексија Ајнштајн:

Share