14/05/2026
На покана на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, претставници на Македонско лекарско друштво присуствуваа на отворањето на Народната канцеларија — простор кој ќе биде отворен и за младите лекари, како место за дискусија, состаноци и едукативни обуки насочени кон развој и унапредување на здравствениот систем.
Оваа иницијатива претставува значаен чекор кон поттикнување на дијалогот, соработката и активното вклучување на младите професионалци во креирањето на иднината на здравството.